Во Србија па, будала пред очи ги прават, имаат избор и упорно фаворизираат едни учесници и нормално на крај тие победуваат. Гледав Први глас Србије кај што овие 3 учествуваа, ама песнава е тотално срање, посебно Сара сеуште не разбрав зошто се занимава со пеење, нека игра, нека се занимава со мода, ама девојкиве се премногу форсирани таму. Ама ај, нека им е. Евровизиска песна е, читај: тралалајка. На Сашка Јанковиќ многу повеќе ми се допаѓаше песната, девојката има предобар глас. Само очито ред било да сменат балади, па намерно девојкиве се избрани.
^ Јас би рекла дека песнава повеќе им одговара за на Детска Евровизија. После толку извонредни пејачи,како Жељко,Марија,Јелена Томашевич,србите праќаат дебитанти (Само Невена не е,бидејќи она бар има настапувано на Детска Евровизија за Србија,и освои 3 место). Песната лоша,лоша,ла ла ла ла ла Ама девојкиве беа последниве 2месеци промовирани преку тоа шоу,и веројатно така и имаат победено,преку гласовите од публиката. Ако,барем ќе си поминат една недела во Шведска,ќе прошетаат,може и ќе се заљубат. Се надевам дека песнава нема да им помине на Србите годинава.Никогаш не сум оспорувала дека имале убави песни,силни,емотивни,ама оваа година... Е не можам да не кажам дека Невена многу убаво пее.Штета што е победи таа на шоуто,подобро нејзе да и направеа една балада па нека си оди на евровизија девојчето.
Желката што би рекла Лил не е ни под разно лош пеач ама ни фантастичен. Али неминовно е дека имал и има добри песни, си има тален за компонирањ и за текстови. Песнава е прекрасна посебно дечкото на спотот и те како ја дожиувава песнава дури и подобро од Жељко. http://www.youtube.com/watch?v=LnrTDS85rC8 Колку само песни има напишано музика, текст кој ставарно ми се допаѓаат, настрана што ми е жива антипатипатичност. Новава на србија за евросонг, ми е онака, ни лоша ни добра. Идат на сексипил србиве се гледа. Немаат аир од балади више изгледа. П.С ете и он вменува константно етно, али мислам дека многу рафинирано и со стил го рапви тоа. Нашено беше само некоја пародија, што знам лоша изведба и лош текст прво, прелош. Бистрете молку сакате, ама патриотското не е во тоа да мижиш и при сздави уши глув да се праиш. И фиш беше наш па за него колку буречиња изедовте сите, никому ништо. Ако е Есма нема да ја поштедиме, само заради тој факт. И Тоше бил критикуван многу пожештоко па никому ништо. Конструктивност нула.
Србија ме разочара со својот избор за песна...изскрено очекував многу посилна песна изработена/избрана од нивна страна. Како тргнала работава,изгледа годинава целата Евровизија ќе е слаба.
Јас ви зборам за начинот на кој „македонскиот народ го крева својот глас“... и дали има еден од Господ пратен да ме разбере на овој свет..
Македонските јавни фаци Империјата пропадна - Лозано се откажа ?! Откако синоќа беше промовиран спотот и песната „Империја“ со кои годинава нашите претставници Есма и Лозано ќе не ''претставуваат'' на Евровизија 2013, народ се крена на нога. Реакциите на социјалните мрежи предизвикаа вистински бунт, не се согласуваат со квалитетот на песната и спотот. Вечерва се појавија нови шпекулации дека Лозано, наводно, се откажува од учеството. Во прилог на оваа шпекулација оди и фактот што официјалниот спот кој се појави синоќа е веќе тргнат од Јутуб. Инаку имаше многу негативни коментари. Меѓу другото Есма ќе биде и политички ангажирана на овие избори како кандидат за советник од ВМРО ДПМНЕ што дополнително му дава политички негативен контекст на нејзината евровизиска улога. Дали ова со Лозано е точно или не, и дали ќе се превземе нешто со песната останува да видиме , бидејќи по ланскиот уметнички перформанс на Калиопи Европа очекува од нас нешто на ниво, а не нешто вакво какво што е ова за потсмев.
Арно ама,еве како котира Србија според кладилниците... http://www.telegraf.rs/jetset/574531-kl ... -evrosongu И така..
