Катастрофа песна како и секогаш. Ах бре Влатче што ти требаше ова што убави песни си имаш кој ли те натера ова да го пееш. Не ,ми се верува ај овие што пеат ок туку овие што пишуваат текстови и музика за евровизија што инспирација имаат .
Вака на кратко. Зошто на пример не пратиме некогаш песна која ќе звучи навистина да речам победнички, значи кога ќе ја чуеш да има таква енергија што ќе ти ги насолзи очите и ќе те наежи и ќе почувствуваш трема ко ти да си на сцена, а наместо тоа праќаме тешки филозофски мисли околу животов и што всушност претставува тој,а во позадина просечна мелодија?
Се разочарав искрено. Како можи во текот на цела година да излегуваат од убави поубави песни кога ќе дојди ред за вакво нешто се нешто БОШ праќаме
http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... fB4nvQvZPI Текстов ми е благо изменета верзија на тешкиот филозофски текст на Копров: Мојот свет се вика музика, нема вера ниту граница.
Оуууу, каква утка! Стварно очекував музика и стил на песна како Raise up your hands и стварно сакав Есма на ромски да запее зашто во тоа е нејзината магија. Па да има труба, па хармониче, па и модерно, нешто што ќе вришти МАКЕДОНИЈА Е ОВА. Благо ретардирана мелодија, текстот одма знаев за што ќе биде уште кога го кажаа насловот.. Значи имаме недоквакани и толку самобендисани текстописци и аранжери кои УПОРНО не знаат што прават...... хаос.
Се мислам дали треба народов да се побуни и да дава потписи (една петиција) да се елиминира песнава и да се прати нова. Ова е невиден OUT
Почетокот искрено ми е убав, знаев дека ќе прочитам уште одма негативни коментари, вакви коментари имаше и за Калиопи дека песната е катастрофа, ама после сите леле уба е песната вака така, мислам дека не се суди уште од првиот пат. Пенсата искрено не ми е лоша, ама Есма не ми е баш нај нај во песната. Влатче ми е супер како и секогаш, скоцкан и сл.
Мене навистина ми се допаѓа песната. Барем нема да се избрукаме како некои претходни години (пр. кога беше Влатко Илиевски или XXL ). За песната...спотот имам само пофални зборови пред се ова се два ПРЕКРАСНИ ВОКАЛИ СПОЕНИ ВО ПРЕКРАСНА МЕЛОДИЈА.
Сите викаат да и дадеме поддршка на Влатко и Есма. Го сакам Влатко и го почитувам како пејач,а исто и сограѓанин ми е. Ама песнава,вистина дај нека направат нешто друго зошто после,не ни се смејле...загреота сме.
Песнава е са, са, са, дупса, дупса. Нема емоции, празна, бледа... И онака немаме шанси, па не е нешто трагично и за потресување.
А добро мене друго ме занима. И Есма и Влатко двајцава се искусни музичари.. и добро, не можат да препознаат убаво од неубаво? Мислам.. кога го слушнале финалниот продукт, можеле да сугерираат одредени промени. Затоа што не треба да си експерт бре за да се свеснеш дека песнава не чини.
Во шок сум. Како да се здружиле браќата срби, бугари и роми и направиле некој беден микс од сомнителен денс, турбофолк и бесни чочеци. И ова импровизирано спотче е толку кичесто, за срамота. И грев е вокал како Влатко Лозановски да пее ваква... што е ова - зарем е достојно да се нарече песна? Ужас, а мислев дека нема полоша песна од Мојот свет на Каролина. Ќе плачете по тие времиња кога поеја Мартин Адам и Ѓоле д фиш...
Виножитке ме пресмеа.....са, са ,дупса ,дупа Инаку мој предлог според спотов каква ,,Империја'' какви бакрачи..... Наслов ОРИГИНАЛЕН ,,Скопје 2014''