Прво многу ми е мило што се слушна гласот на народот. А за промените се надевам дека навистина ќе бидат успешни останува да чекаме.
Нема да не биди..Секогаш така правиме се бош песни пуштаме со исклучок лани со Калиопи.Според мене прекрасна песна и изведба...Влатко колку песни има прекрасни и кај баш најде Империја..А вслушност што значење има текстот? хелп ми!
Лее, значи ако некогаш мислите дека сте прерасположени и со преголем ентузијазам кој мора да го стабилизирате, одете на јутуб кај некоја грчка евровизиска песна. Леле мајко на секое рипаат ко некои мајмуни...најопседнатиот народ со историја и политика, дефинитивно. Нас не` шијат, ние сме ништо у споредба со нив (секоја чест на исклучоците). Абе доста ми се тие с**ња, „не ни` треба твоето допаѓање на песната, вие Кипар ни` го зедовте“ „Македонија е грчка“ и сл. с**ња. Само се караат со некого кутрите, де Турците не им чинат, де ние. Толку ли немаат самодоверба, па не` осеќаат како закана, да не можеш ни една песна да си ислушаш. Добро луѓе, дајте да слушаме музика! Најозбилнително! Почнаа па и Бугарите. Као демек коментари у стил „лее за која Империја зборите, за фиром ли, ха, ха, ха?“ Полуписмена, ако не разбираш текст на нешто што е 90% слично на твојот јазик, шо да ти речам уште... Текстов јес да не мораше да биде ваков, сите го сфатија тоа, ама препуцавања на национална основа, е тоа веќе. И онака од одамна е познато дека Евровизија е настан (да не речам циркус за пари) во кој музиката е една од споредните работи. Де брее, опуштете се. На времето ни` завидуваа на нас Балканците како знаеме да се забавуваме. Аман!
Песната која Македонија ќе ја претставува на Евросонг оваа година ќе претпри измени и доработка во однос на текстот и аранжманот, одлучи денеска Македонската Радио Телевизија заедно со евровизиските претставници. Оваа одлука дојде како резултат на јасно изнесените ставови и конструктивните сугестии од стручната јавност и од македонскиот аудиториум. Македонската Телевизија како јавен сервис на граѓаните на Македонија ја почитува желбата на мнозинството кои го кажаа својот став во однос на песната. Сакаме да напоменеме дека овие чекори се дел од регуларната и редовната процедура и дека ќе направиме се да имаме впечатлив, квалитетен евровизиски проект. Како носител на лиценцата за евровискиот проект, МРТ ги има сите права за корекции и за промена на комплетниот евровизиски пакет, се до крајниот термин, 18 март оваа година, кога истиот треба да се предаде на ЕБУ. Уште еднаш напоменуваме, дека МРТ и оваа година дозволи целосна слобода во креативниот пристап и реализација на видео записот на песната, но сметаме дека видео записот направен од Егизт Б Продукацијата не ги задоволува стандардите и критериумите за достојно претставување на Македонија пред евровизискиот аудиториум и се оградува од истиот. МРТ ниту го постирала, ниту го отстранила видео записот од интерент, туку изјавуваме дека целосно се оградуваме од истиот. МРТ се оградува од сите шпекулации и изнесени невистини во јавноста за инволвираноста на јавниот сервис во идејното решение и реалзција на видео записот и сериозно размислува за отпочнување на постапка за заштита на интерсите и интегритетот на јавниот радио дифузен сервис. Овие чекори се иницирани за подобро претставување на Македонија пред светската музичка јавност.
Текстот комплетно да се смени и рефренот зборувам за ритамот тогаш песната ќе биде комплетна останатото е добро Есма е голем плус во изведбата незнам зошто не ви се допаѓа конечно нешто ново за разлика од досегашните изведби на Македонија се на се ритамот е добар освен кажав рефренот ми е за никаде
Види вака почитувана Лела, секој има право да си го искаже сопственото мислење. Или ајде сега наше е, ќе затвараме очи, каква таква песна. Па до кога вака?? Како прво тоа Евровизијата треба да биде домашен натпревар, сите да имаат подеднакви шанси да покажат и понудат песна, а не МТВ да си прави свој филм како сака, така. Никој не ги коментира вокалните способности на Влатко и Есма, ама греота е на такви вокали да им се даде бедна композиција, што не знам дали воопшто може да се нарече и песна. Можеби тебе ти се допаѓа, супер ако е така... мене лично ушите ми ги повреди и нема да викам дека се е ок, кога не е. И да, има корист од пародиите што се пишуваат затоа што кога го видоа бранот од негативни реакции сепак решија да направат промени, какви такви ..полошо не ни може да биде. Како прво насловот види го ! Империја ?! Многу лошо ни влијаат сериите од типот на султани на слични империи.. Каква бре империја ?? Ма ајде, дно дна. Немам коментар. Кој му се допаѓа нека си ја слуша. Не знаеме да ги искористиме гласовните можности на тоа што го имаме, луѓето од ништо нешто прават, ние од нешто ништо..
