Еве, и мене искрено воопшто не ми се допаѓа песната. Тапа е! Мислам дека не би требало со таа песна да одиме на Евровизија, ама тоа е. Се согласувам со Snow-Queen
Имаше негде еден коментар дека "на Пред да се раздени не и треба goat верзија." Сосем во право. Доволна е Есма да му ја упропастува таму песната на Влатко.
Ја имате слушнато оваа верзија? Мене највеќе ми се допаѓа. http://www.youtube.com/watch?v=-VMRYfeIdwk
Баш сега пак го гледав видеото што пееле во Амстердам оваа Есма мислиш на моменти дека ќе си пукне од завивање,не знам што и беше.А Влатче срце тоа стварно убаво пее него оваа Есма кога ќе почне да завива ми се плаче од мака,барем да ја замена со Елена Ристеска 100 пати подобро ќе беше.
Еве го и спотот. Ај сега трк и јас да го изгледам. http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... czuDZ0T2e8 И на англиски ќе пејат на Евровизија, а? Откако го изгледав: Не е нешто посебно. Изгледа им било страв, да не им речат нешто во врска со Скопје 2014, па само некоја девојка ставиле. Ама малку е досаден, за гледање, можеле малку по интересен да го направат. Ама ај, само прибираме, цело време. Арен е.
Не сум сигурна која е поентата на целиот спот... И што побогу е улогата на девојката што меша покрај Есма? Некреативно, тоа е се што можам да напишам според некои си мои стандарди за оценување.
Песната ќе ја пеат на македонски. Денес ги слушнав сите песни. Само 5-6 песни се добри. Другите се со лош квалитет.
Ова дали воопшто личи на спот? ...катастрофа. П.С. пофалба за Лозано многу убаво испеано на англиски.
На фб кај Лозано видов дека на 3 јазици ке ја пејат песната Лозано ке почне со англиски,Есма на ромски и на крај македонски
Луѓенца бе ? Знаете која е девојкава во спотов? Сигурна сум дека е оваа http://www.youtube.com/watch?v=UCoRh5czfys Нешто Есма знам порано по медиумиве е форсираше вака така...па сега сигруно по нејзина инцијатива е стајна и во спотов. Што се однесува до спотов ама ич не ми се свиѓат.
знаете од кога ја слусам песнава и ми изгледа како добра за на евровизија па и подобра од други сто сме ги пратиле на евровизија ама кога доајга евровизија ние секогас правиме утки http://www.youtube.com/watch?v=A62pxfOJ3L4
Делот на Есма и делот на Влатко, мене ми личат дека се сосема различни спотови. Влатко е во едно студио, Есма во друго, тој си има негова танчерка, Есма нејзина... Кај песната е некако неспоива, па и спотот таков го направиле