http://www.youtube.com/watch?v=BjWakG3x6wA офф лелее море влатЧе а сто не си носта со нив некој кој ке им преведува а па не е нисто лосо тоа подобро така од колку да незнат сто се зборува хм а бе засто секогас ние утки мора да правиме не знам влатЧе супер пее и есма има некои добри песни ама вака заедницава не им Чини
Јас мислам дека требаше да ги пуштат Лозано и Елена Ристеска на евровизија..Мислам дека ќе беше супер!
Песната и настапот ме потсеќаат на Сертаб Еренер во 2003. Ама јас па барам оригиналност на Евровизија. Silly, silly me.
Тоа соседи на соседи е стандард. Демек ако се воведе жири-комисија, гласањето ќе било порегуларно. Ма немој. Која местенка е гласањето. Колку катастрофални песни се пласираат во првите 10, а квалитетните песни се пласираат на последните места од табелата. На Евровизија не се цени квалитетот на песната.
Неке птице никад не полете. Имаме примерок од типичниот македонски народ. Дали јас погрешно разбрав или ти навистина зборуваш да одат по паметот на народот!? Ако досега народот го слушавме - не знам до каде ќе стигневме. Нека си тераат Есма и Влатко! Само напред. И мене не ми се допадна делот со Есма како испеа, ама стара жена е, што всушност очекувате вие, да пее ко Бијонсе!?
А не бе Лела, ајде, ќе и дадеме аплаузи Еве,сакаш уште еден,м? Браво Есма, Одлично испеано, седи 5ка Шо одма мешаш баби и жаби? Зашто да подржувам нешто и да се преправам дека ми се допаѓа, само зашто доаѓа од мојата земја? Не, најсериозно! и да, огромен број не сакаа овој дует да не представува! Каде сме ние граѓаните во сево ова сами да си избереме што сакаме да пратиме на Евровизија?
Ја замислуваат Евровизија како дното на нечија кариера, или очаен обид за враќање на пропадната или веќе одмината. Никој кој е во популарност „сега„ не би се нафатил на тоа. Абсолутно никој. За разлика на пример од нашите во етер артисти кои се тепаат кој да отиде наредната година. И народот, кој потајно зад затворени врати ѕуцка на брзите темпа ама нема никогаш да признае јавно оти е срамота да гледаш евровизија, едвај чека да гласа за грчката песна секоја година оти го асоцира на ергенските одмори во Кипар. Ако не беше така досега народот ќе се побунеше Британија да се повлече целосно ради доволно пати нил пуа, и да не е еден од спонзорите фантастик 4, ама спонзорира затоа што без тие дадени пари нема да се претставникот пласира на полуфиналиња. Која срамота нели? Поарно нил пуа во финале. И сакаат англичаниве да некако чудесно победат една година, макар што ако ги прашаш со која песна бре, со оваа ли, со ланската ли, или онаа пред тоа, ќе ти речат џабе е и Адел да им ја пратиме, екс русите и екс југословените ќе си гласаат за комшиите, а за нас никој не гласа.
