Јас сега читав во весник дека и Влатко и Есма се задоволни со новава песна и дека веруваат во неа и слични филозофии, со тоа што Есма отворено си кажува дека на почеток не и било мило да е во втор план, ама прифатила бидејќи ова го засега цел народ, не само неа, и затоа ја смениле песната. И нигде не пишуваше ништо ниту за Јован Јованов, ниту дека Есма ќе се откаже.
Значи потполно се согласувам... Сегашната песна е п-р-е-к-р-а-с-н-а!!! За преводот на Есма, не знам што да кажам, ОК а јас пак се чудев што спомнува „Есма“ во песната. А не знам зашто направија нова песна, кога знаеја што ќе се случи, се едно те исто. И јас сакам Есма да остане, прекрасна музика има нејзиниот дел и ќе ги крене луѓето на нозе. Гласовните способности и на двајцате сега повеќе им се забележуваат. Влатче има прекрасен глас кој го бидува за балади, тоа е покажано, а Есма знае да викне - и тоа е покажано. Супер е новата песна. А тоа што викаш на почетоток за Есма, и јас мислам дека не и се слуша многу гласот, не знам, може заради технички проблеми, мислам дека на Евровизијата нема да е така.. А баш ми беа смешни овие двеве, ама сепак интересна песна која ќе знае да создаде атмосфера, и Влатче се смее, а тоа е супер А народов, што си е ваков - ваков си е ... Дали на овие луѓе некогаш ќе им се погоди - не знам. А и не верувам.. Плукање секако ќе има, не знам што сакаат луѓево да пуштиме!? Плава циганко? Демек некој се разбира од музика, може на цел свет да му се допаѓа, на нашиов народ - НЕ! Поголемо плукање здравје, ние не сме народ.. Како и да е, малце забегав од темата.. Поздрав
од толку коментари што прочитав за песната сега и јас се збунив,незнам империја ли ја сакам или пред да се раздени !?
Очи ми забоде болдираново. Ако јас (и другите истомисленици) си го кажеме својот став, искрен, без лицемерие, ние сме проста раја ??? Пак ќе повторам мене лично песната не ми се допаѓа како за на Евровизија, не ми е впечатлива, не ми е интересна, не ми влезе ни еден збор в глава да си го потпевнувам, целокупната песна не ми е ништо посебна. Не сум проста раја, не сум глупава Македонка, не сум незадоволна, не сум пребирлива. Песнава не ми е убава и крај. Си го кажувам своето искрено мислење. Не правам лице. Има композитори, автори, музичари во земјава, завршиле факултет за тоа, имаат талент, мислам дека можеле малку повеќе да се потрудат да направат нешто убаво. Како можеше Црна Гора да се потруди да направи нешто повпечатливо, евровизиски? Сепак, како што напишав за Империја, така и сега пишувам, им посакувам среќа и се најдобро.
Јас викам да гласа народот помеѓу Империја и Пред да се раЗдени и конечно да заврши ова Спојлер а погоре што прочитав точно е дека ке се бира и трета песна или??
јас нигде ништо не болдирав, и лично не зборувам за фемина туку за јутуб некои што само знаат да вреѓаат и секогаш ништо да не им се свиѓа - како има една поговорка Сакај го своето, поштувај го туѓото, и покрај тоа колку и да не чини треба да ги поддржиме! поздрав мене ми е многу убава песната
Како не, де трета песна, де откажувања, народот да се слушал. Веќе ова во невиден циркуз го претворивте/ја. Мене од вчера повеќе ми се свиѓа, утре може и на рипит ќе ја ставам. Ама најсериозно не ве сфаќам луѓе, или стварно нема што да правите друго па сте се смогнале, вака треба, онака треба.Што толку се испотресовте, има некои не спијат, само коментари читаат. Сва среќа ако на сите најголем проблем ни беше песната за на Евровизија.
Колку само се согласувам со форумџиката над мене. Песнава ме зарази и мене, преуба ми е посебно делот од Есма како ми е, ми иди да станам да заиграм И јас не ве сваќам, баравте да се смени еве се смени и стварно е уба. Ама Македончето не е Македонче ако не плука по се што е наше. нцнц ако не ви се допаѓа песната не гледајте Евровизија. Од мене со среќа, и се надевам дека добро ќе се пласираме и оваа година.
пред да се рааааааааазденииии до мееене бииииидии тии пред да се раааааааздениииии до меееене остании Прекрасна
ајде народе бидна работава нема назад враќање,туку дај да речиме со среќа нека ни е не беше нешто слично и лани со Калиопи? сите плукавме де по неа де по песната,ама после настапот на евровизија сите се гордеевме со неа и само пофални коментари имавме,и сега така ќе биде е ќе видите
Добро луѓе што ви е, со евровизијава како да животот ви зависи од неа боже мој мили. Ја чув песнава ми се свија, па од империјата каде каде поише. Не е сјајна, ама не е лоша. Ми се свија Влатче што е во преден план, не Есма. И зборете што сакате, ама на Есма не и е местото тука. Кај се не се пикна и ја претера више. Сеа сака да се прошета и во Шведска, очигледно е тоа, ама Влатко е крив што се согласил да настапи со неа. Поарно баба му да си ја земе и да си ја прошета. И достате веќе, трета песна, ало сакате Мтв 500 денари да ни наплати за радиодифузна такса? Секоја нова песна чини пари, нов трошок. Убаво си кажа Лил, малку проблеми имаме ние, па за ова толку да се трескаме од земја. Песната е убава, делот на Влатче ми се свија, многу. Само јас би да пее на англиски, но океј е и вака. И доста глумите музички експерти.
Ја преценувате Евровизија. Дејвид Боуви не е излезен од неа луѓе, аман! Незнам стварно дали озбилно очекувате нешто подобро....
Спојлер многу роми има во Германија, вајда на тоа мислела Лудо. Ма да јас мислам дека 12 имаат Турците од Германија