да ги кажам и јас моите импресии од полуфиналната вечер .прво да почнам со негативни критики:имаше доста песни без смисол,а најмногу сум разочарана од црна гора со песната игранка ноу комент.србија исто мн ме разочара,море сите балкански земји ме разочараа,се надевам и нашите нема да се обрукат.мислам Vлатче сам да го пратевме подобро ќе беше,не ми одат во пар со Eсмичка .холандија ептен безвезе па уште и во финале ја пуштија.за Aвстрија ми е жал што не влезе,а фаворити ми се Dанска и Fранција!сега останува утре да видиме дали ние ќе влеземе во финале,некако имам претчувство оти ќе влеземе .и за крај нека победи најдобриот
Со оглед на тоа што нема досега ниедна песна во финалето од поранешна Југославија,баш би сакала Македонија да се пласира во финале. Второто финале ќе биде според мене со далеку подобри песни за разлика од првото.Еве вака според мене кои би се пласирале,не само според песна,туку политика и евровизиска историја,бидејќи Евровизија е се,освен избор на најдобра песна. Азербеџан Финска Исланд Ерменија Унгарија Норвешка Албанија (не им ја знам ни песната ама поради големата дијаспора 100% ќе влезат) Грузија Романија Република Македонија Тоа е се,па ќе видиме утре вечер колку сум погодила.
Девојки денес или утре е втората полуфинална вечер? На радио кажаа дека е денес, ама нели еден ден пауза треба да има...?
Ако победи Данска,другата година ке ја соблечеме Лоба боса,ке најдеме зурли и тапани и ке одиме на евровизија
Втората полуфинална вечер е утре во 21 часот. ___________________________________________________________________ Ајде и јас да си ги кажам своите импресии. Најпрвин никоја од поранешна Југославија не влезе во финале- и за право не беа нешто многу добри песните, можда така на Словенија ми се бендиса повеќе од сите други од поранешна Југосавија во првата полуфинална вечер ама ете и таа не влезе.Ова секогаш било политика и секогаш ќе биде! Ако 40% е музика тогаш 60% е политика па така и Холандија си влезе а песната беше катастрофа! Многу повеќе очекував од Хрватска (незнам зошто) а Црна Гора знаев дека ке има некоја таква песна поинаква од другите држави зошто секоја година имаат некоја песна шо не минува кај Европејциве.. Се надевам дека второто полуфинале ке биде подобро и се надевам дека ке влеземе во финале Иначе ако влеземе цела СФРЈ ќе гласа за нас
Под услов да и` се напраи ремек дело песна од типот на „Волку волку“ инаку џабе ќе ни` биде. Само да не не` зезне па да се исчешла пред настап. Тогаш дури све отиде у вода.
Ајд и јас да прокоментирам за песните од првата полуфинална вечер. Искрено незнам што имате толку многу против данската песна и пејачка, баш си е добра има и мелодија и ритам и певлива е. Мене искрено таа ми е фаворит за победа. Инаку криво ми е за Австрија што не влезе во финале, навистина добра песна имаа оваа година и истата беше какде каде подобра од песната на Холандија. Друго шо ми е криво е то шо од Балканов наш никој не влезе, а требаше барем Словенија ако никој друг. Ама ај затоа па ние ќе влезиме во финале и сите други за нас ќе гласаат . И потполно се согласувам со една од феминките над мене, и јас сум да се укине предвремено пуштање на песните во етер. А и за малку ќе заборавев и Украинската песна ми е убава, а и Руската ми се допадна. Од овие од големата 5ка, најмногу ми се допадна песната од Италија. Ајде сега останува да видиме што ќе направиме ние и во петок сите стискајте дома палците за да влезиме во финале.
Во Спортлајф. Ја денес уплатив, ама утре појако ќе удрам на 3-4 посигурни. Мене ми е сеуште традиција да гледам Евровизија. Ко мала стално попуштав до даска кога пејат нашите, и обавезно на крај си поплакував, пуст патриот.
Луѓе кога ќе има реприза од првата полуфинална? Инаку не можам да сфатам зошто не влегле Црна Гора, свашта!
Ама ми е чуден Влатко без наочари. Спојлер Еве ја иначе пробата, со облеката. Најверојатно вака ќе бидат облечени... Поточно за Есма се знаеше. http://www.youtube.com/watch?v=w5heCrN65AM&hd=1 Дополнување: Есма - Иначе можам да кажам дека во Македонија има многу убаво јадење. Имаме 3 језера, писмото е.. мислам... културата на православјето... е уствари од Македонија. Кај нас само не расте банана и помаранџа, друго све расте. И што е најважно многу е евтино да се јаде, тоа е најевтина земја која можете да ја посетите, да се... да има убава храна, убаво јадење. Имаме најдобро вино, најдобро вино. Влатко - За што праите муабет? Есма - Си ја презентирам земјата, што ти е тебе? http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... BMYxE&hd=1