^Добро бе hrcace,и пред некој ден имаше коментар сличен на овој.Незнам како не ти било здодевно да правиш copy-paste на коментарите.Ги видов и јас,ама пак јас видов и некои позитивни на пример. Тоа е.И дај направи исто вакво и на позитивни коментари. Не викам дека песната не треба да им се допаѓа на луѓето ширум Европа,ама зарем ќе се држиме до овие коментари? Ќе видиме во мај дали им се се свиѓала песната или не...
cigarce јас не знам што ти смета и што ме наоѓаш мене крива. Јас само направив копи пејст на сите коментари што беа од странци оставени за песната НА ОФИЦИЈАЛНИОТ КАНАЛ, ништо не направив намерно. Тебе ако ти смета што мислат странците твој проблем. И не е нешто тешко да направам копи пејст една секунда е па да ми е мака или здодевно Ко што гледаш таму има и позитивни коментари ама види колку се на број. Од странци а не од наши. Јас би сакала подобар пласман и мислам дека нашава е подобра од повеќето шо ги слушнав ама тоа е.
За што те најдов јас тебе крива во целата ситуација? Не,грешка ме сфати,не ми сметаат коментарите воопшто,нормално е да ги има под секоја песна.Е сега мислењето е индивидуална работа не можам јас тебе да ти влезам во главата и да ти ставам мислење дека песната треба да ти се допаѓа. Ама една работа,тебе песната не ти се допаѓа така?Во ред е,тоа е работа за вкус на музика. Само немој да бидеш првата што ќе напише како е горда македонка доколку Македонија влезе во финале. И пак грешка ќе ме сфатиш знам,ама некако ми се чини дека сакаш на сите да им објасниш дека ако песната тебе не ти се допаѓа е правилно да не им се допаѓа и на другите,тоа го видов во твоите коментари,ништо не измислив.
Јас убаво напишав и сега овде и на насловна дека мислам дека другите песни што ги слушнав се полоши од нашата така да грешка си. И ништо не наметнувам Не разбирам зошто мораше мене да ме повикаш. Можиш таму на каналот да им кажеш да не даваат негативни коментари ако не, јас што да им правам. Позитивни коментари можам од каналот на Влатче да копирам ама таму и онака само наши коментираат а тоа мислење не е важно во шведска, ние сами за себе нема да гласаме. И да ти кажам многу неубаво ми се постави како јас да не смеам да коментирам ама ај не е важноНе почитувате мислење спротивно од вашето а не дека ми е спротивно кујзнај колку и после друг ви наметнува ако само кажи нешто. Нема потреба од офтопици овде, зошто вака постираш, зошто онака па ај ништо да не постираме. И да во мај ќе видиме.
Многу креваме врева околу евровизија, а мислам дека нашата енергија треба да ја пренасочиме кон нешто друго. Ќе дадам еден мој став за нашата евровизија...Секоја година кога ќе излезе нашата песна мора да читам негативни коментари и тек тука некој позитивен, искрено ми се чини дека се што е наше никогаш не чини, дека ние сме во се лоши. Треба нештото да го подржуваме колку и да не ни се допаѓа, лани за Калиопи еден куп негативни коментари, а кога влезе во финале најдобра била. Исто се деси и годинава нечинела песната Империја, да навистина немаше некој текст ама музиката баш беше фина. Кога ќе ги слушнам песните на Србија, Хрватска, Бугарија и на нашиот јужен сосед искрено да ви кажам па ние имаме најубава песна дали тоа ќе беше Империја или пак Пред да се раздени. И да многу сум среќна некако МРТ се освести и секоја година испраќа добри пеачи што е голем напредок за нас...Во предходните постови го имавте спомнато Сашо Гигов Гиш и сите знаеме како се одвиваше работата да оди Владо Јанески, потоа ХХЛ и за тоа знаеме како беше, Каролина супер пеачка ама несоодветни песни, за Тоше немам пребол искрено да ви кажам каков пеач, а каква песна ептен жално(не дека беше лоша, ама за гласот што го имаше Тоше каде каде поуба песна требеше), Мартин убава му беше песничката просечна, Елена убава и песна и настап, Нон стоп Калиопи дефинитивно една од најдобрите претставнички до сега. Она што е моја должност е да кажам им посакувам многу успех на нашите преставници и се надевам дека ќе успеат да не усреќат како лани што ни го направи Калиопи, и сите наши останати луѓе кои се амбасадори на нашава земја! П.С убаво си кажа Грујески на времето кога беше министер Купувајте Македоски производи!
Јас само не знам зошто луѓево играат како што им свири некој од надвор.. Империја кога излезе, ќе испоколеа се живо и диво за да ја сменат, 2 позитивни коментари спрема 200 негативни беше. Ете ја сменија и сега странциве велат вратете ја старата, а нашиве коментираат: Леле стварноо, и ние сакаме, подобра беше, дрн дрн јарина,... ццц. Дај стојте си на мислењето или воопшто не кажувајте го!
