Штом ке има промени,сега Влатко да си ги викне неговите соработници па тие да ја средат песната. Неговите песни се сите хитови,па реално треба неговите соработници да ја доработат песната. Ако му воопшто дозволат на дечкото да направи и да постапи како што сака!
Замерка за спотото имам и една препорака Да се тргнат девојките да не играат. Убаво Lilit си пиша и се согласувам.
Се срамам од песната и од Есма !. Многу по убаво ке беше ако Влатче сам настапува.. http://m.youtube.com/watch?v=jdpPlzS0BPc <-- гледајте колку е јадна... Ми се плаче.. Зошто тоа и го правите на Македонија бе луѓе Се смееа сите на Калиопи не знаела англиски видете ја ова,сега!!!!! И како јаде агххххх да ти се згадииии. Извинете ме ако некој мисли дека грешам ама многу се нервирам морав да се испукам некаде.
Empire Villes работава hock: Жал ми е за Влатче има прекрасен глас кој се гледа не му го искористиле баш најдобро Иначе песнава поглупа неможеше да биди Јас песнава ја сватив како да кажуваат за Империјата на Александар,и со ова пак ќе почнат кавгите со Грција
Воопшто не ми се свиѓа песнава. Емперија...Нема никаква поента, убавина. Жал ми е за Влатко дека има прекрасен глас кој го искомбинирале со гласот на Есма А и зашто не сватат веке еднаш дека со македонска песна никаде нема да стигнат. Нека пеат на англиски АМАН!!!
Лејди ин вајт .. Јас мислам дека може ако песната е убава. Еве на пример како Марија Шерифович победи тогаш? Беше најобично обчеченена амаа имаше убава мелодија.. Не е до јазикот мислам јас
Може да ви кажам дека го отупевте до немајкаде. Есма не знаела англиски! Жената има 70 години, дедовците и бабите ваши што завршиле само 4то одделение или преку сила основно, да не знаат англиски можеби? Само тресете глупости колку да се најдете на муабет, т.е на хејтање. Жената е неписмена, едвај македонскиот го збори, англиски барате од нејзе. Веќе не сте ни интересни, секоја година никој не знае англиски. Па ве гледам вас помладите, уште барате англиски преводи за едни најпрости серии, па очекувате 70 годишна жена да го владее англискиот. По фејсбуци и СиВи-ја, сите се фалите дека владеете минимум 3 јазици, а да ве праша човек муабет да направите, ќе се изгубите во време и простор. И многу паметување не е на арно.
Најинтересно од се е што ги пратам коментарите на неколку видеа на youtube и 99% се позитивни, а башка што во многу видеа на лични фаворити МК ја има обавезно... А да, и си се пресмеав, ама песната од Хрватска се вика Мизерија. Мммда, така да тоа име е зафатено, жал ми е.
постојат разни преведувачи по интернетов а и најверојатно некој ќе ја преведи на англиски песнава (ако никој друг барем гордите створители) значи не се тешете со тоа дека не го разбираат текстот па музиката нешто ќе не вади бла бла, не си мачкајте очи сами себе. А и као гласовите одлучуваат нешто, ме немој да ме ј**еш бре, нели сфаќате дека се тоа однапред се знае, корист има земјата каде што се одржува манифестацијата тоа се огромен број туристи плус со 3 вечерна манифестација оние што ќе одат поминуваат 5 дена најмаку таму, тоа е огромна промоција на државта домаќин. Зашто Дуке Бојаџиев и Лорен со In the air не не' претставуваат предобра е песната светски направена а сепак продуцирана од македонец или било што слично, и да коа веќе збориме за Влатко можеше да си иде со нема ден, нема ноќ а и во глобала има добри песни дечкото не знам зашо сеа вака си плука на се што има постигнато до сеа на цела кариера. Пуштете го слаткар барем ќе им испцуе све живо и диво таму хаха и идете таму зборајте македонски ако сакаата да ве разберат нека си преведат. хел јес
Имаш тема Испукајте се, па таму пукај се колку ти душа сакам, овде не е место за испукување. Империја.. Изгледа си претерала со читање пародии и исмејувања.. - И ти се молам не ми кажувај дека било печатна грешка.. „И“ и „Е“ не се блиску воопшто на тастатурата. И дајте ќе ве молам, ако не ви се допаѓа песната, не мора по 1.000.000 пати да повторувата.. Па гори темава!! Овде сме за да дискутираме за Евровизија 2013 а не да пуштаме пародии.. Ја претеравте, сериозно.. Не знам што ви е целта Боа, Карина инт. по 10 пати пишавте дека не ви се допаѓа песната, ама ај да беше човечки напишано, туку со навреди и исмејувања, жал ви било на Влатче, нека не ви е жал! Влатче нема потреба од вашето жалење, знае што прави човекот... А мислам дека нема да има многу корист од пародиите што ги пишувате (кои воопшто не се интересни) и кои по 2-3 пати се пишуваат се исти, па одозгора одговори „АхахХаАХАХхАХХАХХХХАхАХХАХхАХХАХха“! Ај престанете, зашто вака не оди.. !
Гледам некои поминале на "наша" страна!! Сепак убаво е што песната ќе претрпи промени тоа и го очекував од Влатко!! Мило ми е за позитивните коментари од странците, но лани за Калјопи имаше могу повеќе позитивни коментари, па пак не "изневерија" во финале. Така да јас само од Ромите имам надеж. Ти ќе не спасат!!
Hah Супер.. На страните им е интересна песната баш сега читам коментари навистина 99% се позитивни!! А вие хејтајте колку сакате!!
Ај па и вие што се залажувате со коментариве од странците. Секоја година едни те исти приказни се повторуваат, секогаш ние сме фаворити, супер ни се песните... тра ла ла. Песнава е ѓон и тоа е тоа, ништо и никакви коментари нема да го сменат тоа. Туку, знае ли некој да ми ги каже имињата на "почитуваните" автори на "ремек делово"?