Барем сто пати е подобра од империјата Трета песна,колку и да напаѓаме нема да има.Нам ни е лесно да напаѓаме,треба и нив да ги сватиме малку Според мене песната си е сосем океј и далеку подобра од предходната.
^СФатиме. Песнава е барем подобра од Империја, доста е и толку. Само спотот по можност да не е во режија на Грујо и топ е.
Ох беее Се сложувам со тоа дека е каде каде подобра од Империја но досадна е бе мислам заспав..... .Овој пее пред да се разденииии у позадина дупци дапци есма па се меша АаАаАааааа и некои си таму зборови ромски.....Ништо не правиме....ама нај искрено ,ништо....
Јас ќе кажам само еден збор - просечна. Не е кој знае што песнава, ама не е ни лоша. Искрено, повеќе ми се допаѓаше Империја, поточно ритамот што го има. Оваа некако А и на Есма не и ја разбирам улогата во песнава. Што ли пее??
Ја преслушав уште 2-3 пати песнава и некако ми се допаѓа бидејќи се знае Влатко си ја знае работата,а што се однесува до Есма не и судам чим пеела во Империја мора да учествува и во новава песна не можеме едноставно да ја исфрлиме така одеднаш а и се знае каков и е гласот и каков вид на музика пее но мислам дека се радува и дека и е драго што на евровизија ќе пее и на нејзиниот мајчин јазик. Мене вторава повеќе ми се допаѓа од првава. А што се однесува до песната на Црна Гора ми се допаѓа иако малце ме потсетува и на http://www.youtube.com/watch?v=dY4RSJBd_zI но не е важно дефинитивно песнава на Црна Гора е певлива те тера да размрдаш нога,кук да се разиграш сега за сега ми е омилена.
Оваа песна е многу подобра од Империја.Барем има добар текст,Влатко пее одлично,и музиката е добра. Е сега ова Есма што пее не го разбирам,а тоа сите што викаат што пее таа и на какoв начин-кажано ''викање'',''завивање'',тоа си е Есма,жената така си пее,а ја имам слушнато и во живо,и тоа ''викањето'' во живо мене ми звучи феноменално,па и тоа не го може секој,ај викајте да ве видам Првпат кога ја слушнав некако не ми беше усогласена музиката во делот на Влатко и делот на Есма,но по втор,трет пат -паа ...и добро е. Со оглед на тоа колку имаат различни вокали,доста добро се усогласени. Барем песната има модерен звук. А не онаа империја,империја музика царува на земјата тоа немаше смисла. Е сега да чекаме мај месец и да видиме како тоа се ке изгледа во живо,со кореографија и сл. А јас секогаш песните уште повеќе ги засакувам и ги слушам после евровизија,многу различно изгледаат и звучат песните изведени на таа сцена со сета таа квалитетна опрема. И уште спотот да го видиме.Се ке е супер само да не е ''Скопје 2014'' ааа уште нешто,морам да се дополнам Што е работава бе со овие што ставаат на youtube,па ја тргнат песната,нормални се? не ми е јасно стварно нека ја стават песната,и немора да се коментира на неа,јас колку што знам има таква опција
Само да не испадне на крај да ја спукаат Есма и Влатко, па ни империја, ни разденување да не видиме. Есма изјавила дека се чувствувала како придружен вокал во новата песна... Не и годи што Влатко е во преден план.
Песната е просечна, проаѓа, ама ваков е резултатот кога работите се прават со сила. Песната треба да биде создадена со инспирација и идеја, така се прават хитови, квалитетни песни. Ние како народ сме многу музикални и имаме многу убави песни, но како киксираме секогаш кога станува збор за Евровизија мене не ми е јасно. И не ми е јасно зошто песната има дваијца композитори, не бил доволен еден?! Или другиот бил наметнат?
а ова новата песна ко да нема рефрен или само мене така ми се чини или делот што го пее Есма е рефренот?? ај еве на ју туб прочитав некој го преведил незиниот дел од ромски на нашки Jas Esma eve pejam vashite srca jas kje gi stoplam x2, zatoa polovina krshete(site meshajte) igrajte site stanete romi ! сите станете Роми?! Навистина!!!
