Да да даааа за таа на Rybak имав исто мислење како за данскава и не ми се допаѓаше, на Loreen песната ја бендисав ама ако годинава пак некоја бушава боса победи тогаш треба веќе наредните години да им стане заштитен знак и да си знаеме како се победува... Инаку дефинитивно наместо Белгија, Холандија, Литванија, Молдавија, според мене требаше да се пласира Австрија и не дека се балкански песни ама беа 100 пати подобри песните на Словенија, Црна Гора..па и на Србија песната беше поинтересна во однос на тие неколку без врска што влегоа.
Се разочарав јас синоќа. Австрија беше најдобра и не влезе во финале. Срамота. Испадна дајте и место на Холандија, нема смисла осум години по ред да не влезе во финале, а само отвори уста момата и веднаш реков девета година. Кој гласал за тоа? Од екс Југославија само Словенија заслужи место, ама не биде работа, штета. Како убаво се изнасмеав на Црна Гора, не се нормални Тоа е она право нешто за Евровизија, и тие што не гледаат полуфиналиња(зборов? ) не знаат што пропуштиле. Ама ајде, барем џинот како новитет ќе биде во финале. Или нема да е толку интересен ако и баба Есма влезе во финале, поголема е од него Дивото дете од Данска не ми е фаворит, макар што ќе победи. Пеачки што звучат како да истрчале четири спрата по степеници нагоре и надоле, па тогаш запеале.... не ги можам!
Мојот фаворит е Италија Ништо претерано, ништо ненормално, убава балада а јазикот неможеш да не го сакаш па дури и кога те пцујат си мислиш дека ти изјавуваат љубов http://www.youtube.com/watch?v=X2C-ePvHfAs
Се разочарувам последниве години. Дали сум јас многу стара ама се знае шо беше евровизија кога бев дете. Од 26 песни од 8 до негде 14 обавезно ми се свиѓаа. Гледањето ни` беше семеен ритуал придружен со огромни порции пуканки во домашна атмосфера и памтам ги снимавме на видеокасети. Вчера како репер за тоа до каде е дојдено. Значи не гледав, се мачев и само шетав по други канали. Пукнав а откако испејаа дечките не ни вратив више. Си реков на интернет ќе видам кои влегле мада сите ми беа катастрофа. И шо и` беше филмот на Данкана таква неисчешлана со хаљина ко спавача, а и со гласот не се дружеше баш многу (мислам дека видов уште неколку неисчешлани, тоа е изгледа нова мода )? Буквално ко од спиење да ја станале и да и` рекле „Ај ела да попееш малце.“
Hи јас никаква еуфорија, а ко мала гаќи полнев дур да дојде 21 часот A исто гледам и другиве Hе е Eвровизија тоа што беше на времето сега ради реда се гледа, искрено
сеа приметив дека и боса била. Буквално ко шо реков, ко станата од спиење. Па и гласот таков и` беше. Ако таа била фаворит, не знам ...
да кажам збор-два за соседиве утревечер што се со нас грциве- абе седете си дома, и така нели пари немате се жалите, не трошете за жабе на вакви глупи песни начисто сум разочарана години наназад со нив,убаа музика имаат,го*на праќаат на Eвровизија A на времето преубави песни имаа, секоја им чест! блгариве, што да кажам со грдава песна, и гласот на таа, овие од фен тв поубаво пејат жал ми е само за екс ју што нема никој,ако и ние не влеземе,можеа црногорците да влезат A таа од Xоландија, ама ми се прикака од коментарот нејзин,демек се смеела какви ужасни песни,ојјјј ти коковче едно твојата каква е
Jaooo, па јас вчера толку сконцентрирано сум гледала што ништо не сум напишала тука. Малце ми е криво за Словенија и Црна Гора, требаше да влезат, или барем една од нив. А Белгија, Литванија и Холандија ич не ми беа за во финале, ама ете кутрите Холанѓани решиле да ги израдуваат. Уште утре ако влезат Бугарија и Грција... Иначе... украинската песна Леле луѓе, како е можно да не ми паднала во очи, не знам како не сум ја приметила кога ги преслушував на јутјуб, срам да ми е Препрепрекрасна е Па уште спотот, видете го... http://www.youtube.com/watch?v=pBBzyg_m4Qs Од оваа вечер Украина и Ирска највеќе ми се допаднаа, па дури после Данска. Не знам, изгледа не испеа баш добро, како што кажале некои форумџики погоре, не испеала баш многу добро. Од побавните песни Италија највеќе ми се допаѓа, а и руската е добра. Има доста добри песни, ама главниот фаворит не си го менувам - Германија Многу ми е јака песната, енергична, сакам такви песни. Утре ќе навивам да влеземе па мислам дека и би требало