Леле им ја слушнав песната катастрофа е..Мизерија сме секоја година навистина..Наместо да земат да пуштат некој кој навистина убаво пее и заслужува да не претставува ја избрале Есма,ај да беше само Влатко можи подобро ќе беше и поубаво ќе испееше...Незнам што да кажам стварно мизерни сме !
Луѓе бе кога ќе се научите да не хејтате се што е наше а?? Секоја година за Евровизија и за нашиот претставник има еден куп негативни коментари, така беше и лани за Калиопи ваква е таква е стара баба и незнам што, а кога влезе во финале и освои 12то место сите одна браво!! најдобра, итн итн. Мене песнава стварно ми се допаѓа и што е до мене не и требаат никакви промени. Лесна е певлива и брзо влегува во уво и тешко излегува. Како и да е честитки до исклучоците. Толку од мене.
Зашто мислам дека подобар дует би биле Есма и Кирил Џајковски? Да, ќе има промени ама нема да прават комплетно нова. И кај се видело на ваква песна да има соло гитара? Дно дна. Дури и верзијата со Darth Vader е подобра од оригиналот. http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... v2CEZmqDus
Песната е сра*е, факт. И не мрчам без основа, кажете ми еден добар аспект од песнава?! Музиката? Текстот? Вокалите? Спотот? Не ги оспорувам гласовните способности ни на Влатко, ни на Есма, ама песната не е добра, не е певлива, не останува во глава. Според мене треба да праќаме класика песни, нешто како минатогодишната на Калиопи. И онака целта ни е да влеземе во финале, далеку сме од победа, па и со најдобрата песна.
Значи и мене песната не ми е нешто најнај. Ама нека прекинат веќе, ова на мене не ми е интересно. Само реметење, од наша страна. Ете, ќе го сменат и текстот и спотот. Мене не ми се смешни преработките. Ниту тоа со оној Darth Vader, ниту со Хитлер. А сигурно не и ова со козите. Мене ова ми е жално, бедно. До кога бе, само ќе плукаме? Песната не ми се допаѓа. Тоа го имам кажано до сега, 100 пати. И смачено ми е да повторувам, цело време, сè едно те исто. Ако сакајте, слободно мрчете, ама мене оваа повеќе ми се допадна и од Некст Тајм и од рибата и од русинката. И ајде чао. http://off.net.mk/lokalno/razno/esm...116953520":"og.recommends"}&action_ref_map=[]
Ама стварно, ако ме прашуеш мене, услуга им прават. Дури и почна малку да ми се свиѓа песната онаква каква што е. Ама само ние можеме така да пуштаме омраза меѓу нас самите. У ред е да искритикуваш, самокритичност е доблест у секој поглед, ама до овој степен да се плука е несовесно у најмала рака.
Почитувана Карина, јас не реков да не пишувате дека не ви се допаѓа песната, туку реков да не го повтарате тоа по 1000 пати. За пародиите не ми зборувај.. Мислам дека ќе направеа промени и без вашите глупави пародии, значи ова што го направивте не ви беше добар потег, стопати подбро ќе беше да му укажете на Влатко дека не ви се допаѓа песната, без плукање, исмејување и дожд од вакви смајлиња „ “ Јас ви велам малку посмирено да реагирате, а вие уште повеќе, така да, што е - тука е. Поздрав до сите хејтери!
^Како тоа да му укажеме на Влатко?! На телефон да му се јавиме, на фејзбук да му пишеме, да го контактираме менаџерот? Не ме зафркавај промени се прават и се случууваат кога ќе се обедини македонскиот народ и ќе го крене својот глас! Тоа и се случи мнозинството одлучи и тоа вроди со плод.
Еве ја и на Србија. Искрено, не ми е ништо посебно. И не е само кај нас, кај сите е. Преку цела година, има по некои хитови... А кога ќе дојде ред за Евровизија. Јас да, слушам српска музика. И од толку пеачи и групи, овие ги најдоа... Како и да е, со среќа нека им е. http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... fDUlA_9LQg