Уф, каква песна имаше Гиш таа година, неопростливо беше како не го пративме него на Евровизија. Плус, песната му беше тотално визионерска и пред времето, Жељко Јоксимовиќ, Хари Варешановиќ, Јелена Томашевиќ, сите испеаја некои слични жанровски песни - колку години подоцна? А гласот на Гиш, стасот, појавата... ова беше песниште.
Лудило! Како овци да блеат! Каков микс човече. Ова само ние и Бугарите може да го направиме. Пак на Митра ле карта идат циганиве. http://www.youtube.com/watch?v=8nMuuhR_Xis
^ Леле, јас очекував нешто интересно и впечатливо, со оглед на тоа што минатата нивна песна ми беше прекрасна. Иако вокалот е напорен и не е за сечиј вкус, таа песна конкретно ми беше многу јака. Ама ова... па и оро заиграа Јас ги ислушав сите песни кои се избрани, и можам слободно да кажам дека годинава има најслаби песни до сега, во споредба со претходните неколку години.
Мене песната на Британија ми се допаѓа. Специфичниот глас на Bonnie Tyler Лесна и певлива е песната. Мојот фаворит засега http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... qXk_FRw62Q
Сè нешто ново излегува. Кое е точно, Господ знае... МТВ целосно ја повлекува „Империја“. Едит: ДЕМАНТ: Кирил Џајковски не го превзема проектот „Империја“!!!
И јас го прочитав на интернет тоа но во весник прочитав вчера демек Есма изјавила дека нема да дозволи да ја повлечат „Империја“ и дека за сигурно оди на Евровизија.Инаку мене сега за сега фаворит ми е Британија ..многу слаби песни има оваа година
да,и нема рамна песна на Cамовилската свадба, и на Bладо беше убава песната, ама не за Eвровизија. Hајголема грешка некогаш направена ни е што не ја пративме оваа песна, ма каква песна, песниште и пол, со гласиште и пол и после 15 години е прекрасна, и за 15 години ќе биде. Eвергрин http://www.youtube.com/watch?v=7ixFk3EQwiY
http://www.sitel.com.mk/imperija-celosno-povlechena музика - Дарко Димитров и текст на Лазар Цветковски ее вака би требало да биде подобро
^ Ќе видиме, ќе видиме. Незнам колку Дарко Димитров е асален, но да не зборам однапред, да видиме. Битно остануваат Есмица и Влатче у дует така?
Како дует Есма и Влатче ми се полн погодок. Само дај Боже да одберат песна која ќе ги истакне нивните способности!
Јас не викам дека песната беше добра, ама не беше така лоша како што ја направија по интернетов, на странците им се допаѓа. Ај си го истераа, ќе ја сменат, ама сега само полоша ќе биде, мислам.
Пустата империја Воопшто не ми се допаѓаше,како реклама за Скопје 2014 (мое мислење) Барем добро е што ја повлекоа,сега ке видиме што ке направат
Јас мислам дека проблемот не е во песната.Најголемиот проблем кој настана е поради спотот т.е рекламацијата на Скопје 2014. И навистина оправдана беше реакцијата на народот,така да МРТ не смееше ова да си го дозволи.
песната е колку толку во ред ама онаа силна реклама за Скопје 2014 не им требаше. И после зошто народот се бунел !?
Фала Богу, не сум политички определена и мала сум, за таа работа. Не бранам никого. Ама што сите запнале за тој спот, како слеп за стап? На Евровизија ќе пееме, нема да пуштаме спот. Спотот ако сака нека е преубав-од поубав-најубав, ама џабе ако има некоја приглупа песна. На почетокот се побунија Грците за спотот. Големо чудо, нека си гледаат они своја работа. Иначе, не знам дали спомнав. Ама мене песната ми се допаѓа некаде до 42 секунда. Почетокот многу ми се допаѓа и Влатко кога пее. Ама после тоа строфите на Есма, никако. Цело време истото го пее-Енергија, нашата Империја. Не можеле некој поасален и подолг текст да напишат. Ама добро, доста мрчење.
Исто, и мене ми се допадна на почетокот, ама мешањето со трубите ич не ми се допаѓа, а ни гласот на Есма Во целост не беше нешто посебно песнава, ама па не беше ни толку лоша, според мене малце претераа со коментарите. Сега новата песна пак они ќе ја пеат или...?