Kолку што можев да разберам грков што коментира, вика која е песнава што Eлена ја пее, после рече дека Eлена е убава нешто у тој фазон
^ Пуста Нинанајна, мерак и беше да се пофали. И на крај Молитва ја запеа, желба пуста за пеење бре бре! Туку вечер позитивни мисли имаме гледам, се бориме за најгледан клип на youtube, дај Боже да се бориме за првите места во финале, луѓево нека не типкаат само на тастатура нека гласаат за нас вечер, од соседиве Србија, Албанија и Бугарија па и Хрватска и Босна треба да пуштат едно 10-12 бода, Словенија ќе ни даде нешто, Романија нешто ситно, Грикос некогаш едвај 2 бода даваат, сега ни тоа, Кипар сложни браќа исто така, да се надеваме на дијаспората и на овие јутјубериве. Вечер сум и за Молдавија и Турција, симпатични песни. Србија така-така, песната ми е ок, а Жељко невиден антипатикус, никогаш не пеел со чувства нема ни да пее, ја пак мрзам такво сувопарно пеење ко неговото излезено ко од студио, ништо додадено и одземено, досаден е! Погодете ние на кого ќе дадеме 12ка! Албанија секако! Ко сложни браќа Кипар и Грција, и ние многу си се сакаме. Интересно ми е гласањето увек, на памет научив кој на кого дели гласови меѓу соседите. Е сега, заприметите кога првата земја ќе почне да дава 12ка на некоја земја, ќе се заредат сите по неа, па негде до средина ќе се изедначат со некоја друга земја, ќе се јадат до крај, и на крај нијанси ќе одлучат. Само годинава нема многу квалитетни песни, па ништо чудно една песна убедливо да победи.
Вечер Гулабица ќе ги чита поените од Скопје, а и ќе ја запее „Нека грмат громови“ за да пушти абер за громогласен аплауз Гоу Вале, гоу
Jас мислам или лена(само да не пее ќе ве молам) ,или Oрхидеја да ја турат, нека види светот убавина малце ќе ве молам
Само се надевам вечер оној кој ќе дели поени од кај нас, нема да се труди да делува интересно, нема да се глупира, туку ќе си каже набрзина што има и ајде пријатно...
До пред некој ден повеќето ја ругаа песната наша за Евровизија,а воедно и Калиопи,и ,,немаше шанси'' да влеземе во финале, а пак денес сите се удираат во гради и се гордеат со неа...тоа ти е...секогаш така било,а за жал така и ќе биде...освен ако не се подигне малку свеста на луѓето,да ги поддржуваат нашите претставници надвор од држава од било која област уште од самиот почеток,а не кога други држави ќе потврдат дека е квалитет па дури тогаш сите да ги дигаат главите со гордост.Треба поддршка и кога има успех ама и кога нема успех. Браво за Калиопи и посакувам успех!
Песнава на Sweden,не е ништо посебно. Како веќе видено ми личи. Многу лесна песничка-не ме воодушеви.Не ни ме остави без зборови. Интересна е Лорен,ама не е за победа. Мое мислење !! http://www.youtube.com/watch?v=RrUrHPcrepA
Koritsaki гласај ти по 5-6 пати за Калиопи од сите телефони на домашните, за инает да имаме поени и од Грците
Слушнав, дека од кај нас.. Нема само пубилката да гласа, него и стучно жири. Демек да било пола-пола. Знае некој нешто повеќе?
Луѓеее, првпат после толку години ќе го гледам финалето со интерес и возбуда. И мислам дека оваа година имаме најдобри шанси за висок пласман. Калиопи има се што е потребно-моќен глас, одлична песна, самодоверба на сцена... Веќе 2 дена ми е на repeat постојано, неможам да и се изнаслушам. Уште малку да не послужи среќата вечер, и овие поддржувачите од youtube да гласаат што повеќе. Едвај чекам да дојде 9 саат... Напред Калиопи!
Потсеќа на нешто веќе чуено, ама многу ми се допаѓа: http://www.youtube.com/watch?v=EchSvC5rJ6I И Турчинчево е супер: http://www.youtube.com/watch?v=J1viLmPC ... re=related Од толку дијаспора, Германија ќе им даде 12ка на Турција, дури 8 мил. Турци живеат во Германија машала. Само Бетменсково малце заебава.
Hегде читав оваа швеѓанката била зависник не знам на што, ама се знае нели , била на лечење,ама очигледно не се долечила плус и расиста била, не сакала црнец у група, а на крај краева ни таа не е швеѓанка