^ Мене баш ми е симпатичен тој нејзин патриотизам и пасионирано навивање. А дека не бевме најлоши, не бевме. Досега од Владо Јаневски и Калиопи сум најзадоволна од сите што не` претставувале на Евровизија. A најголема грешка ни` беше што не го пративме Гиш со „Самовилска свадба“. Во срце ми остана таа песна. http://www.youtube.com/watch?v=qfXUXSwsRzw
Грција? Немам ништо против нив,ниту државата,но песната им беше катастрофа.Ние бевме едни од најдобрите.Не дека сум македонка,туку навистина убаво испеаја и требаше да влезат во финале.
Ја прелажале, пластични циркони и ставиле парите за џабе им ги земале Ај луѓе отидов цигара да запалам, скренав! уште се смеам на реакцијата на кокава, хахахах луѓе заплака, заплака ејјјј, јужнио сосед
Фактички, само Грците влегоа... од поблиските соседи. Никој друг. Епа „супер“... тогаш сите ќе гласаат за Грција. Гарант ќе бидат на високо место.
Жени бре, што се чудите, па зарем очекувавте да влеземе . Не ги слушав другите песни, доволна ми беше нашата. Јас не би ја пуштила за во финале. Браќата Роми што прават вакви цигански работи, не гласале бре . Којзнае што пеала Есма, можеби се налутиле . Превод некој да не знае
Мислам песниве шо влегоа во финале, сачувај ме Боже! А оние цуците да се издрпаа на сцена и правац прво место! Свашта!
Не знам зашто има толкава потреба да се меша патриотизам со пеење. Имам другарка која ги обожава суперхикс, а грчкаа песна и била лоша, а малтене истиот стил е. Зашто, само зашто е Грција? Глупости, музката не познава раси, граници и патриотизам. Нека ја прекрстиме у полтиковизија, зашто избор на песна не е. Грција од сите балкански имаше најуава песна, вклучувајќи ја нашата.
Кога ќе отиде Македонија во НАТО, ЕУ, може, тогаш ќе победиме Јас не гледам, шо ќе гледам, ќе се нервирам за џабе, ја слушнав нашата на нет, па не ми изгледа ептен добра сме имале и подобри песни.Иако ја имав слушнато претходно, подобра беше, ама сега настапов, не беше баш добар.
Се е наместено мислите се води евиденција за кој се гласа , подобро и да не се учествува доволно е само што не пишуваат Фиром
Есма е навистина пејачка во својата бранша,но...овдека беше вишок.Мене ми звучеа несинхронизирано,како едниот да го бркаше другиот со гласот.
Унгарија Спојлер ѓубре песна Финска ГРЦИЈА А Оној последниот која држава беше заборавив.. кокошка невидена.. и тој влезе Немаше да ми е толку криво да влезеше Израел наместо Грчка И сега фали да им дадеме поени на Грците!!
Битно се изнасмеавме за цела недела со коментарите, исто време, закажувам средба у сабота, ќе се смееме
Јас, Есма еве пејам, вашите срца јас ќе ги стоплам Јас, Есма еве пејам, вашите срца јас ќе ги стоплам затоа со половината мешајте ајдете станете сите Роми