Ми фали некое делче што ќе отскокнува од цела песна... Нешто упадливо, певливо, делче пример Есма кај што ќе викне колку што ја држи глас. Кај што ќе ја дигне цела сала на нозе, кај што ќе го наежи секој што ја слуша.. И јас се`уште сметам дека не и е доволно искористен гласот.... Права линија ми е цела песна... И немој ве молам да ми викате дека плукаме по се што е наше. Не можам нешто недообработено да го величам.. А добра е песнава, барем подобра од минатата. Сега уште фино спотче им фали. Без '92 Мак - Фестовски сцени.
Мене Империја ми беше баш за Евровизија, нешто со 3 реда текст кој се повторува и влегува во уши, со веселла музика, и после на Елена оваа ми беше слична која бргу влегува во уво. Имаше и јасен и прост наслов, исто како што беше и текстот. Новава е без везе, посебно на Влатко делот, ни на фестивал кај нас не би прошла, ама народот реагираше, а тие прифатија и сменија. Монотоно, непевливо, глава да те фати од текстот на Влатко, а на Есма не го ни разбрав. Музиката е веќе чуена и кај нас и на Евровизија... Сега уживајте еве ви нова, а нив со среќа нека им е.
Добра е добра. Значи, не се ни споредува со Империја, бидејќи тоа не беше песна, тоа беше ... катастрофа. Певлива била Империја? Не, не, не. Новава им е направена во многу краток период и како за толку време, супер е. Претпоставувам ќе има дополнителни обработки до мај, бидејќи има доста време.. И така.. Фино, у секој случај.
ААххх бре....пусто македончееее. Кај србите ќе се истепаме со лајкој на некој безвезни песни ама па зато кај нас што е можно повеќе дислајкој да имаме и да го искудиме. Истото беше и со Калиопи,па после добриот пласнман некако му се сменаа мислењата. Какво и да е треба да го подржиме бидејќи е наше! Иначе песнаата ми е СУПЕРР и многу убаво идат до израз вокалните способности на Влатко Лозановски а И Есма си е одлична како и секогаш. Браво за ТимоТ.
Па не ми е нешто посебно, музичето ми се бендисва. Златна средина. Инаку еден гооолем лајк што конечно тимот успеа да го извади најдоброто од Влатче. Супер глас има, барем тоа доаѓа до израз.
Гледано од оваа гледна точка, се ми е подобро од Империја. Интересна песничка. Мене ми е уште помило што Влатко има дел од песнава каде успева да покаже како пее. Не е нешто што би го слушала по дома, како 90% од песните пратени таму, ама според мене е подобра од претходната. И стварно мене не ми е мерило колку се плука по песната по твитери, јутјуб, форуми и сл. Имам уши, имам слух, знам што е добро, а што не. Дечишта што се припариле до компјутер и прават како што остаток од мнозинството прави - не е мерило на јавноста, не знам кога ќе се сфати тоа. Незадоволни секогаш ќе има, тастатурата претежно за погрдни зборови се користи и тоа е факт, така да со среќа нека им е.