[СДК] Сакам да кажам... Империја, најголема сила на планетава! Од сите зборови и логики, оваа реченица ја склопивте? Не ми се верувам. Ми е гајле за спотот, песната е ужас. Лозано мислам од срам не знае кај да се скрие во спотот.
[СДК] Сакам да кажам... ОД секогаш сум ја почитувала Есма како уметник и како личност.Можам комотно да кажам дека ми е мегу омилените естрадни ликови,ама после песнава шо е за Шитовизија тоа поштовање некако се намали. Не дека плукам по македонското,ама стварно сме катастрофа коа станува збор за музика.Убедливо секоја година се полоши и полоши песни пракаме.Очигледно на овие од МРТВ намерата им е да се заебаваат и да го ругаат македончето. Алал !
Ауууууууу.... Ова несакам да го гледам Се срамам. Зарем ќе одат на Евровизија со ова? Де ве молам да собираме потписи за овој резил да не се деси!! Дефинитивно оваа година нема да гледам Евровизија. Импреија...која империја? Македонија-Империја или што е поентата ?? Овие спомениците и музеите да не се империја?? Абе ова е жива мизерија Така требало да ја крстат песната.
Јас мислев дека лани беше врвот, ама сум згрешила... Покатастрофа песна ниту сме имале ниту ќе имаме. Зошто не се врати Скопскиот фестивал кога барем имаше каков таков избор на песни? Подобро веќе да не се брукаме и да не учествуваме на Евровизија, или да се опаметат и да направат подобри песни, зошто народот ниту е глупав, ниту прост и знае да процени добра песна, а оваа дефинитивно не е.
Немојте да ми играте на карта за патиротизам и сл. или како на сите од странство им се свигала песната, а нас не. Да бидеме реални патиотизам не е ако поддржуваш нешто што доаѓа од твојата земја по секоја цена што е шунд и кич! Патриотизам е да кажеш, мојата земја е подобра од ова. Лута сум зашто досега ова е најнеквалитетниот спот и песна што сме ги создале за Евровизија.
Не, не, значи ова е навистина премногу за моите уши. И не можам да слушам како викаат греота Влатче, не е греота бе, што не одбил да пее, ама му се шетка и него, му е гајле каква ќе е песната. Е тоа не е пејач за мене и точка. Замислете на Калиопи да и дадеа неквалитетна песна, можеби и немаше да прифати да пее. Спојлер Не за џабе поранешниот сопруг и ја правеше песната Јас може да се зезам на сметка на Ѓоко Танески за тоа што го издрнда на англиски, може да се зезам за тоа колку Калиопи замара со говори, ама никогаш па за нејзиното пеење или песни не сум рекла дека се неквалитетни. Може да не ми се допаѓаат но не се неквалитетни. Има разлика. И не е дека сe' што е наше не ни се допаѓа, нека направат нешто квалитетно ќе видите колку ќе кажат дека им се допаѓа. Бар поголемиот дел. А сега сите се сложуваме дека ова не чини.
Леле бедна песна, не можев да си поверувам кога ја слушав прееска. Што е ова, од кај го извадија, како го склопија, да пуцкетаа со прсти во некој ритам додека пеат ќе беше подобро. Ужасно, ужасно... Мислев дека Мартин Вучиќ е дното, не бре бате, овоа е за во земја да пропаднеш. А на странците им се свиѓала, пф... Само некои вакви циркузанти им требаат на Евровизија, веќе не знаат што да направат. Абе да го пуштеа Влатче сам, младо, убаво дете, па со едно кошулче фино, па гитарче, абе ќе гласаа девојчишта по Европа. Вака.... страшно. Ужасно.
Ни песната ни спотот не чинат, тоа е Македонче кога треба да се претставуваме некаде го праќаат најлошото. Влатко ми е еден од омилените Македонски пеачи, значи за Влатко не кометирам. Тој има далеку подобри песни и спотови одколку оваа. Есма ја почитувам затоа што е хумана, има огромно срце и фантастичен глеас, и да имало друга песна јас мислам дека ќе сме успееле нешто, а вака со песнава, не гледам добри резултати... Катастрофа
песната за никаде,пејачот бетер,есма исто,све на све катастрофаааа кога Тоше го упопастија со таква песна,што остана за другите....
