На почетокот се приметуваше, после ептен се собра. Лелеее цел настап морници имав. Браво! Браво! Браво! Со стил отепано, прекрасна е!
И мене исто..некако некои мелодиски линии (така да ги наречам) ги смени некако... али нема везе, пак беше одлична!! браво ОПИ!!!!
Браво Калиопи убав настап. Морници ме пролазија. Инаку еве ми ги браќата. Доста позитивни и интересни ми се
Јас мислам дека е за нијанса помоќна вечерва. Се гледаше дека сака да развали, и си развали жената, а и косата и ја спласнале, 100% читала на форумов критики! Ежење беше настапов!
Послушала ме. Вечерва Вистина пееше, не истина како во полуфинале. Мене ми беше одлична. Браво, браво.
Значи годинава појак глас од Калиопи нема. Ама штета што најбитното некако никој не го става во преден план
Подобра беше првата вечер некако ... Ама како и да е ги растури !!!!! Најако е што песната на почеток делува како балада, си мислиш дека цело време ќе завива и на 1:13 буууууум пресврт !! Моќно, многу моќно
ААа супер си испеа жената, секоја чест. И јас приметив дека има трема, па ај да нема. Не е малку пред толку луѓе да пееш. Затоа бабине на инфузија завршиле. Требало и на Опи едно кетоналче да и дадат, шеќерче. Се ќе и било рамно после. Овие се излишни за коментар, не си ги арчам копчињава.