Со самото тоа што ја одбраa Есма да не претставува на Евровизија, имав претстава каква ќе биде песната. Само Џајковски може да го извлече „она“ од Есма, она што може да запали кај европската публика, но (не знам како) ја споија со Влатко Лозановски и прво ја добивме Империјата, што ми беше смешна, а сега оваа, која е за нијанса подобра, но не значи дека е добра. Ја слушнав неколкупати и се` уште не ми влегла во уво, песната е во ред но не е за Евровизија, всушност евровизиска песна не се прави за недела дена. Сега читам трета песна ќе правеле, се надевам тоа е само трач, од кај бре луѓе излегоа толку пари за да ги фрламе на слободни активности како Евровизија?! Прва песна, пу не важи, сега втора, ај и таа не важи...зошто едноставно не се откажеме? Ете, неспособни сме, неспособни сме да направиме една мочана песна за на Евровизија, не не бива и тоа е тоа. А луѓево колку се замараат за Евровизијава значи, ко пари да им даваат...
Што е со песниве, па сите се со техно призвук скоро. Германската, Ирска, Норвешка па и Црна Гора, сите фаворити. Не дека имам нешто против електронска, али ја претераа со сила што ги праат песниве да звучат така. Од сите што ги чув најјаки ми се Гциве, многу добра замисла мене ми се допаѓаат ептен. Ме потсеќаат на Суперхикс, плус и направиле интересен микс со чичето со мандолинчето. Си се изнаиграв на песнава, а освен Алкохол ис фри ништо друго не разбрав и пак ми е убава. Екстра се, сеа за сеа, мене ми се фаворит. И Данска не е лоша, девојката има многу пријатен глас.
Ја па имам впечаток дека скоро секоја година на Евросонг си има некој таков шаблон. Ти текнува Лорди кога победија? Тогаш мислам дека имаше многу рок песни и повеќето од нив освоија убави места.
Имаш право. Кога победи Руслана, сите после идеа да се кршат на сцена, Лорди ги протна рок бендовте, а лани Еуфоријата ќе ни донесе се техно песни. Не се креативни воопшто, како офци го следат водачот. Се надевам дека нема да победи таква песна и годинава. Не дека Евровизија е мерка на некој квалитет, ама па вајда ќе се потрудат да бидат малку поразновидни.
Сега за сега Данска ми е многу добра, девојчето има уникатен глас и квалитетна песна, дури и многу е слатка малата. Србија ми е така интересна и певлива, а сите други стварно со тој Disco sound воопшто не се интересни, пример онаа на Cascada која е копија на минатогодишниот победник А за нашите, само ке искоментирам дека некако спојот на Есма и Влатко не ми се допаѓа, убаво си беше Влатко сам со Блиску до мене кога требавме да го пратиме, е сега глупости ке го спојуваат со некој, треба сам па како знам, а нашите песни ми се се некако ист калибар за нив немам коментар
Нашава нова песна дури сега ја чув... Едноставно некој не е за на евровизија.......годинава буквално се срамам да речам дека песнава е наш претставник.
^Ту бре, како да животот ви зависи од тоа кој ќе го пратиме на евровизија, егото ќе ви го науши, срамота, ќе ви се смеаат роднините од Србија, Хрватска или Германија. Тугооооо, каква песна пративме леле. Шмрц Чил аут, песна е, само. Мене поише ми е за тоа што со оваа економија уопште си се луксузираме и си праиме играчки со песниве и спотовиве, наместо да инвестираме во факултетите и во училиштата или болниците, ама нема врска, побитна е еврозвизија, друго е се секундарно. Јас незнам зашто уопште идеме, кога никогаш нема да победиме, ниту кога идеме се рекламираме на странците со наши производи и со таа македонска вечер, испаѓа ги праќаме да се прошетаат пеачиве араунд Јуроп бесплатно.
Абе мене нешто не ми штима. На песната на јутјуб, кај Лозано што е поставена, фрчат само позитивни коментари. Еден негативен нема! А коментари се пишуваат после 1 саат. А на официјалната страна на евровизија, каде што е поставена песната, таму има и позитивни и негативни. Башка не е голема разликата меѓу лајкови и дислајкови. Нешто ме тера, да пишам негативен коментар, за да видам дали ќе ми го избришат. 1998 - Не зори зоро 2013 - Пред да се раздени
Па коментарите не се објавуваат одма ( конкретно на тоа видео ), прво треба да ги одобри тој што го има ставено видеото. И тој некој очигледно прави селекција, и остава само позитивни коментари.
На прво слушање ич не ми беше убава, сега ми се засвиѓа некако се навикнав. Не е нешто а-у, ама па Евровизија е, не некој сериозен избор за песна. Добра е, во наш стил. Лошото е што музиките и текстовите од двајцата пејачи немаат никаква поврзаност една со друга, како две различни песни, но ете, пак е добра. Нека ни` е со среќа.
Од збор до збор..Многу точно! Јас да ви кажам понекогаш се прашувам,зошто бре ние неможеме да направиме пакет на една песна,значи целосна песна.Како бе секоја година има такви песни на Евровизија а никогаш не е тоа од нашата земја. Проблеми ли имаме,што е? Немаме ли музички образовани луѓе? Сите што рековите дека преку цела година се прават некој си хитови,а кога ќе дојде време за Евровизија абе циркус невиден,сте во право. Уште жалам за Калиопи лани.За настапот што ќе се памети,реално заслуживме да бидеме во топ5. Е тоа беше пакет,ама изгледа ние никогаш нема да поминеме добро на таа манифестација.