Не знам дали ситуациjaва е повеке трагична или комична. Што е ова бе луге мили во коj жарн прво да го сместиме турбо фолк, со хаус музика? А спотот што, владата промоцja cи правеше, па ова демек е нивната империja ? Колку и квалитетни вокали да се пуштаат песната секогаш била утка, освен Владо, според моj вкус.. Ехеее одамна.. Даjте квалитетна екипа соберете, добар аражман. И нели народот има право на глас, ни избор, ни некакви предлози... Катастрофа..
А чекај јас стварно не сфатив, што, наложена е песнава, колку што знам, немаше избор, ништо немаше така? Па на кој побогу му се свиѓа што ја избрал, освен тој што ја аранжирал, на децата на Есма и роднините на Влатче од што мора да им се свиѓа? Дно дна.
Немаше да коментирам сега, ама ај, ќе си кажам. Воопшто не се возбудувам ради Евровизијава, мислам дека и не треба ни да постои, имам кажано, да не се повторувам.Мене песнава не ми се допадна, само малку насловот на истата Империја, ме замисли, дали пак е само ради тоа дека како музиката е империја или е во сосема поинаква конотација со оглед на тоа што нели, на Евровизија, односно е отповеќе јасно по кој терк се бирааат таму победниците.Особено, што стандард се присутни некои држави и секако секогаш директно одат во финале или нели како и да е сега направено. Тоа ми е смешно. Оти ова веќе се знае дека како се одвиваат нештата, тогаш мислам, нема апсолутно никаква потреба од камуфлирање на политичката игра. Во сооднос на тоа, сега пак во нашава песна се спомнува империја, делува како случајно, а како и уште едно демонстрирање на македонштината, па е како малку невидлива провокација.Мене така ми се виде, а сепак и со самото спомнување на империја, е како индиректна порака, ако се гледа од друг аспект.Во однос на одбирањето на песнава за Евровизија, тоа што им се допаднала на тие што ја одбрале, нивно право, немам што да се мешам, секој различно размислува.Навистина не очекувам позитивен резултат од ова, знаејки што всушност е финтата на Евровизијата, се чудам како толку им е интересна и што воопшто и постои.Делува како бојно поле, не како убава манифестација.Сепак нели циркузот во светов, мора и некаде традиционално да се претстави во такво светло.Тоа е.
не ми се допадна песната, вчера спотот го дадоа и сега ми е јасно зошто толку споменици имаме се е опфатено во спотот, значи за тоа сме се спремале иаку евровизија според мене може да иде и без песни, директно да има гласанје, бидејки за џабе се пее кога секој си гласа за комшиите, тое може да се одвива и без песни нели?
Ајде де, не е толку страшна. Тоа што во Македонија политиката е на топ ниво на разговор и на телевизија па знамињата и спомениците во видеото вадат во очи. Па и насловот Империја оти на нас ни значи нешто друго, а всушност се збори за музичка империја колку што се разбирам. Другите народи ценат по мелодија и настап, не по нашата ни политика. Па сега ќе се исфилува малку за сценски настап, ќе викне Есма малку повеќе дека треба да појачи глас и да покаже дека знае да викне. Дечкото канди за очи на момички, по некоја цицеста танчерка да оплакнат машките очи, за сите да има по нешто. За трампетот на сред песна да им текне да го викнат Кинг Велиов цела публика има да му стане и да вее знамиња, а тоа момичките што играат, да ги остават пердињата од баба на мира во кои се умотале невкусно, и малку фајерворкс да замачка очи, оп 16ти на финална вечер! Да си бидеме искрени доста е, зар стварно сакаме евровизија кај нас па се нервираме дека нема да победиме? Каде таа евровизија? Борис Трајковски нема само претставниците, нивниот придружен персонел, медиумските претставници и техничарите да ги собере, а каде е публиката? Нова голема сала ќе треба да се изгради за да пропаѓа после, на панагон што пара и пара ќе се искраде. Седете си мирни, супер е песната!
Ај викам да слушнам, шанса да дадам. Империја песната е како бурек со месо, сирење, пица и симит во едно. Што е многу, многу е! Леле! Сериозно си имаме проблем со себеси луѓе...