Дури сме кај „мапите, и нелогичните учесници од арапските земји...“ , јас сепак мислам треба и Америка да си ги земиме да пеат. Ако не за друго барем децкиот сон ке ми се оствари, Америка на Евросонг да ги гледам (информативно: Од 1999 до 2008 прашвав „Мамо, а кога ке пеј Америка?“ )
Не зборам за песна јас, песните си се океј, на место, зборам за глас, крш глас има според мене. http://www.youtube.com/watch?v=ZJhkYek7N6M Многу бледо и немоќно, баш слушај го и после слушај ја Марија, не се ставаат во иста реченица. Буквална компаријација за глас и не глас! А за русите имам цела терија и никој неможе да ми ја разбие дека не е вистина, се ќе напраат само да се број 1 во се.
Епа ако е за тоа, изборов треба да се преименува: Музички избор за Европјани и за оние кои се чувствуваат така
Се’ ќе направат што дури и баби од 70 години испратиле на Евровизија. Глупости. На Дима Билан гласот не му е којзнае што, ама песните се едни од најубавите некогаш на Евровизија испеани и најмногу слушани, според мене.
Па добро не е Роби Вилијамс ама сепак има солиден глас според мене, барем на Евровизија како испеа ми се допадна. Браво за Калиопи инаку
Фала богу за вкус се работи, јас не рков дека песните не се убави, мене дури таа што не победи Never Let You Go, многу ми се свијаше, дури повеќе и од Believe, а од Лорди и те како повеќе. Според мене една од поубави песни на Евровија ако не е најубава http://www.youtube.com/watch?v=fd3a189vcVc Оваа година која и да победи ќе биде брзо заборавена, па и Швеѓанкава без очиве не е ништо посебно убава песна, онака поминува
Стварно не знам зашто Шведска е фаворит, кога песната е типично електронско срање, а пејачката супер што има глас само може требала да си пее на сопствен јазик, а не на англиски па ние обичните смртници да бевме усреќени ако разбереме еден збор. Премногу е форсирана од самиот старт не е интересно. Жељко не сакам ни да го коментирам. Албанија... Реално гледано со најдобри гласовни способности е нашата Калиопи, песната е сосема солидна, за победа нормално дека не се надеваме бидејќи овде не се бира музика, овде се зацврстуваат или распаѓаат политички врски. Реално ако гледаме треба да е во топ 5.
Мене Швеѓанкава Лорен на некој психопат и тежок зависник од дрога ме потсеќа уште кога ја видов за првпат, а и настапот и беше таков. Дури и ме плаши.
е ајде јас со ред сите земји од финалето ќе ги искоментирам 1. Велика Британија еве уште еден постар човек покрај бабичките. добра е песната, немам замерки. 2. Унгарија Мелодијата ми звучи позната,а и песната не е никако за победа. 3. Албанија Ауу значи НЕ и НЕ. Рона не пее, туку вриска! За вечер тампони ќе си набавам. 4. Литванија Ама е сладоок типоот ама песната ми е просечна. 5. Босна Натинг спешл, убава балада. 6. Русија Ууу лепотици мои! Најјаки ми се, секоја чест! Би сакала да победат. 7. Исланд Е овие многу ми се допаѓаат. Моќна балада 8. Кипар И оваа мелодијата ми е веќе позната. Морам да ја искоментирам типката, поголема муцка во живот не сум видела. страшило 9. Франција МНОГУ МНОГУ ДОБРА! Нон-стоп си ја слушам. 10. Италија Е ако победи, ич нема да ми е жал! Супер песничка, баш е певлива 11. Естонија што и да кажам ќе е премалку и за изведбата и за целата песна воопшто 12. Норвешка Ми беше фаворит ама многу геј движења прави. А и на полуфинале не пееше добро 13. Азербеџан Ја немам чуено 14. Романија Повеќе ми е за по клубови и плажи, него за на Евровизија. Ама добра е :up: 15. Данска Кога ја слушнав прв пат многу светски ми звучеше! Преубава песна со уште поубав текст. 16. Грција Афродизиак,манијак.. блабла.. да не и беше допичњакот(се извинувам на речник) немаше да влезе. А и Грциве секоја година грчки мелос праќаат па песниве слични им се. 17. Шведска Преисфорсирана ми е веќе. Сеедно ми е дали ќе победи или не.. ама убава е! 18. Турција Искрено, ме разочара Џан на полуфиналето. Се изгуби со гласот. А и повеќе би сакала Турците да си пеат на турски и да пратат песна ко онаа на Хадисе пред неколку години ДУМ ТЕК ТЕК. 19. Шпанија досадна малу, немам некое посебно мислење. 20. Германија песната ми остави впечаток уште првиот пат кога ја слушнав! Супер е. 21. Малта Многу ми е мило што влезе во финале. Јас си мислев дека нема кој да гласа за Малта, ама ете.. Интересна песна иначе. 22. Македонијааа ПА НАЈДОБРИ СМЕ СЕКАКО!! ОПИ НАША НАЈМОЌЕН ВОКАЛ НА ЦЕЛА ЕВРОВИЗИЈА! 23. Ирска Овие ми се луди Супер ми се, ги сакам уште од минатата година 24. Србија Жељо наш.. ако не друго барем топ 3. 25. Украина НЕ!ЧАО 26. Молдавија и оваа НЕ. извинете за долгиот пост
Е и мене не ми е јасно, Зошто албанија и грција погоре во табелата имаат толку високи шанси за победа? Ако Албанија котира високо е тогаш истото можам и да го кажам за грците,едно исто секоја година праќаат А таа што ќе ги презентира гласовите мислам дека имаше или уште има емисија на Мтв како во магла ми е
http://www.youtube.com/watch?v=jeoeHsUWOsc => Шо пропушти Шведска да пушти на Евровизија. Овај е еден од најпознатите шведски бендој, со преголема фан база низ цела европа.... али НЕ ! Тие мораја мајмункава да ја пушат
Со земјиве кои можат да учествуваат се развелече многу, па еве да објаснам: Значи, на ESC можат да учествуваат сите земји што се наоѓаат во европскиот радио-дифузен простор. Тука спаѓаат сите земји од Европа, Северна Африка и Блискиот исток. Од Европа повеќето учествуваат повеќето земји а од останативе само Израел :geek: Кажете што сум паметен п.с. Годинава како што стана геријатриска Евровизија идната година може да оди и Ватикан со папата
Па и тоа е дрога, само легална Ај ем скеееееерд. Оваа тутурутка и да победи нема да знае да се израдува ко човек, УАААААА! Ич нејќам да победи, а песнава може да биде техно-хит по дискотеки и транс журки за пијани и надрогирани фаци што ќе ја вртат 24/7, ама не евровизиски. И мене ми е убава, ама не за победник бе. Е за инат да не победи!
И јас сум паталец, не се секирај, посебно местенки има со малите коефициенти, ама ќе видиме вечер... си лупнав ливче на македонче