Јас сум многу одамна за тоа да не се оди на Евровизија, ама ајде де... нашиве пејачи мислат којзнае каков успех е до таму да се оди. И шо, фино лепо или не влегуваме во финале или во најдобар можен случај сме нешто под 14 место. Глуп избор, глупи песни. Не ги хејтам нашиве, да се разбереме... туку онака, ми е жал искрено за Есма и Влатко ако стварно мислеа дека на вакви исполитизирани манифестации можат нешто да направат. А, не го ни гледав вчерашниот избор. Интересно беше шо седнав баш пред гласањето на 10-те финалисти. Уште пред да почне водителката да ги кажува, му погодив на дечко ми 9/10. Исклучок ми беше Ерменија. Ми вика после: дај си рака. Шо дај си рака, ептен е предвидливо е*аго!
неможам да се воздржам да не го постирам коментаров I love a good duet. But Esma is… unexpected. Xtina, this could be you in 1.5 decades!!! At least Lozano appears to be in on the joke. But is Esma? Since I can’t understand it, it comes off as Lozano singing this serious song and he is occasionally interrupted by his crazy aunt Esma with the burgundy head wrap. *** и сликава
nasite si bea Super ubavo se pokazaja toa e moje mislejne imase katastrofalni pesni sto zaslusuvavme barem da vlezime a i vlatko sam da bese sto mislete Deka Ke vlezese vo finale nema sansi se znaj od napred Deka nemase Abe makedonjia i Jennifer lopez da ja prati nema da uspeeme zatoa slednata godina da Ne ucestvuvame podobro a i nasite peaci nema da gi kudime sekoja godina evrovizija Stana zirkus i se e politika Za zal spored pesna da se odberuvase odamna Ke pobedevme :roll:
Прочитав вчера коментар на фб и се исмејав..."Јадни матурантки сега неможат материјал да најдат за фустан, Есма цел го собрала" А ја мислам јаден Влатко, кога не знаевме да го пуштиме детето со Блиску до мене, ако им е, секоја година исти промашувања и грешки прават.
Баш леле леле.Па добро доста есма ја форсираат нека оди нека одмара веќе доста и е нека ги пушти младиве па ако треба последно место нека бидат.После ова верувам ќе се откаже од кариерава
Нема врска дека неможеме ни во финале да влеземе барем, демек Македонија сме. Доста се тешите така. Може неможеме да победиме, ама финале влез не е поим момент. Прав избор за сите овие години што сме го пратиле беше Елена, млада, убава, згодна, атрактивна( што значи прво окото ви го задржува и останувате да ја слушнете), во комбинација со лесна песна, со прост текст кој се повторува и нема шанси да не ви влезе во глава, музика брза, со можност за денс моменти! Затоа и најдобар пласман направи девојката, беше прав погодок за таа евровизиска сцена. 2006 год она па и небеше нешто со мн години искуство, и Балканов незнам дали ја знаеше, ама ја дознаа, памтам Ерменија полудеа од Елена, и поени ни дадода многу, обожаватели, интервјуа. Штета што не ја земат неа за пример. И да, аманте со тој некој вид патриотизам да се пее на македонски.. Па луѓе како ќе им влезе песната кога текстот не им е јасен и певлив, туку редиш зборови на македонски, мислиш на струшки вечери на поезија се спремаш, а не за евровизија...
Луничка, интересното е што и на едните и на другите им успеа синоќа. Да не е ова некоја порака и препорака за догодина?
Ај пак јас ќе ја тргнам нашата песна на страна...ама од вчерашната полуфинална вечер што одат во финале Mалта, Исланд, Ерменија, Унгарија, Грузија Нема да гледам финале, не за друго туку заради тупавиов избор на песни...досадни се за слушање. Јас сакам кога на евровизија има певливи песни за денсање, не мора да се победнички. Секогаш сум можела да издвојам неколку такви ама ова годинава во глобала се дно!
