Баш би сакала да слушнам како би изгледала песна напишана и аранжирана од нас феминките Тоа има да биде хит,хитова..со толку стручњаци,мислам нема да има утка..ај наредна година здравје Не постои таква песна..ако не се лажам Боки 13 пееше со Биг Мама и Ферус..песната се викаше ,,Ма дај,,
Мала шега на сметка на Империја песната за евровизија „Империја мизерија, во млекото бактерија, иако сме дембелија државата не сери ја, имам слаба батерија на сони-ериксон експерија! Квиз за турска серија, фудбалери од Нигерија, главата испери ја кога ставаш ламперија!“ AAAAAAAAAAAAAAAAAAAAХАХАХАХАХАХАХАХАХААХАХ
Aaaa, Мамасита сега стварно е бааѓи стопена, јас сум у тек со тоа Него, јас мислам дека работава без Ферус не ја бива. Ќе видите има да го турат и него со саксофонот кога ќе настапуваме ние, нешто као хајлајт на вечерта би му дошло тоа. Таман делот кога Есма го влече тоа циганското АаААААААААААААААААаааааааааа за време на рефренот, Ферус тука се појавува со дувалото измеѓу некои космички прашини и задушени светла.
Eсма во 2006 имаше песна за на Eвровизија,но не со боки 13 туку со Aдријан гаџа http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... tVI5oiwhxI
Пред некој ден, мислам четвртокот беше, на бекстејџ ги имаше Есма и оној (нз како се викаше) и уште од самото име ме стана малце чудно “Империја“, сериозно ме асоцира на Величествениот, во тој момент ми текна на Величествениот..И викам чекај да ја слушнам таа Империја шо песна е, и само мислам се “ОМГ Кој знае колку е убава песнатааАААааа“ ја дослушав..Луѓе, не ми се веруваше со каква песна ке не претставуват на Евровизија..Подобро јас и некој Трајко или Петко со “Грнала Донка штрафцигер“ отколку оваа “Империја“ ОМГ.. КАТАСТРОФА!! Кога го слушнав текстот Империјаа, империјаааааааааа музика царува на земјата.. Чекај малце, овие смислија песна за на каква Евровизија?? За на онаа за деца?? Мош да ги смешале текстовите.. Ама па кога ке размислам, овие циганиве ке гласат за Есма ии ке пропејат и тие за инперијата..
Секој има свој вкус, ама луѓе не бидете такви наше си made in macedonia. Кога самите си се "плукаме" и кудиме другите не фалат, па еве неколку коментари за песната од оваа страна http://www.eurovision.tv/page/news?id=p ... _macedonia Спојлер 1.thrainful from Cyprus - hmmmmmm i like it~!!!Good luck Macedonia!! 2.eurofan_mex from Mexico - MASTERS! I'm hoping for Skopje 2014! 3.Norsko from Norway - Macedonia is my favourite so far!!! Best wishes from Norway!!!!! 4.AzerbaijaniTurkk from Azerbaijan - i like this Song good points from Azerbaijan for sure 5.squelle from Belgium - damn love this , it is in my top 10 all ready Секако дека има некои на кои не им се допаѓа песната, има некои кои што се воздржани, сеедно. Мене ми се допаѓа песната посебно на почетокот.
Песната ми е убава само на почетокот. Потоа ми е жива катастрофа, попара, измешани ритами, текстот е за никаде... Очекував многу повеќе, не ми се допаѓа ваква и мислам дека нема далеку да стигниме. Зошто некои велат оставете го текстот, не е битен. Ако ја коментирам песнава, имам право да кажам какво мислење имам и за текстот, не ? Како и да е, им посакувам среќа !
Првичните реакции за нашата песна од евровизиските обожаватели од цела Европа се фантастични. После два дена од објавувањето на песната имаме околу 70 коментари, од кои верувале ние или не, на 90% песната им се допаѓа. Некои ја стават дури и во топ 5. Човек да неможе да се изначуди како е можно странците да не сакаат, а ние самите толку да се мразиме. До кога со нас ќе владее синдромот на само-уништување?
Денес малку ме замисли коментарот на маж ми. Кога му кажав дека спотот е убав, добив реплика “ па на Евровизија се претставува Македонија, а не Скопје 2014 “. Реално навистина е така, иако спотот многу ми се допаѓа, сепак сега мислам дека има многу убавини кои треба да се прикажат. И онака сакаме да привлечеме туризам, да се промовираме, па еве ни шанса, посебно сега кога многу локалитети ни се убаво средени. Од друга страна , сакам и во иднина да го гледам спото, само без тон (ако може де).
До толку ни се пореметени параметрите за објективност и свое мнение, што секој лош коментар одма се сваќа трагично и како напад на Македонија. Јас ќе ви кажам дека тука ни се гледа македонштината. Никогаш не сме биле реални, или сме премногу критични или сме пресубјекитвни. У мода е сеа само да се фали се, јасно ми е, ама неможете да кажете дека песната е убава, ма ни достоја неможам да кажам дека е. Рефренче кое дете од 3то оделени подобро ќе го смисли, спојка на неспоиви пеачи и лош ритам многу лош. Се обидуваат некој нов правец во музиката да смислат ака џипси меџик али ништа нема магично во тоа Општо не само за евровизија, песнава е збир на лош вкус за музика и многу претенциозност. И зашто толку се потпирате на кометарите на странците, не ги преставува нив, нас ќе не преставува. Редно време е да се откажеме од циркузов наречен евровизија, грди пари се фрлаат, ама баш у вода.
Евровизиската песна Империја на Есма и Лозано којашто масовно беше неприфатена од македонската јавност ќе претрпи измени и доработка во однос на текстот и аранжманот. Претставниците остануваат истите, Влатко Лозаноски нема да се откаже од учеството на „Евровизија“ туку ќе стори се за достојно да ја претстави Македонија заедно со Есма Реџепова. Дел од шпекулациите што вчера се појавија во јавноста паѓаат во вода, дознаваме од соопштението на МРТ кое денеска беше испратено до ТВ Пакет. http://tvpaket.com.mk/zabava/1998-2013-03-01-12-30-25
Денеска ми е ептен catchy песнава...од тоа што се сеќавам Ми се залепи за мозок вчера како бело влакно за црни панталони, па они колку сакаат нека ја тргаат од јутуб. Какво мењање песна?! Какво откажување?! Ќе пеат и оро ќе играт. Инаку прва ќе речам дека на почетокот песната е копија на истиот почеток од арапска песна, за момент мислев и дека ми е пуштена другава во позадина, ама ја нема нели песната на Есма и Влатко па нема смисла да ја постирам арапската за споредба. А може најпаметно беше ни да не спомнувам А знаете што ми текна? Оваа работа со сега ја има, сега ја нема, ја има, па ја нема. Линковите по европските форуми де работат де не, и сите ќе ги заинтересира да ја бараат упорно, и ќе ја снимаат кога ја најдат за да ја преслушаат по неколку пати за да најдат што е толку контрадикторно за да го видеото снемува, и така ќе им се залепи за мозок, нема да можат да дочекаат да ја чујат на денот и да гласаат по најмалку два пати....и готово, се возбудив еј! едит. Лозаноска да си жива и здрава, на тој линк додека ја има ќе си ја попеам