Мене ме чуди како може ние секад по некој бод на Грција да и даваме Они нас во животот еден скапан бод не се ни дале, ние како муи без глави сме.
Е да, имаше многу подобри песни тогаш, сега со просечна песна отидовме, а најубава испадна за разлика од другите. Камо да бидеме во првите, ама мене некако не ми е верно... Да се надеваме дека грешам
Калиопи пак ли со истиот аутфит ќе биде ? Леле ич не сакам така на фестивали, кога две вечери во исто пеат. Можат бе нешто друго да облечат, парите ли им се кусо. Имаат ден претходно да скоцкаат нешто. Глупо ми е сега ја очекувам и знам од глава до пети како ќе се појави.
Морее, види ова Баку... Па, па, па... Јас се заебавав, вака така, шатори, чадори, ова луксузи бате. Нафта имале бе.
^Их па ти, одма се вреѓаш. Ама стварно убаво почна, огномет, едно друго, ме бендиса тоа погледот одозгора, уф. Јас одам да се струполам врз креветот, ќе коментирам на крај. Ако не заспијам од што е интересно.
Кај извлече па и Калиопи 22, кој ќе ја чека Плус првите песни повеќе се паметат, мене барем после ми се здосадува секогаш
Колку ми се шармантни и двете водителки Не се некоја вонсериска убавина, ама се многу пријатни за слушање и гледање.