За нашите нема да коментирам..ќе видиме дали ќе влезат во полуфинале и онака за нас тоа е исто како да сме победиле . Туку фаворитот Данска... Ужасно досадна според мене. Тип на сценски настап од кој ми е смачено да го гледам на евровизииве...типче со свирче, спектакуларно чукање по тапани, некој руслана стајл wild dance, симулација на шума со ветришта и огнови, боса пејачка со расчупана мрсна коса и спавача фустан камено доба стајл. А песната сигурно нема да добијам желба повторно да ја слушнам некогаш самоиницијативно... Спојлер (И еден податок . Во 1999г. Евровизија се одржа во Шведска и таму победи Данска, па изгледа историјата ќе се повтори )
Оваа година нема некоја песна што ми е убава. Секоја година се полоши и полоши има. Инаку не ми е убава песната на србите - ептен тапа песна http://www.youtube.com/watch?v=LW7TAdytfww , а па за сценскиот настап да не збориме. Многу ме разочаруваат оваа година, можам да кажам дека нашата песна за Евровизија е подобра.
И јас го делам истото мислење со тебе. Оваа година песните се кататстрофа. Минатата година песните беа подобри. Се знае кој ќе победи. Заради тоа Евровизијата не е интересна за гледање. Не верувам дека ќе влеземе во финале. И да влеземе, сигурно нема да бидеме во првите 10.
Турција не учествува оваа година на Евровизија. Освен Турција, не учествуваат: Босна и Херцеговина, Португалија и Словачка.
Ги немам преслушано другите песни освен наштата и таа од Данска. Ама со сигурност тврдам,дека годинава Данска ќе биде победникот http://www.youtube.com/watch?v=k59E7T0H ... r_embedded. Убава е певлива песнава.Не е лоша. Инаку дечкото со свирчето ми е како петле оскубано
Турција се откажа од учество на Евровизија заради начинот на гласање. Не им се допаѓал начинот на соседско гласање.
Добро значи, зошто онаа од позади квичи? 1:00 минута, Влатко пее: До мене биди ти... а оваа пее: До мене остани... Дај бе нека пејат само кај делот на Есма, нека не го уништуваат и делот на Влатко.
Јас ги преслушав сите песни што ќе бидат на првото полуфинале т.е вечер и од тие најубава ми е од Данска.Певлива, интересна песна.Оваа година сум разочарана од Србија, незнам што им стана секоја година имаа убава песна.. Инаку од колку ќе започне Евровизијата вечер? Се надевам дека ќе ја има и на некој од другите канали (хрватски/српски) неможам да ја поднесам оваа што зборува цело време во позадина
^ Некој и тебе можда ти се чуди што гледаш Велики Брат. Имате онлајн кладилница за Евровизијава, коеф. Македонија да не влезе во финале е 1.14. 4 и нешто е за да влезе, ја би ставила нешто ситно, ама тешко, нема ниедна од земјиве на Балкан со нас во полуфинале.
И мене не ми е сфатливо што гледаш кокодакања/петинзи или наводен секс 30-40 дена, па ствар невкуса си е тоа. Дур трае 56 години, ваљда има некој што го гледа.