Ова не е евровизија ова е Скандинавиан сонг контекс, нас балканциве не шутна паметно Босна што не отиде. А фустанот на Есма за нигде беше и тоа креација на Елена Лука само ставај таму материјал каде ке стигнеш, да беше само Влатко поубаво ќе излезеше песната тоа е памет друг пат да не отидеме на евровизија.
Како ние ги разликувавме тие глупи песнички вчера една од друга, кога погодувавме кој може да влезе во финале? „Невестата, Дракула, Дедото, Хипстерот, Аладин, Евтина копија на Денерис, (Јуве) Геј-парада, Принцезата и принцот, Хепи фејс (оној „симпатичниот“ според Каролина, мислам дека од Малта беше, ко да му акнале ботокс директно пред настап, насмевка не симна од уши). Дали сум разочарана? Секако дека сум. Политика или не, криво ми е, и имаше едно 20 пати поглупави песни од нашата, вклучувајќи ги и оние од првата вечер. Водителката - евтина и мизерна, фустан ала Фереро Рошер наопачки, фризурче торта, сомнителна шишка, и не се пресоблече во поасален, земјо Шведска - толку ли си во криза? Влатко пееше феноменално. И ослабел и одлично облечен, значи бонбона, не промаши ниту една нота, дури испеа поубаво од оригиналната верзија. Есма - што да се каже? Џајн`т капкејк, од толку црвено успеала да расипе неколку телевизори, дречеше. Придружните вокали јас не ги слушнав да бидам искрена. Можеле на Есма да и` сошијат фустан како нивниот материјал, тој дел беше ок. Мило ми е што убаво се претставивме и што не слушам коментари од типот - ти реков - Империја требаше да оди.
само едно ќе кажам Лозано ја испеа прекрасно песната подобро пее во живо стварно ептен прекрасен глас многу убаво БРАВО
А за странциве со “досетливи“ коментари за тоа како сме настапиле, немам коментар. Влатко како испеа, совршено како од цд без најмал фалш, повеќето може да сонуваат за такви пејачи. Кога ќе ми текне дека паѓаат у несвест по Ники Минаж, Џастин Бибер и слични на нив, ги разбирам. Имаат многу поинаква перцепција за тоа што е пејач од нас. Била замотана, накитена, нашминкана Есма. Па била. Тоа и` е имиџ. Бар не беше боса, неисчешлана, како станата од спиење. Успех е песна која не беше ништо посебно да ја доловиш на таков начин ... и тешко е. Си држам до тоа дека бевме сосема океј. P.S. Шо е муабетот со гаќите на Есма? Само ќората Теси ли не укопча?
Имаше по порталиве дека во Вест објавиле како Есма имала купено ѓаќи со сваровски кристали што ќе ги облекла наопаку пред настапот за да разбие малер.
Првата вечер (кога испаднале сите балканци) не ја гледав, но доволно беше што ја гледав втората вечер. Ахххх, па тие песни од минатото на Евровизија, што толку ги исмејуваат биле милион пати подобри од овие "модерниве" Влатко е квалитетен пејач, како што беше и Тоше, за Есма ноу комент, секогаш ми била многу проста, некултурна, необразована личност, џабе што има пари и станал популарна, но со гласот сигурно не станала. Ми се приспа од песните. Како што кажа трендафилка, така и ги разликував песните-дедото, невестата, педерчињата, металците, пискалката од Бугарија. Но тој хепи фејс сеуште не можам да се изначудам како пееше така окезен, пробував дома да видам дали е можно истото, никако не ми успеваше толку да се насмеам и да можам да пеам во исто време. А тој од Унгарија, лелеее досада жива, како почна така заврши, никаква емоција, никаква песна, за греота. За финалето ќе бидам на свадба, пу јазк среќа у несреќа, или можда само среќа
Јавен повик до сите екс Ју држави - во сабота никој да не гласа! Ако веќе морате, ај за Бони ако може