Евровизија 2012

Дискусија во 'Музика' започната од Vikica.cuci, 1 март 2012.

  1. Melany.Macedonia

    Melany.Macedonia Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    67
    Незнам што се случува ама ни тргна со спортот и мислам дека и со музикава, имам некое чудно чуство ми се чини дека ќе победиме, а ако не сигурно ќе сме во првите 5 земји.
    Чудно предчуство :)
     
    На MandyLane му/ѝ се допаѓа ова.
  2. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.130
    Пол:
    Женски
    Како да се изразам без да биде патетично не знам, ама се буди некоја национална жичка кога гледа народот како нешто наше успева пошироко од Балканот.
    Лично, имам многу надежи за песнава, поготово затоа што мислам дека нема вокал на Евровизијава што може да ја натпее наша Калиопи. Во ова сум убедена 100%.
    Не само што сакам, туку и очекувам дека добро ќе се пласираме, ако одиме од фактот што е натпревар за песна, а не докажување која земја може покичерајски настап да извади. Плус, како што гледам, песнава собрала доста позитивни критики и симпатии.
    Вечер ќе навивам, секако. Па дај Боже, да има и причина за славење! :)
     
    На Buttterfly, LilBaby, FortuneTeller.xD и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. stefigirl

    stefigirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    124
    Од 9 вечер или од 8?
     
  4. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
    9 часот на МТВ.
     
  5. Miss-Angie92

    Miss-Angie92 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2011
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Од 9 :)

    Едвај чекам! Напред КАЛИОПИ :)
     
  6. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.499
    Прво место реално да гледаме на работите, со сигурност нема да освоиме, иако би било супер да се деси тоа. Додека шансите да освоиме добро место, односно највисок пласман досега ни се големи.
    Прво не кочат многу работи. Почнувајќи од песната на Шведска која колку и да е исфорсирана, се' уште се наоѓа на позиција 1 за победа, според кладилници и што ти знам јас што друго.
    Не можеме да бидеме сигурни за многу работи, во последен момент може се' да се испреврти.

    И уште еднаш ќе се повторам, со среќа нека и е на Калиопи вечер. Нормално ја има нашата поддршка, верувам дека ќе биде одлична како и што беше во втората полу-финална вечер. Наше е да и посакаме среќа и да ја бодриме, а останатото ќе си каже само за себе. И немојте да зборите дека во евровизија нема политика. Гласовите што се даваат од земја на земја, што да не се чисто поради добро соседски односи? Не, туку чиста политика. Нашава песна колку и да е добра, јас сум прилично сигурна дека Грција нема да ни даде поени, или евентуално ако се решат на тоа ќе бидат минимални еден или два поени.
    Истото важи и за нас.
     
  7. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    ^ И кога би биле во ситуација да сме меѓу првите соседите од Атина никогаш не би ни дале ни 1 поен, ама многу ќе се изнервирам вечерва ако видам дека сме им дале макар само 1 поен.
    Чекам 12ка од Србија се надевам нема да се разочарам
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  8. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.499
    И јас очекувам од Србија 12-ка. Да се разбие монотонија, четири години ни немаат дадено. :rofl:
     
  9. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Е сега се мислам за другите соседи јас,Босна Хрватска и Бугарија ама по се изгледа дека нивните 12ки ќе отидат кај Србија, Бугарија се продадени души, ќе им залепат на Атинците 12че
    и неможам да го гледам очајното разменување на 12ки Кипар = Атина,е тоа е монотонија.
    Е за Албанија незнам колку ќе ни дадат мене тоа ме интересира
     
  10. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.616
    Се знае ли кој ќе биде презентер на поените од кај нас?
    Уф, се надевам искрено на Боки13 или Гулабица. Во најмала рака.
    :D
     
    На Maxymous му/ѝ се допаѓа ова.
  11. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Каква Тренди си ти еј :D :D :D
    Ако победи Калиопи ќе собираме потписи за следната година да не претставува Гулабица
    шала на страна,може ќе биде некој од претходните претставници на Евровизија или некој од Мтв
     
  12. N.Kety

    N.Kety Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    1.219
    Допаѓања:
    1.764
    PREKRASNA E KALIOPII SEKOJA I CEST...DURI I ITALIJANCITE GLASAAT ZA NEA..MI KAZA EDNA KOLESKA..NEJZINIOT KRUG NA SEMEJSTVO GLASALE ZA KALIOPII :) :) :) SE NADEVAM DEKA KE USPEE DA STIGNE DO NEKOE PODOBRO MESTO VECERVA.
     
