Модерно е боси и нечешлани да бидат фаворити на евровизија Спојлер Јас не го сфаќам убавото во данскава песна
Ни една балканска не влезе Жал ми е за Србија, мене стварно уба ми е песната , кизнај како ќе бди четврток, дали воопшто ќе имаме среќа
Gagojlo kaže: Cekamo Makedonce da nam osvetlaju obraz. Оф леле, ако не убаво пишале на еден форум, да правиме Југовизија за инает на сите
Во случај, ама во случај да влеземе во финале... сите екс ју за нас ќе гласаат, бе. На Црна Гора навистина им беше добра песната, ама го утнале настапот. Можеле многу појјако да направат. Србиве ги утнале костимите. Хрватите малку песната. Словенците малце ко да ја копирале Еуфорија. Или Југословенциве се откажале од Евровизија или другиве се заинтиле па решиле да не пуштат ниту една екс ју во финале.
Гледав и неможев да се изначудам кои песни од глупост велегоја во финале. Почнувајќи од ХОЛАНДИЈА (па заспав на песната значи....а да не коменирам за нејзината иритирачка изјава)...па потоа БЕЛГИЈА....МОЛДАВИЈА...ЛИТВАНИЈА..... абе све глупост од песна. Имаше подобри според мене и Австрија би требало да влезе,Словенија. А што се однесува до претставничката на Данска,значи мене песната текстот ритамот и се тоа...многу ми се допаѓа но мислам дека девојчето има сериозни проблеми со изговарњето на некои букви (Ш Ч Џ) ќе да ПОДзафаќа МАЛЦЕ! Без навреди само си го искажав моето мислење. Сепак фаворит покрај МАКЕДОНИЈА ми е и ИТАЛИЈА.
^^ Аууу да мене ич на то нe ми текна, можи сите за нас ќе гласат, тешки да влезиме само ние Ај да имаме среќа. Бтв Бугарија кој ја претставува?
Ја не сум слушала ниедна освен нашата и на брашта Блгари, па според коефициентите, предвидувам дека ќе влезат- Норвешка, Грузија, Азербејџан, Израел, Финска, Малта, Латвија, и ради баланс Македонија, Бугарија и Гејлада. Ај да видиме ваши проценки.
Јас ги немам слушано другите песни, ама искрено не вервам Бугарија да влези, оти песната му е ужас, а другите ги немам слушано, Албанија кој ќе оди? и Грција исто? Грција секогаш има добри песни и се пласират во првите 10.
Јас најпатриотски ќе си кажам дека најубава песна си имаа Гејлордвите јужно. Може се вакви, такви, ама брате имаат вкус и талент за музика. И они имаа комбинација на млади дечки со старо чиче, ама за разлика од нас, не е ни малку трагикомични. За Данската песна, коментар на јутуб, се пресмеав И вие ми ја мрчите тука боса била бушава... Не се глупи Европјаните, да трошат пари на штикли кавали, фризери или шминкери, ко ние. Па и тоа што го носи, како некој чаршав да замотала на неа. Е ова е чаршав од маса, а не вие што зборевте на анабела глупости. Екомомија, борба против сиромаштија и рецесија. И ние да изберевме некоја потнка а не Есмето, да можевме да ја умотаме у некоја наметка ваква, за есма многу материјал ќе се потроши. Не е лоша песмата, ама не е нешто WOW. Додуша некоја не е нешто посебно, да беа немаше да биде евровија, сан-ремо ќе беше.
Ги слушнав сите песни од оваа прва полуфинална вечер и освен Данска што на 80% им е фаворит,многу ми се допаднаа и момците од Ирска,згодни убави момци,со тетоважи дечкото пееше одлично и мелодијата беше доста интересна,модерна,специфична Ајде чекам четврток да дојде и се надевам само дека добро ке испејат (за Влатче сум сигурна,само Есма да не погреши нешто) И нормално да се надеваме дека ке влеземе во финале
Мој сегашен фаворит од тие што влегоа, за понатака ќе видиме, да ги слушнам треба и тие од второто полуфинале, па ќе набројам кои ми се фаворити. http://www.youtube.com/watch?v=1VwzdeRNjtA
Јас мислам дека нема да влеземе во финале. Сите екс-ју земји настапија во првава полуфинална вечер, а во вторава каде што сме ние, нема кој да гласа за нас (бидејќи нели, гласаат само тие земји што настапуваат во таа полуфинална вечер). Така да, од другиве земји тешко добиваме глас, аналогно на тоа - тешко дека ќе одиме во финале.
Лелееее а јас незнаев дека вечерва е прво полуфинале,туф туф...не ги гледав...ај задутре ќе гледам Jaс па мислев таа на Данска е некој си хит од Антена само,од негде низ светот. Убава е,ама толку да ја токмат за победник,некако не ми е баш за победа...Иначе многу глуп настап аман веќе од лудачи неврзани... А да,и очигледно решиле да ја земат Евровизија пак таму горе,па сите долу ги откачија.