Очекував синоќе Аврстрија да влезе онака убава ми беше песната но не.. Холандија really? Мислам песната немаше врска Од Србија спомнав и претходно многу сум разочарана за песната што ја пратија ..ајде каква е таква е песната ама барем добро да ја испеат.Па и стајлингот каков им беше Од тие што влегоа ми се свиѓа песната на Данска и Русија.Од Германија исто ми се свиѓа песната од Cascada.Сега ќе ги преслушам останатите па ќе коментирам. http://www.youtube.com/watch?v=Y77A9-hQAp0
Да не знае некој во која кладилница има за евровизијава? Инаку, мој фаворит е Италија.. дечково има совршен глас, прекрасна песна. http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... 2C-ePvHfAs
Всушност не ми се допаѓа одлуката. Песната би била подобра без Есма, но тоа е. Ќе видиме што ќе направиме вечер
Композицијата од нашиот јужен сосед, не е нешто посебно, ајде бе да влезиме, баш сакам јас единствени да бидиме , Бугарија искрено мислам нема шанси за да влези http://www.youtube.com/watch?v=G3k2MOJOkKg http://www.youtube.com/watch?v=_Pf-ZCI-UuA А овие Албанциве убо музиче имат Болка ми е за србите, убо песниче имаја http://www.youtube.com/watch?v=LW7TAdytfww
Јас сум за да се забрани пуштање во етер на евровизиските песни пред Евровизија. Да чуеш некоја песна за прв пат, или по милионити пат - не е исто. Така беше и со Лана и нејзините Сателити (ја отекоа на сите музички канали и по радио), така е сега и со данската песна. Некои песни не влегуваат во уво од прво слушање.
Женски, тие што велите дека Евровизија не е тоа што била во право сте, ама оној делот со ритуалите за време на гледање, тоа не е до Евровизијата, туку до вас. Сами ако не си направите да ви е интересно, нема да ви биде, нормално. Еве, годинава има крш песни, ама небитно, јас како хард-кор фан на Евровизија си правам самата атмосфера - пуканки, пиење, друштво и убаво ми е. Пред две-три години имав набавено и мини-знаменца за навивање. Што значи, ваш избор е како ќе гледате на целово ова случување.
http://www.youtube.com/watch?v=u_iXcj3YE3k од тие што не влегоа ми само оваа ми се свиѓашее интересна е
Јас штотуку видов дека Бони Тајлер оди на евровизија Ми се допаѓа многу песната. https://www.youtube.com/watch?v=cqXk_FRw62Q
Баш во нејзин стил, ми се допаѓа. Мислам дека тоа е и проблемот со повеќето земји. Преку година имаат прекрасни песни, кога ќе дојде Евровизија ептен се напињаат и резултатот е некое с***е. Песната да е добра и певлива, друго толку и не е битно. Овие земјиве ко Велика Британија, Германија и сл не се замараат со пласмани пошо им се загарантирани и не ретко праќаат супер песни.
Абе колку се по крш песните толку повеќе вино се наточи Оваа година е кај мене паричката за јуровижн парти. Има да ги дрвосам сите додека дојде време за гласање Полуфиналните вечери сама ги гледам, и освен што ја следам нашата песна, за да ја искритикувам патриотски нели како што е ред, за другите не отварам, си запишувам за секоја по што ми останала во сеќавање, како една ми личи на Селин Дион, оваа завива како задавена кокошка, ворлд пиис реклама, или еве, чекај чекај џин ја носи пеачката на сцена, и така си одлучам кој заслужил финале и кај би се сместил при гласање, на лево или десно од табела. Е Британската не можев да ја избегнам, бибиси радио 2 на секој саат ја рокне , белив ин мииииииииии ииииииииииии јеа Туку, не знам дали да дувам жолти и црвени балони за декорација ако влеземе во финале. Епа оти да не, кога може Холандија со птици паѓаат по кровот - можеме и ние! Верувајте! Леле еуфорија ме фаќа, жени!