дај бе луѓе, нигде ја нема? па нели на танц со звездите ќе ја промовираа? или нема??? мене на јутуб не ми ја дава, тргната е
Незнам што да кажам искрено.. Империја ја повлекоа бидејќи на народот не му се свиѓаше,ајде да не одат против нас па направија и нова песна.Уствари можеа комотно да си отидат на Евровизија со Империја и крај на муабетот. Направија нова песна ајде,читам коментари од типот вратете ја Империја.. Не искрено,јас да сум на местото на Влатко и на Есма одма би се откажала,па волку плукање уште пред да се отиде на Евровизија незнам каде во друга држава има. Да се засрамиме сите. Не викам дека не ни треба убава песна и достоен настап,ама што сакаме уште?Сакаме трета мајка,трета песна?Епа готово,помина времето за испраќање на песната. Не коментирам за песната јас ништо. Нека им е со среќа,убаво да си поминат и достојно да не претстават,па здравје боже да влеземе во финале.
Според мене колку иди евровизијава се погрди песни и погрди. Мислам на сите држави. Во 2004, 2005 и 2006 имаше прекрасни песни, а сега Без навреда не мислам само на Македонија туку на сите учесници
Читам како нас ништо не ни се погаѓало. Да глумиме ли сега? Да кажам реално што мислам или да бидам лицемерна? Песнава ми е катастрофа. Никаков ритам, ништо посебно, никаков впечаток не ми остави. Империја ми беше поубава, за споредба.
највеќе ме нервира што сите викаат немала рефрен па и да нема колку странски песни испаднале такви хитови а нас нашава не ни се свиѓа, пу за никаде сме
немамв можност досега да ја слушнам новава песна ама сега ја слушнав и мене повеќе ми се допаѓа империја
Значи ние Македонциве сме чудна работа Дае песна за нешто обично че биди преубава а а се бара песна за на Евровизија или некој фестивал колкава глупост че измислат да не можиш да ја слушниш! Лозано има преубав вокал ама со Есма неможе да одговара А има толку убави песни македонски од Лозано, Тони Зен и мн други за срамота Македонци - баш кога треба да се покажеме текнувалото не ни работи
И после пак демек реалисти сте биле.. Да ја врателе империја не знам што.. Јас им се чудев зошто прават нова песна кога се знае дека ќе биде исто.. И гледате што се случи!! Ништо поинакво и не очекував!! НЕ зборам за песната туку за сите што сега ја сакаат Империја назад!! Не дека стварно е толку лоша песната туку народот си е таков што не можат да поднесат и да си признаат дека во нив е проблемот!! И сите што викаат дека немаат проблем туку песната до толку не е убава се лажат гадно! Луѓево ве послушаа и направија нова песна а вие? И по оваа плукате (чест на исклучоците)!! Еден збор Спојлер СРАМОТА! За песната.. ДА дека ритамот не е толку „влегувачки„ во уши како кај империја, но овде гласовните способности на двајцата се забележуваат повеќе и музиката е повпечатлива!! Мене ми се допаѓа!!