Да ме извините, ама после песната на Бугарија заглавив во вц и ништо друго не слушнав. Кај одат бре? Тахикардија човек да добие. (Потресена сум вечерва. )
Ах ете го точачето од Есме видителкава и го позајмила,само Есме наша е по типка под фустан го тера точачето
Чујте и почујте,членови на форумов што сте во други земји,земете ги телефоните во раката и гласајте,пуштете повеќе пораки,не жалете пари,одиме на победа годинава,Есма сите ќе не посвоела ако победат
Сите што сте во странство, можете да гласате за Македонија и преку апликацијата за Ајфон и Андроид - Eurovision.
Леле оти водителкава упорно кажува Влатко Лозаноски-Лозано, Есма, Елеонора и Нина??? Сваќам дека има и придружни вокали, ама тоа се само придружни вокали....
Епа и тие придружни вокали ја прават песната заедно со Влатко и Есма,така и треба,сите заедно се таму на сцена.
Кога сме веќе кај бек вокалите, не ми е јасно зошто секогаш ама баш секогаш толкав акцент се става на придружните вокали. Мора да има повеќе од еден, во случајов два а во предходните години и повеќе беа, и плус ме нервира што се статични, не мрдаат туку само отвараат уста. Немора да изведуваат акробации на сцена или нешто такво ама мислам дека треба малку повеќе да се вклучат во настапот.
^Луди не лажи, последниот го сакаш знам јас Мене еден од грците ми фати за око, или е до нив или е до чорапите не знам
Девојки морам да ви признаам дека со вашите коментари Евровизиската вечер ми ја направивте 100 пати поинтересна.Слатко си се смеев