Лудо, само едно прашање имам до тебе. Тогаш и ние граѓаните кога биравме песни по пат на гласање, асални одбравме? Мислам издвои ми една за која не се плукало месеци подоцна. А за ова со Есма ете публиката откако заврши песната (а и додека траеше) не слушнав ааа уууу да викаат него убаво ја прифатија. И јас не сум од оние што бранат нешто само затоа што е македонско, ама зошто да даваме прогнози дека никаков настап нема да имаме, дека ќе се брукаме, пред време? Што ако еве пример прекрасно настапат и добијат убав пласман? Тогаш ќе бидат гордост македонска, тогаш сите ќе сме едно, тогаш сите ќе ги величаат. Ова е просто Македонија. Еве.. Да напоменам, не ти се обраќам арогантно, често така сум сфатена
НЕ ТЕ СФАТИВ АРОГАНТНО (ИНАКУ НИ ЈАС НЕ СУМ АРОГАНТНА, НИТИ ПАК ТИ СЕ ДЕРАМ, ТУКУ ПОВРЕМЕНО СИ ИМАМ ПРОБЛЕМИ СО КАПОСТ ) ИСКРЕНО, БЕА ПОАСАЛНИ, ПРОСТ ПРИМЕР ЕЛЕНА РИСТЕСКА, МЕНЕ УШТЕ ОД ПРВА МИ СЕ ДОПАДНА, ПА И ПОСЛЕДНО МЕСТО ДА БЕВМЕ, НЕМАШЕ АМА ИЧ ДА МРЧАМ, ВЕРУВАЈ МИ. И ДА ПОБЕДИ ЕСМА, АКО МЕНЕ ЛИЧНО НЕ МИ СЕ ДОПАДНАЛ НАСТАПОТ, ЈАС НЕМА ДА ГЛУМАМ ГОРДОСТ ЕТЕ ЌЕ ЈА ЗЕМАМ И ОПИ, КОЈА НЕ МИ Е МИЛА,АМА СЕКОЈА И ЧЕСТ ЛАНИ ЗА НАСТАПОТ, ТУКА ЌЕ ПОГРЕШАМ АКО КАЖАМ ДЕКА БИЛА ЛОША, ИЛИ КАКО И ДА Е, САМО ЗАТОА ШТО НЕ МИ СЕ ДОПАЃА. МЕНЕ ВЛАТЧЕ НЕ МИ ПРЕЧИ НИ НАЈМАЛКУ, УБАВО ПЕЕ, ИМА ХАРИЗМА, ЌЕ МУ НАПРАВЕА ЕДНА УБАВА ПЕСНИЧКА, И СУПЕР ЌЕ СИ БЕШЕ НА ЕВРОВИЗИЈА МОМЧЕТО НЕ ДЕКА ЌЕ ПОБЕДЕВМЕ ИЛИ БИЛО ШТО,АМА СЕПАК. ИЛИ ПА САМО ЕСМА ДА ЈА ПРАТЕВМЕ, СО НЕКОЈА ЧОЧЕК ПЕСНА.АМА ВЛАТЧЕ И ЕСМА МЕНЕ ЛИЧНО НЕ МИ СЕ ПОГОДЕНИ, НИТИ ВИЗУЕЛНО, НИТИ ПАК КАКО ПЕЈАТ ЗАЕДНО А УШТЕ ПОМАЛКУ, ШТО ПАМТАМ ЕСМА КОИ ЦИРКСИ ГИ НАПРАВИ ЗАЕДНО СО ГАЏА, А И ТОА ШТО ЗНАМ КАКО ТАА ЗАВРШИ НА ЕВРОВИЗИЈА КАКО И ДА Е, ИМ ПОСАКУВАМ УСПЕХ
Истото што сакав јас да го напишам го напиша Miss.Richi И Кога самите избиравме - пак имаше плукање. Така да сеедно е дали ние ќе ја избереме или некој друг. Не велам дека испеа Еспа добр - ниту пак да и ракоплескате - туку реков дека не треба да ја навредувате. Баталете!
А што има тука лошо ако се оди по паметот на народот? Така и треба да биде, само што проблемот е кај нас и нема баш некој кој мислам дека може да не претстави добро, или пак и да има ќе му направат катастрофална песна, кореографија на сцена и на крај пак ништо. А за Есма, ако е стара жена и неможе да испее како што треба, зошто тогаш се пика некаде каде што не и е местото? Работата не е колку да пратиме некој за да учествуваме и да се брукаме таму, ако неможе таа или нека се најде некој кој може или воопшто нека не праќаат никој, не е оправдување стара била па што да очекуваме. Ко да е таа единствен избор
Незнам за вас, ама јас се комирав од интервјуво, пусти Влатче, посебно делот како ве споија вас,абре во очи им се гледаше дека поима немаа ни они, но одоговорот, experience and young boys Работава она ќе го научи. Цепки, Влатче се труди да збори англиски, има добар акцент, али имаше некои ептен видливи грешки. Само незнам зашто критиките ги сваќате како плукање, за Марија Шерифич што се не збореа србите и уште зборат, па никој не се најде толку навреден или повреден. Јавна личност си, епа за твојата работа ќе бидеш делкан, ако сакаш да бидеш успешен и дебели пари да си заработуваш. И Лудо - МЕ ИЗНАСЕМА ЖЕНО, НЕ СИ НОРМАЛНА
Јас, лично и персонално ептен сум разочарана од Есма! Ама ајде има уште време, нека ги исполни моите барања, Есмо размрдај ја публиката!!! Овај со уметничкото име Лозано ме страшно иритира и на живци ми скокаат таквите ко него машки вокалчиња. Ужасен, ужасен вокал. Не знам со што да ги споредам, навистина, еве ужасен пар се како оваа смешна слика, на пример. Спојлер
Мене не ме "вознемири" тоа што гласот и звучеше ужасно, туку фактот што не беше синхронизирана со музиката. Касно почна да пее, на моменти изгледаше и како да не го знае текстот... Ама ајде, до мај веројатно ќе го научи, сепак е професионалец.
