Леле леле леле што и е на Есма?! Зар вака мисли на евровизија да оди? Да ја брука Македонија а и самата себе. Место да коментира како не и се допаѓа песната нека седи дома и нека ја пее,убаво да ја научи. Вакви грешки никако! Влатче топ!Одличен!
^ За среќа е Бони Тајлер што имала 6 пати подолга и исполнета кариера од овие што прв посериозен настап им е Евровизија. Само не знам каков предизвик и е Евровизија. Ако си гледала, секоја година загарантирано им е местото во финале, не се замараат и лупаат коментари деноноќно по јутуби ко нас.
Eсма ти е едно препотентно бабуле,JAC па JAC! значи таа мисли дека е најдобра, се најдобро таа пее, и може да се види како она сака да биде центар пажња бе, и пречи Bлатче, сака него да го тури во втор ред! Cирот Bлатче можам само да замислам дека уште од сега сака да се врати дома. Tој мирен е, и ајде и попушта на кралицава да се покаже Eдвај чекам да дојде Eвровизија, морам да видам бабава што ќе направи. Tаа не е свесна дека годините си го прават своето, и да беше малку достојна, ќе се откажеше гласот и шкрипеше уште од кога пееше за Jохан на плоштад, јас уште од тогаш бев и прашање е дали ќе и се среди за на настап. ужасно испеа, за Bлатче секоја чест, и да видиме сега како ќе се вади. Kоментарите и дислајкоите се кажуваат, требаше момчето да го пратиме само, Aма не бре, Eсме запнала на Eвровизија, ја од кога плаче да оди . Hека си пее на Bмровските митинзи, само за таму е, во цел тој циркус, нека ја турат и на Bртелешката, ќе биде феноменално.
Зошто плукате, не е за потценување женава, мислам знаете дека нема сомнение во тоа дека знае да пее и тоа да растури од пеење. Можеби имала проблеми со гласот, мислам греота е да се плука вака по неа, се гледа дека е како зарипната. Сум ја слушнала и во живо и не пее вака како да пиела цела ноќ претходно. Влатче срце е и не се сомневам дека ќе имаат убав настап, песнава е далку поубава од претходната.
^ 3наеше да пее, ама годините си го прават своето, таа оди накај 80 години и не е плукање, зашто плукање? Па ужасно испеа- рикање беше тоа во Амстердам, не пеење. А дали е зарипната тоа не знаеме, а ако е, да се надеваме дека набрзо ќе оздрави ЕДИТ- и не се спој Влатче и Есма, не одговараат заедно,едноставно не
Па и не е само рикањето, заборави да почне да пее... епа колку и да има проблеми со гласот, ваква личност што е толку време на естрадата не смее да си дозволи ваква грешка.
Мене пак ми е најмал проблем што била зарипната, да е така ќе и помине тоа ама луѓе што правиме прво со тоа што таа пее на Ромски? Некаде во историјата на евровизија имало случај некој преставник да пее на друг јазик или ова само кај нас може да се случи? Друго, каков спој се Влатче и Есма? Влатче си пее убаво, неговиот дел ми се допаѓа ма да јас никогаш не би пратила балада на Евровизија ама ајде, но Есма? Прво како се појави од негде, како да закаснила да се појави на сцена па се избаци со рикањето, нешто си збореше ако добро слушнав, па продолжи да "пее"... Леле која срамота А и стилот кој таа си го фура... Значи облеката што ја носат на сцена или треба да е соодветна на песната или пак да асоцираат на државата која ја претставуваат, а нашево?? Немам коментар, да наидеш на толку критики од страна на народот кој јасно ти кажува дека не сака да го претставуваш и да одиш да се пикаш со сила... Човек треба и самокритичен да биде понекогаш Сите ќе ни се смеат после ова, па се лутиме на Грците што не викаат цигани. А што сакаме да покажеме со песнава? Катастрофа, најдобро да не учествуваме годинава, а и до година, се додека не се појави некој кој ќе биде избран од народот да не претставува таму
^ Баш баладите подобар пласман имаат на евровизија. Србија е пример за тоа. Јас како некој фрик сум можеби, ама баш убав спој ми се овие два вокали, што знам Не се однесуваше ова само на фемина што се постовиве, ами секаде по интернет ја вреѓаат женава, а искрено не е за вреѓање. Само таа знае што се случило Амстердам и зошто испеала така..друго не знам што да кажам
Абе на Влатче златен ова му е зае*анција најголема, што убаво си испеа детето,а Есма башка тоа дали е зарипната, башка тоа што пее на ромски, туку и нејзиниот дел воопшто не се вклопува во самата песна. Какво-такво слушаш едно песниче нежно баладиче и после тоа АААААААААААААААААААААААахаххаааааааа,ееееееееее ехехехеееееееееееее. И ? Абе...
Според мене моментално и зарипнал гласот.. На секој може да му се случи да има лош ден.. Не можете да ја обвините.. И сигурна сум дека на главниот настап нема да биде вака.. Есма е жена со искуство и знае што прави! Инаку на англиски ке пее во Мламе?
Аман бе луѓе ја скапавте вреѓање жената, зарипната е и сигурно до главнио настап ќе се опраи. Мене баш ми се вклопува делот од Есма во песнава. Без нејзиниот дел би била уште една обична балада. А за форумџиката над мене, ако прашуваш дали Есма ќе пее на Англиски, не, нејзиниот дел е на ромски, а за Влатче да ви кажам поарно на Македонски да си пеј, поубава ми е така песната.
Лелеле бе луѓе,што е со Есма? Ајде да зарипнала океј.Али ако веќе неможе да го одржува гласот,нека си се тргне од естрадава.Немора секогаш и секаде да биде прва.Само да се шупне и истурка некаде.Ебаго. А за Влатче,срцка ми е момчево.Ама на видеово од Амстердам,незнам што се дешава со гласот.Јас се мислам дека незнае сеуште да управува со микрофонот.
Анти-депресив за сите што се under the weather. http://www.youtube.com/watch?v=BjWakG3x6wA гревче Лозано наш, се гледа дека не сака да биде таму у моментот. а и англискиот им е ... лелејлелелелелелелелеjлеле