Може, ама ја поише сум за Вучич да го пратиме, башка човекот се испромивира низ Турција, па загарантирана 12 ќе имаме од Турција.
Фалати шведски мајмуне шо победи, кладбата да ја добијам...а сега комотно можиш микрофонот в’газ да си го напикаш. За Опи искрено жал ми е шо не зеде повисоко место, стварно заслужи, али европа сака сеир да гледа Иначе јас сепак мислам најпаметно ке е да се повлечиме од циркузов, оти ние за овде џабе пари трошиме....се е то политика. А дур има политика НИШТО НЕМА ДА БИДИ КАКО ШО ТРЕБА.
Опи заслужи многу повисок пласман, Швеѓанкава победи што победи, ама ипак бевме многу подобри од Албанија и Србија на пример. Штета. Не верувам дека некогаш во иднина ќе имаме подобра песна и настап.
Ај да се одјавам од темава достоинствено и свечено. Ви благодарам на сите што учествувавте во темава, што ме смеевте 4 дена, што ги подржававте моите коментари со по едно `ми се допаѓа`, што се дружевме, дечкооооо се дружевме. Не стварно, колут напред, и влагам сега на книгата да ја решам. Тапа Евровизија, и ланската и оваа ми беа boring. Здравје догодина, би сакала Влатче да отиде. Ајт поздрав.
веќе не е интересно да се гледаат вакви настани...премногу беше очигледно дека се е политика..секој си гласа за своите соседи(со исклучок на Македонија и Грција хахах ) ама мораме да си признаеме дека сепак е мило тоа што имавме подобар пласман од Грција
Што ида е....успеавме да влеземе во финале, сме пред Грција, сме во прва половина....и најважно од се знаеме и свесни сме колку јака песна имавме .... а тоа што немаме многу соседи кои би гласале за нас тоае друга работа Браво Калиопи
Што песна беше таа на Албанија бре?Не,озбилно,баш ме интересира јас се што разбрав е дека девојката очајно бараше чааааааааааааааааааааааааааааааајјјјјјјјјј
И со Елена Ристеска бевме 12то место ама 56 поена ,сега имаме повеќе А онаа од Албанија кај грда на фаца, ма не грда СТРАШНА , па и грда песна и на неа секоја втора земја и даваше поени
Ауу добра идеја,Боки да го пратиме па да видат дека и Македонија може да се понаша како забеганиве баби,и така ништо нема да направиме бидејки има политика,а со политиката не се може!!
заборавив... не беше лоша песната на Шведска, ама имаше и подобри..Норвешка, толку малку поени..не ми се верува, а убава беше песната
Е сега кој и да пуштат ми се чини нема да стигни до нигде Едино Каролина ако оди пак,ако има убава песна,иначе на ништо не се надевам.. Мене повеќе песни ми се допаѓаа па ќе си ги слушам на компјутер И мило ми е шо сме пред Грција! Да,и јас се одјавувам од темава,ме изнасмеавте,фала ви,многу коментари има за во смешни мислења овде Каринааааааааааа ! Од оваа кошмари имав порано! Кај ја постира!