  13. SlAtKi4ka.SlAtKi4ka

    SlAtKi4ka.SlAtKi4ka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2011
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    313
    Пол:
    Женски
    Είναι καλοί άνθρωποι! Και το καλύτερο γείτονες!

    They are good people! And the best neighbors!


    Го видовте ли воа еве линк првиот коментар
    http://www.youtube.com/user/Greekepirus/feed?filter=2

    леле ако го фанат главата че му летне :D :D
     
  14. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.023
    Ова се чисто Македонци кој живеат во Грција , правите грци никад нема ова да го пишат :D
     
  15. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    723
    Секоја чест Калиопи! Се радувам за неа и за сите тие радости што ни ги донесе влегувајќи во финалето. Жена со моќен глас и моќна песна, една од подобрите низ нашата музичка историја на Евровизија. Ама нема да заборавам колку само беше изревотирана кога не беше избрана да ја претставува нашата земја на Евровизија и викаше дека веќе нема ни да учествува на ваквите избори ама види ја сега :D . Тоа не е ни битно воопшто, мило ми е што влеговме во финале, ама многу не очекувам. Сепак Евровизијава е многу политички поврзана, а кој ја сака малава Македонија :D . Би била екстремно радосна да влеземе во топ десет или по некоја случајност да победиме ама се плашам дека тоа нема да се случи, пред се заради гадниве политики.
     
  16. SaIvnjaann

    SaIvnjaann Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2011
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    458
    Да гледаме малце реално, колку ние и да сакаме да победиме нема тоа да се случи 100 % сум сигурна. Шесто, седмо или осмо место ќе освоиме, мислам Дај Боже и до таму да стигнеме ќе биде успех. Би сакала Србија или Шведска да победат , имаат стварно многу добри песни :) А и Калиопи испеа добро,нежно и со многу емоции :up: . Да се надеваме дека соседиве ќе ни дадат поени, па зошто да не и другите. Со среќа Калиопи, Македонија е со тебе!! :l: :rock:
     
  17. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.803
    Пол:
    Женски
    Шведска има убава песна, ама пејачката (нека ми прости Господ) како да е некоја избегана од центар за рехабилитација на зависници од дрога...мислам колку богата земја е Шведска, можеле барем малку да ја дотераат да заличи на нешто. Ако не им е толкав приоритет Евровизија (што чисто сумњам како што е земја со најмногу победи на истата), нека не праќаат претставници, просто и едноставно и нека ги вложат тие пари во други, покорисни работи. Додуша што знаеш, може баш аутфитов од Швеѓанката е нешо посебно скап, али тоа е, со пари може да се купи гардероба, но не и вкус.

    Швабецот шо ќе пее вечер нема лоша песна...а и не е многу грд...

    Италија - премногу пријатно изненадување. Мислев ќе одат со некоја Сан Ремо шема.

    Една замерка до скоро 80% од пејачиве. Значи нема само копија-песни оваа година, туку и апла копија изведувачи (клончиња на U2, Coldplay, Mariah Carey-Азербејџанката де, ќе видите вечер, Италијанката премногу потсетува во стил и пеење на Amy Winehouse и тн.) Малку оригиналност не е на одмет. Ние барем го имавме тоа. Едноставни, но свои.
     
  18. theAristoCat

    theAristoCat Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    384
    Пол:
    Женски
    сосема се согласувам!
    на почетокот на песната како да мумла не како да пее.
    а и песната е преисфорсирана веќе, досадна стана. :)
     
  19. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.470
    Heмој само Eлена пак да ја стават да дели поени, кој ќе ја слуша пак дека била на Eуровизија |( :lol: па дури и ќе си запее момето, Hинанајна :D да се сети Eвропа на песната :D
     
    На Breezy, LilBaby, Trendafilka и 2 други им се допаѓа ова.
  20. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.803
    Пол:
    Женски
    Првпат така коа направи, нз дали се сеќаваш ама водителиве само си заќутаа :lol: демек „не се сеќавам, кое беше ти дете?“ :lol:
     
    На LilBaby и ludoto19 им се допаѓа ова.