Песнава ме изненади, ич не ми е убава. Мижеле да се потрудат малку шо е ова Ние и онака немаме кизнај колкави шанси за успех па со песнава и тие шо ги имавме се намалени, најискрено. Требало нешто подобро да направат, па господи боже имаат вокал како Лозаноски на располагање и тие што направиле?? Песна за на Златно Славејче а не сум ни сигурна дека и таму ќе постигни нешто. Видно сум разочарана од песнава и толку, само ќе кажам со среќа!
Мене ми е најмногу жал за Влатче. Не заслужи со ваква песна да оди на Евровизија. До толку немоќен ми изгледа во ситуацијава, што ради каприците на една жена ќе оди таму да се избрука и да му стои името до една ваква резил песна. А можеше многу повеќе, само преслушајте му го новиов албум. Дури онаа со Гаџа во 2006та е попевлива за уши (колку може да биде), отколку мизеријава.
Ау, се засрамив слушајќи ја Ова ли се нарекува песна, па уште и евровизиска? У-Ж-А-С. Од невидени размери. 1000 музички жанрови помешани и склопени во една толку лоша, напорна за уво мелодија. Најлошото досега, убедливо
Ај и јас да си го кажам мислењето на песната. Мене не ми е толку екстремно лоша (не сум толку остра критичарка ), ама не ми се ни допадна многу. Ништо посебно. Звуците на почетокот ми се допаѓаат, ама тој микс на денс со етно и ромски труби ич не ми е по вкус. A текстот...клише... Според мене многу подобро ќе беше песната да ја пее само Влатко и без трубите и етно-елементите. Како и да е, ќе навивам да се пласираат барем во финале. Кога ја слушнав грчкава песна, уште комбинирано и со стајлингот на пејачите, пукнав од смеење На овие местото им е во циркус бе, не на Евровизија Не дека ги мразам Грците, туку стварно многу им е глупа песнава. Па можеле подобра да пратат, претходно имаа добри песни. А за германската . Уште кога прочитав дека ќе иде Каскада, се знае дека е полн погодок. Прејаки се. Друга песна што ми остави впечаток од овие што се објавени е онаа на Данска. http://www.youtube.com/watch?v=VL17Pdghdvo
Како што поминуваат годиниве, се повеќе добивам впечаток дека нашиве претставници не одат со некоја желба да не претстават убаво, туку само за да си се прошетаат. Сфаќам дека скоро никогаш не праќаме убави песни за на Евровизија, ама ова бе. Сериозни се со песнава и спотов? Песната едно те исто вртење во круг, а спотот ко реклама за Скопје 2014. Мизерија.
Единствениот што вмешува политика во спотот си ти!! (и уште некои други што само на тоа мислат) Но кога странциве ќе го гледаат спотот тие не знаат дали Есма е "дел од гратско собрание" или не. Тие ќе ја видат Македонија и Скопје. Сега за песната.. Бидејќи ниедна песна не ми оставила впечаток на прво слушање па така ни оваа.. Но мислам дека има амбиција да ми се допадне (барем мене да ми се допадне ) Многу е подолу од ланската и можеле мнооогу подобро да ја направат со вокалите што ги имаат. Според мене најдолу од се е текстот. Музиката може да помине интересна е!!
Ах, целиот спот не е политика. Немаме ние со што друго да се пофалиме, па ни останаа спомениците. За самопромоција на делата на една Влада си постојат кампањи и рекламни спотови, не треба да се меша со музика. Македонија и Скопје не се само споменици. И политиката е вмешана во целиот спот, така да јас можам свој коментар каков сакам да дадам. И градско е, а не гратско.
Ги читам коментариве на јутјуб луѓе бре ние се испокаравме еден со друг а странциве секаде по форумиве ни ја фалат песнава!!
Најјако нешто се сека секаквите коментари по интернет Од типот: -на авторот да му се забрани да компонира песни понатаму во животот -Иперија се римува со мизерија -Ако тато и мама не ме тргаат од компјутер, песнава во рок од минута ме тера да го исклучам копјутерот -бруковизија -Цела вечер ќе имам кошмари. -Империја! до утре сигурно ќе има уште многу многу повеќе
Веројатно текстот е тоа што нас не иритира, целата таа филозофија околу животов. Странциве не разбираат, па... Инаку, со оглед на тоа што има доста роми надвор од државава ништо чудно да влеземе во финале,нели ке има кој да гласа, ма да НЕ Е БИТНО тоа, навистина, битно е да се претстави државата во најдобро можно светло, јас така ја сфаќам Евровизија..како промоција на земјите. А ова не е најдобро светло, дефинитивно.
Боже, Боже, во музејон ги бапнале, м? Е браво бе Како сите пеат за љубов, мубов и слични ствари, ние и откако ќе ја растуриме државава се за неа ќе пееме Ич не ми е убава! Ич!
Кога објавија кој ќе не претставува на Евровизија годинава, имав големи очекувања, дека ќе им направат прекрасна, впечатлива и пожива песна. Единствено што ми се допаѓа од песната е почетокот. Би било добро да сменат барем дел од композицијата, да вметнат кулминација.
Добро е што изградија споменици, да иаме кај да снимаме профи спотови Шта речи а не заплакати, незнам зашто очекувавме нешто различно да не сакавте да рапува есма? И јас се чудам што Ферус го нема, можи ќе го убацат до евровизија, не се секирајте. Есма самата како појава ни е јака, не ни треба декорација на сцена дополнителна, и на тоа мислеле пари ќе се уштеди. И јас ќе кажам греота за Влатче, не го пуштија сам да оди, со некоја балада во негов стил, немаше да победиме, али барем чоекот да си се престави, од МИЛА нема чоекот у преден план ни да се прближи оне ни е нали, нај нај..
За идната година јас сум за Шашко Коцев со Субрата Рој да го пратиме. https://www.youtube.com/watch?v=T8koB34XXfw
Леле мори мајко. Дал' да плачам или да се смеам е работава. Грујчо да не го пишувал текстов бе? А сигурно и режисер на спотов бил. Гарант. Јас ни двајцава не ги сакам ама ич, така што и немав некои големи очекувања. Во секој случај, им посакувам среќа. Ќе им треба.
[СДК] Сакам да кажам... Е ај со среќа на Евровизијата, со песната ИМперија Абе има ли погрдо нешто од таа песна? Додека ја слушав цревата ми се испревртија, ко да слушам песна од Суперѕсвезда или Златно славејче (и тие имаат подобри песни)..И од кај им текнало Есма и ВЛатко заедно да пеат? ЛОша идеја , според мене