а јас сум разочарана што Македонија на Босна не и даде бар 8 поена, јас не видов дека ние на таа држава што ни даде чиста 12-ка и дадовме некој поен?
Порано беше подобро кога песните не беа толку исфорсирани, па прв пат ги слушаш вечерта. Имаше поголеми борби за првото место. Последниве неколку години е очигледно, затоа е тапа. И нели ради гласањето.
Нее бре....таа слушнала дека Калиопи пее: заигра боса расчешлај коса,дигни го тоа тело вретено.... И оваа си вика аааа ете ја тајаната на успехот па така и ја зема победата на калиопи, боса,неисчешлана разиграна
Да не ве потсеќа ова на нешто? Лорин ми беше апсолутен фаворит од почетокот и најѕверска песна имаше. Многу од тоа се должи што песната беше хит по дискотеки и радио-станици, а од друга страна па жално е што се испромовира на настан како Евровизија. Како и да е, алал да им е на иселениците од Албанија, најзаслужни се. www.youtube.com/watch?feature=player_em ... iQIiUMATsg
Не е фер. Нас официјално не пишува дека сме завршиле 13то место. Битно е Грците се на 17то место... Курааа ни завршиле 6ти
Значи реков секакви шитови сме праќале, а не дека шит ќе пратиме. Јас многу ги поштувам и едните и другите заради оригиналноста, башка што се увек темпераменти и поразлични и ќе направат бум, како Лорди пред некоја година. Ќе остават впечаток и може да добиеме некој глас плус и од некои други освен соседиве. И без скокање одма, читај подобро.
О па ти тоа многу двомислено, ама нема врска секој има право на свое мислење и скокање Супер, супер беше па било кец или не. Кога ќе почнеш од Мандинга ќе завршиш до Еуфорија и шо ти знам јас кои за расположение на нивоу
Мене ми се допадна победничката песна. Баш ми е со светски ритам, и верувам дека ќе остане хит. Инаку, нема што да се чудиме што и дадовме 12ка на Албанката. Цела западна Македонија врие од Албанци, и они си гласаат за нивната. Сепак, си останува Елена Ристевска со нејзиното најдобро 12то место на Евросонг за нас
Ништо...повеќе среќа другиот пат. Што е тука е... Инаку победничкава катастрофа, ај можеби од парите што ќе ги добие ќе и се најде нешто за да се потшиша малку.
Фризерот на Калиопи сигурно ја прочитал Трендафилка кога кажа за косата да и стават маска да и ја замазнат, спласнат да не и биде ко метла и ете, пуф! Инаку баш добри песни имаше, оваа победи бе ОВАА. Ич нејќев и ептен предвидено, 107 поени им бегаше на бабушките. Албанија во топ 5, оу мај, сегде ги има низ Европа и светов. Уште еднаш се докажа дека сите гласови се на ти го - дај ми го политика. Србите од сите си собраа поенчиња, да беше фер ќе бевме рамо до рамо со нив, ама не е. Ич не е фер што гледачите гласаат и тука е бројот на населението и нивната заинтересираност да гласаат пресуден, а ние кутри... 13то место. Елена останува најголем наш успех, НОТ. За едно се радувам: пред Грците сме! Водителката ги нарече Атина секоја чест, ѕверка!