На „Империја“ текстот никако не го заслушав. Но за сметка на тоа, ритамот беше добар и креваше од столче. На евровизија најчести се оние песни со брз ритам и тие се оние кои се пласираат во првите места (со мали исклучоци). На оваа текстот им пречел? Па никој нема да го слуша текстот кога ритамот ќе му ги размрда мускулите во телото! Сме слушнале и покатастрофални текстови. И не дека нинанајна, ангел си ти/лајф из а бук, леј ла ла леј ла (и тука ќе застанам) имале нешто бомбастично добри текстови! И тие песни беа бирани од публиката и каков беше резултатот? - Пак мрчевте! Дури една и после изборот ја преработија и пак ја пратија таква како што ја замислиле. Кој ќе разбере што пеат на Македонски? Веднаш ќе станат и ќе бараат за што се пее? Right! Ја претераа сите! И оваа сега не им се допаѓала. Епа вие си баравте. Што сега пак се мрчи!? Не сакаат сите сладолед од киви па тој пак си постои. Не значи дека нешто треба да се прекине заради нечија отпорност кон тоа или бидејќи не му се допаѓало. Секој со различен вкус. Не може секому да му се допаѓа. И на крај се сведува на тоа дека сме си мразачи АМА БАШ на се'. Работава испаѓа дека сме загорчени од тоа како ни оди животов и ајде сега ќе плукаме по се' што ни дојде. Повеќето не ја ни слушнале песната, а веднаш оставаат негативни коментари. Каде сме тргнале ако е таква работата? И навистина е грозно и крајно безобразно да си плукате по она од кое потекнувате! Си плукате по своите претци па и поколенија. P. S. Прочитав многу позитивни коментари од луѓе кои не се со македонско потекло и кои велат дека воопшто не знаат за што се пее но ја сакаат песната „Империја“ и им е фаворит! И од сите тие видеа, коментари и критики ќе постирам само две. Мислам дека се доволни. Погледнете и преслушајте која песна се наоѓа на место со број 08! http://www.youtube.com/watch?v=IXemRB2hUtU и http://www.youtube.com/watch?v=AZWvnkLz8Rc P. P. S. Претходно си го избришав постов од технички проблеми.. кои траеја повеќе време P. P. P. S. Веќе да искористам дека во „igrajte site stanete romi“ можеби се мисли на: „... играјте сите станете (од столче) роми. “ Иако не разбирам зошто роми... Од каде рече дека ти е преводов?
Нема врска што не го разбираме делот на Есма.. ниту на евровизија таму некој ќе сака да го разбере,а ниту Влатко ќе го разберат таму Швајцарците,Германците ии ред други
песната е поставена на ју туб, и во коментарите еден дечко(ваљда Ром) го имаше преведено делот од Есма. -е сега тој дел станете сите роми можеби е во смисла демек станете и играјте како што играат ромите нели ромите се познати по тие кршења на музика хммм... уствари појма немам
Новава песна е далеку подобра од „Империја“. Иако, не е ништо посебно, нема ниту впечатлив рефрен, ниту „влегува“ во уво после прво слушање, сепак е во ред, во споредба со „Империја“. Само не ми е јасно, како преку цела година излегуваат голем број убави песни, а кога ќе дојде време за Евровизија, тогаш песниве се далеку од убави.
а оти шо реков јас пак дека има врска или дека ми пречи или нешто слично,хмм.. малце ме збуни,ништо никаде не спомнав за разбирање не бе,случајно на ЈТ беше преведено и го пишав тука,можеби некој го интересира шо значи делот што е на ромски,то беше се
Мене оваа новата многу ми се допаѓа :up: Eсма си пее тоа што знае најдобро,а сепак се вклопила,Влатче супер си пее,а и музиката многу ми се допаѓа! Се на се,супер! Сосема подруго е од Империја,ете знаеле и убава песна да им направат )) http://www.youtube.com/watch?v=m71hJUj76jM
луѓе стварно ова песна е далеку подобра од Империја...мене најмногу ми се бендиса то шо Влатче е во прв план иди до израз неговиот прекрасен глас...и шо викате дека не е певлива нешто песната или да те крени од столче,не,не е ама Молитва на Марија Шерифовиќ случајно да не беше певлива? или да не креваше од столче? не...па сепак победи.значи немора да биди певлива и то да биди гаранција за победа,уствари песната ИЧ не е битна,можи некој да излези и да се глупира таму,како оние Lords од Финска шо победија пред неколку години на шо личеа? Влатко и Есма барем имат стас и глас а ќе се сложиме сите дека политиката си има најважна улога и дајте да не плукаме по се шо е наше,еднаш барем да речиме за нешто дека е добро...ние прво самите се плукаме и се потценваме,па очекуваме од другите да не сакат и да не почитуваат се на се......ова е добра песна
Значи во новава песна им се истакнати гласовите и на Влатко и на Есма ама некако како да не ми се вклопува оваа, а Империја има и рефрен и онака има убава музика те тера да станеш од столче. И ако може линк од Империја оти неможам да ја најдам песната ја избришале
Цело утро на рипит ми е, колку повеќе ја слушам се' повеќе ми се допаѓа. И оти велите дека не ве крева од столче? Мене ме крена, све сум исчистила од сабајле