Македонските јавни фаци ^^^ Таа вест, е од 28ми февруари. Влатко не се откажал од Евровизија. Евровизиската песна Империја на Есма и Лозано којашто масовно беше неприфатена од македонската јавност ќе претрпи измени и доработка во однос на текстот и аранжманот. Претставниците остануваат истите, Влатко Лозаноски нема да се откаже од учеството на „Евровизија“ туку ќе стори се за достојно да ја претстави Македонија заедно со Есма Реџепова. Дел од шпекулациите што вчера се појавија во јавноста паѓаат во вода, дознаваме од соопштението на МРТ кое денеска беше испратено до ТВ Пакет. Песната која Македонија ќе ја претставува на Евросонг оваа година ќе претпри измени и доработка во однос на текстот и аранжманот, одлучи денеска Македонската Радио Телевизија заедно со евровизиските претставници. Оваа одлука дојде како резултат на јасно изнесените ставови и конструктивните сугестии од стручната јавност и од македонскиот аудиториум. Македонската Телевизија како јавен сервис на граѓаните на Македонија ја почитува желбата на мнозинството кои го кажаа својот став во однос на песната. „Сакаме да напоменеме дека овие чекори се дел од регуларната и редовната процедура и дека ќе направиме се да имаме впечатлив, квалитетен евровизиски проект.“, велат од МРТ. Како носител на лиценцата за евровискиот проект, МРТ ги има сите права за корекции и за промена на комплетниот евровизиски пакет, се до крајниот термин, 18. март оваа година, кога истиот треба да се предаде на ЕБУ. „Уште еднаш напоменуваме, дека МРТ и оваа година дозволи целосна слобода во креативниот пристап и реализација на видео записот на песната, но сметаме дека видео записот направен од Егизт Б Продукацијата не ги задоволува стандардите и критериумите за достојно претставување на Македонија пред евровизискиот аудиториум и се оградува од истиот. МРТ ниту го постирала, ниту го отстранила видео записот од интерент, туку изјавуваме дека целосно се оградуваме од истиот. МРТ се оградува од сите шпекулации и изнесени невистини во јавноста за инволвираноста на јавниот сервис во идејното решение и реалзција на видео записот и сериозно размислува за отпочнување на постапка за заштита на интерсите и интегритетот на јавниот радио дифузен сервис. Овие чекори се иницирани за подобро претставување на Македонија пред светската музичка јавност.“
http://relaxirano.mk/News/2094/kiril-dzajkovski-ja-prezema-imperija- Искрено се надевам, дека не измислуваат и дека не се лажги.
Зарем тогаш кога имавме можност да бираме ние по асални песни се одбираа? Не можеш од група песни која од која по катастрофална да одбереш јака песна. Жими од Владо Црно Тиквешко која си е евергрин.
Ричи,тоа е така бидејќи на таквите избори кои сме ги имале секогаш поедувала авторската екипа на самата песна.Тоа се тие врски за едно чудо како што е Евровизијата. Незнам дали се сеќаваш кога дојде ред да се избира помеѓу Вучиќ и Пилева,дека во публиката се маваа со јајца,многу добро се сеќавам на тој избор. И отиде Вучиќ што отиде исврикан од целата јавност,како што било многу пати со некој наш претставник или претставничка,сеедно. Не зори зоро,евровизиската песна на Владо остана како така.Сеуште неможам да се решам дали тој беше најдобриот претставник на Македонија или пак Тоше.
Да, фала што ме поправи, Не зори зоро беше. Смешно, додека пишував си ја потпевнував ама ете секогаш ги мешам со црно тиквешко . Јас сеуште ја слушам таа песна, многу ми е убава, а за другото си исто во право. Само, Тоше беше полн погодок тоа е факт, ама песната беше катастрофа. Самиот тој кажа дека не му се допаднала и дека не ја пеел со ќеф, го гледав тоа на интервју. Замисли кое чудо ќе беше да испееше некоја јака песна, со тој глас што го имаше. Ама, не знаеме да искористиме талент. Тоа е...
^ Владо немаше лоша песна, ама таа година ми се чини поголем фаворит беше Гиш со Самовилска свадба. Имаше добар настап, сигурно немаше да поминеме незабележително ако не претставуваше. http://www.youtube.com/watch?v=qfXUXSwsRzw