Значи Германија ич, ич, ич, не ме воодушеви. Очекував малце повеќе во однос на сценски настап, барем на песнава има скокање и те како. Досадно дури... Друг пат абе сум седнувала пред телевизор, со душа чекав да дојде евровизија. Месец унапред сум правела планови со другарки кај која да се собереме да гледаме. И седнуваш и не се мрдаш се до крај кога ќе прогласуваат победник. Сега што е ова, не ми се ни гледа, едвај чекам да дојде наредната песна... Со право ја прогласувам една од најлошите евровизии досега. И стварно, стварно не знам како ви се допаѓа Романија. Секогаш мора да има по некој ваков, ама овој страшно многу ме потсетува на Дракула, не знам не сум запознаена многу со него - ама ако му била тоа намерата, ја постигнал. Страшно лош стајлинг имаат сите до еден, за фризурите вана би Тина Турнер нема да коментирам.
Jас сум за Данска, од сите песани овде! Ни мене Германија не ми се допадна ни настап, онака песна, просек, ја имам слушнато неколку пати и се уште не ми е навлезена во уво
Еве јас за кого навивам Инаку оваа година евровизијата воопшто не ми се допаѓа. Од порано имаше многу поубави песни, од година во година се некако послабо. http://www.youtube.com/watch?v=39ds8BYcmSk
Ќе одам таму со чешел и една по една ќе ги чешлам жими се ви кажувам, сите се во косите како гнездо - не видов ниту една средена.
Мене овој Јеголиф ме потсетува на Бред Пит, Робинзон Крусо и Господ од филмовиве за него - во едно. И што е ова сите испокачени на нешто, зошто наша Есма не ја качија на некое скеле? ЗОШТО?
Треба многу челик за таа снага, а скапо е тоа. Ок, се опив од фри алкохол. Дечки ај да ги гласаме! Ќе банкнотират, тогаш дури маме им се онаде
Норвежанката ме наежи, конечно изгледав една песна од почеток до крај! Да победи - не верувам, ќе победи некоја од оние преисфорсираните у стулот на Тирдропс... Ама се надевам дека ќе освои барем добро место.
фаворити ми се Fранција,белорусија и украина .на белорусија најжива и весела песничка. богами како несредени глупачки изгледаат ноќва пејачкиве,па од европа се, им се може и таа смотаната со фустанот како чаршаф . пред да почне директниот пренос даваа изјави Eсма и Vлатко,она рече се претставивме најдобро што можевме испеавме перфектно ,т.ест Vлатче оптеа перфектно не ти мори урсула . да не испаѓа дека ја напаѓам,но заради нејното дерење и заради политичките гледиште не влеговме во финале.
Мои фаворити се Азербејџан и Украина,се друго ми е катастрофа. А дали знаете кој од нашиве ќе се јавува оваа година за да ги дава бодовите? Се надевам никоја од поранешниве нема да биде,многу лигаво се понашаа а тоа од кожа ме вадело секоја година
Некој да ми каже што и се тие двете брцнати во пунџата на водителкава? И зошто еднаш не видам убаво среден човек на ваков настан? Тој дизајнерот у публика, на гилотина или доживотна робија заедно со фризирките на пејачките!
Оваа Лорен како кокошка е со тие пердувите И да,ке ја замолам да ми го даде тоа пердето што го влечеше позади неа,дома да си го закачам..многу е убаво И Цезар може да ми го даде,сакам и од него спомен да имам