^ Абе какво синхронизирање со музика?! Па Есма е таа, музиката треба да трча по неа Шала на страна, Есма уште на Евровизија не беше појдена, па ајде и тоа да го направи пред да го напушти овој свет Не ги коментирам нашиве. Не ја слушнав првата песна, ни вторава ја немам слушнато, ни англиската верзија, ништо. Немам ни желба да ги слушнам. За ‘Талјаните ќе си навивам http://www.youtube.com/watch?v=unRjK82bDLw Чиста поезија.
Во текот на годината имаме добри песнички и ко ќе дојди за евровизија ја утнуваме 100% е тоа тие е македонче само неможам да разберам едно дали мора секогаш песните да имат тапани ,гајди,мак носии и некоја женска што се придерува..не гледам зошто е така не дека не ја сакам Mакедонија ама нема потреба да се репкаме од земја како и да е таман се израдував дека Лозано ќе пее ,искрено ми се допаѓа неговиот глас и мислев ќе напрај нешто ..ја слушнав песната и немам зборови полошо не може да биде ни текст и музика не е нешто особено..аман бе луѓе до кога вака тцццц ..интересна работа е што додека другите држави се откажуваат од економски причини, Македонија ќе оди на евровизија хммм ..а и тоа евровизија наместена работа ај секој на соседот ќе му даде висока оцена заради добрососедски односи..штета што секоја година Mакедонија им дава на соседите најмногу поени а добива најмалку или ич така да здравје оваа година нема ни да ја гледам...
Кое е девојево? Ренатта некоја, дајте нека го најдат, нека му направат некое вакво певливо песниче, па уште на англиски и супер, што сакаме повеќе. Прв пат слушнав нејзина песна пред некој месец, искрено, си мислев некоја позната пеачка е кога се изненадив девојчево наше е Есма зеле ја пратиле бе Еве, слушнете ги песниве од девојкава, најозбилно си мислев некоја позната Румунка е (нели се тие познати по вакви хитчиња) http://www.youtube.com/watch?v=7tHL3dK9S9I http://www.youtube.com/watch?v=BGXZtMFBgec
Yap ова песниче сигурно ќе не пласираше на врвот,денс и потпевлива песничка и симпатична девојка одлична комбинација-веќе 3 пат по ред ја слушам песничкава заразнааа е
Ова не е плукање само овде, како што кажа некој погоре. Цел интернет е преполн од негативни коментари, посебно од овој настап. Самата реакција е очигледна, на кутри Лозанче му се стемна, можеби сакаше в земја да пропадни во овој момент. Есма, ако е толкав голем уметник, досега ќе сфатеше дека не оди таа во овој цел пакет и ќе се откажеше. Лозано има убав, нежен глас, таа вика ли вика, како в планина да е. А, за интервјуто на англиски, не му беше лесно на Лозано со Есма до него. Бев кралица на ромската музика во Индија, јанг бојс...
За нашата песна веќе си го кажав мислењето ама ИЧ не ми се допаѓа. Абеее и да победи, ќе речам БРАВО И ЧЕСТИТО, ама пак ќе напоменам ИЧ не ми се допаѓа. Инаку во врска со другиве земји, прва година како ич не сум во тек со песните, очигледно прв пат ќе ги слушнам на полуфиналето.