Дефинитивно се менува песната. http://a1on.mk/wordpress/archives/115520#.UTx9DMfJUi4.facebook http://mmm.com.mk/vesti/domasni/1077-dimitrov-i-cvetkovski-nov-avtorski-tandem-za-evrosong-2013
Музиката и аранжманот се на Дарко Димитров и Лазар Цветковски, а делот на Есма го подготвува Симеон Атанасов. За текстот, покрај Елена Ристеска е ангажирана и Магдалена Цветковска- Ена. Придружен вокал на Есма е Елеонора Мустафовска, вокалот на “Есма’с бенд”. МТВ информира дека за нејзина промоција нема да се прави специјална емисија, туку ќе биде промовирана во некоја од емисиите, а можно е и во централниот дневник. Новиот видео-запис се уште не е снимен. http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=4&vest=1457
Утре новата евровизиска песна на Есма и Лозано Новата евровизиска песна со која Есма и Лозано ќе ја претставуваат Македонија, наместо повлечената “Империја” веќе е снимена и во моментов се доработува. “Тандемот Цветкоски –Димитров како автори на музиката и аранжманот и Магдалена Цветкоска како текстописец, ја подготвуваат новата евровизиска песна, која сеуште нема име и која јас и Есма ќе ја изведеме на овој фестивал. Ако “Империја” од самиот старт беше прифатена со сомнеж, новата композиција е по мој вкус. Сметам дека брзо ќе биде прифатена од нашите слушатели , музичката критика и секако од големиот евровизиски аудиториум. Новата песна ќе биде готова деновиве , најдоцна до 18-ти март, до кога е последниот датум за нејзина финализација, изјави Влатко Лозаноски. Песната во брз и модерен ритам која што се уште нема наслов, ќе биде пуштена во среда вечер. Овојпат промоцијата на песната ќе помине без специјална емисија и голема врева, туку најверојатно ќе биде претставена пред македонската публика во една од редовните емисии на МТВ или централниот дневник.
- Евровизиските правила за гласање од годинава се сменети. Наместо поранешниот начин на гласање, според кој првите десет песни се оценуваа со бодовите од публиката на скалата од 1 до 12, од оваа 58. Евровизија во Малме ќе се оценуваат сите песни. Со новиот начин на гласање се даваат подеднакви шанси на поголем број земји. Во финалето ќе се натпреваруваат 26 песни, а секој член на жирито на секоја песна ќе и доделува оценки од 1 до 26. Земајќи ги во обѕир и гласовите на публиката, со овој систем на гласање ќе се постигне песните кои во просек ќе добијат најмногу поени да бидат повисоко рангирани од оние што ќе добијат само максимални бодови од публика или жирито. На пример, ако една нумера која се натпреварува од жирито добие 26 бодови (максимум), а од публиката, на пример, еден бод, тоа се вкупно 27 поени. Меѓутоа песната која и од жирито и од публиката ќе биде средно вреднувана (на 11 или 13 место) вкупно ќе добие повеќе бодови (15+15 = 30), со што добива шанса подобро да се пласира во конечниот редослед. Покрај овие измени во начинот на гласање и понатаму ќе се применува старото правило доделување на поени од 1 до 12 за првите десет рангирани, според новиот систем. Овој конфузен систем на гласање ќе се применува за време на целото натпреварување за песната на Евровизијаа од 14 до 18 мај во Шведска и има за цел да се спречи комшиското гласање. - Кралицата на ромската песна и наша евровизиска претставничка се подготвува за настапот на „Евросонг“. За да биде во подобра форма, Есма денот го започнува со јаболка и морков. Овој нејзин утрински ритуал го забележа и екипата на шведската продукција „Кемп Дејвид филм“, која мина три дена во нашата земја за да ја сними евровизиската разгледница што ќе се емитува пред нашиот настап во Малме, во времетраење од 40 секунди. Есма, како добра домаќинка, во својот дом на Кале ги почести гостите од Шведска со турско кафе. Освен во куќата-музеј на Реџепова-Теодосиевска, Себастијан Рид, Пол Еванс и Џон Хертов снимаа и во Маврово, Прилеп, Стоби, винарницата „Стоби“, Матка, беа на картинг со Влатко Лозаноски, правеа панорамски кадри и од покривот на МРТВ, а на сопствено инсистирање забележаа и дел од новите зданија во центарот на Скопје, како што се Старо-новиот театар, Музејот на македонската борба, новиот објект на Филхармонија... „Имате многу убава земја, храна и одлично вино. Првпат сме во Македонија, многу ни се допаѓа“, ни изјави на заминување од земјава режисерот Себастијан Рид.
Скроз нова! прво се мислеше да биде 99% и тој еден процент според мене насловот би бил, ама сега ќе ја менеле 100% што значи конечно, сите овие пародии ќе паднат во вода.
„Пред да се раздени“- е новата евровизиска песна на Есма и Влатко Вечерва ќе ја има премиерната изведба
Каква и да е новава песна, полоша од Империја не верувам дека може да биде. Едвај чекам да ја слушнам...
"Премиерната изведба на нашиот нов евровизиски адут ќе се случи вечерва, во 19 часот, во студиото 1 на Македонската радио телевизија, а новата песна ќе биде дел од снимањето на светски познатото шоу „Танц со ѕвездите".
Што и да биде, каква и да биде, пак ќе има и позитивни и негативни коментари (од вториве повеќе). Мислам дека немаше потреба толку да се траскаат и да ја менуваат песната иако беше лоша. Ние некаква корист од Евровизија не сме имале, секако таа не е некое мерило за добри песни и музика, ниту па ја сметам за место за докажување и покажување. Не верувам друга земја да се секира за Евровизијата, па дали на некој му се допаднала песната или не. Народ е, и на златното маана ќе најде. Мене единствено ме нервира што воопшто ја направиле таква катастрофална првата песна, се чудам на невкусот.. Али да одат па толку и да ја сменат... џабе е бре.
^ Не е работата во тоа дали сме имале корист од Евровизија или дали е џабе или не да се смени. Поентата е да не се брукаме со толку дебилна песна. Нема смисла. Затоа што ако прават нешто, нека го прават како што треба, а не ради-реда и аматерски од страна на самопрогласени стручњаци и композитори. Кога веќе учествуваме, барем да се претставиме во пристојно светло.
^ Tака е да се работи за некои други и да бидат со лоша песна не е страшно,но штета е што до сега сите добри вокали како Tоше ги испративме со лоша песна,барем овој пат да не направиме таква грешка,кога веќе ги одбрале нив зошто и двајцата се добри вокали жалосно е со таква грда песна да не преставуваат кога и двајцата можат да дадат многу повеќе
Евровизија е фестивал за брукање, не знам колку сте ги забележале другите таму. Поголема брука самиот народ направи што се „вознемири“ за толку неважна работа. Освен тоа, публиката на Евросонг е таква, баш тие „брукачки“ песни им се допаѓаат. Ама таков е народецот тука. Порано се жалеа зошто толку сериозни песни пуштаме, сега еве им песна за сеир, и таа не им чини. Барем дел од нив си признаа дека спотот бил тој што ги погодил, ако ништо друго.