Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Евровизија 2013

Дискусија во 'Музика' започната од Lozanoska, 28 декември 2012.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.111
    Допаѓања:
    67.002
    Пол:
    Женски
    Не знам што толку мрчење за Данска, па лани беше сосем истата приказна со еуфорија. Ама апсолутно истата. Се знаеше дека ќе победи, ептен беше вртена песната. Исто и со оваа.
    Не е лоша песната, само шумското девојче не морало до толку буквално да си го сфати презимето. Јас ја имав слушнато песната, ми се свиѓаше, само настапот не баш. Ама песната си е ок.
    Иако некако повеќе бев за Норвешка, беше многу помоќна песната.
    Тоа е тоа, до следниот циркус.
     
  2. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Фаворити ми беа
    Германија
    Белорусија
    Азербејџан
    Романија имааа пејач со најдобар глас ....и нај талентиран..човечи како го правеше гласот останав вака :o :o
    За Данска се знаеше однапред дека ќе победи...а и ова Евровизијата стана на ти го дај ми го...
     
  3. BlueHeart

    BlueHeart Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2012
    Пораки:
    237
    Допаѓања:
    469
    Пол:
    Женски
    Фаворит ми беше Франција ама се знаеше дека Данска ќе победи. Не е ништо посебно песната.
    Незнам како ви се допаѓа песната од Романија, пејачот ист како Азис ми беше.
     
  4. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Е, биде и оваа година и помина. Што ќе правиме до догодин? :^)
    Јасно беше, и врапчињата знаеја дека дивото дете ќе победи, сепак не е битно толку, немој ние ќе одиме сите на живо ако победникот ни е блиско. Шоуто е тоа тоа. Гледај, смеј се, играј, навивај и на гласање смеј се на сите што даваат бодови со репете, гуд ивнинг Јуроп хххх колинГ, тенкју фор д бест шоу, ајде ајде снао давај поените! :D
    Бони не знаела да пее во живо, ме разочара како кокодакаше, и се гледаше дека со незагреан глас излезе, а и без вежбан сценски настап, ради реда ајде клати се натам навам како пијана. Сенка е од жената што ја поштувам за тотал еклипс оф д харт. Ама тоа е, старост изгледа, видам не сте гласале ц ц ц ц, не ви правам муабет веќе :P

    Алкохол алкохол алкохол ис фри, како уникат евровизиски оваа година, го ставам на парти плеј листа за наредна година некаде меѓу Верка, Руслана, Лака, Уи ар д уинерс оф јуровижон од Литванија и израелските Пуш да батон :D
     
    На tessie и Hipster им се допаѓа ова.
  5. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Најтапа Евровизија до сега. Ниту некоја песна не се двои нешто посебно, фустаниве на водителкава катастрофа, а за нашава коментаторка излишни се зборови. На нас дефинитивно не ни иде паметот. 4 за Грција бе, па дали сме нормални???
    Туку наредна година кого ќе го праќаме од кај нас? Се потрошија више, сите отидоа. :D
     
  6. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Имаше Хрватска, имаше. Мижерја. 6торица беа, ако добро ме држи помнењево. Клапа беа.

    Значи сме имале:
    2 поени од Сан Марино.
    4 поени од Швајцарија.
    5 поени од Бугарија.
    5 поени од Малта.
    12 поени од Албанија.

    А ние сме дале:
    1 поен за Романија.
    2 поени за Латвија.
    3 поени за Бугарија.
    4 поени за Грузија.
    5 поени за Сан Марино.
    6 поени за Грција.
    7 поени за Норвешка.
    8 поени за Азербејџан.
    10 поени за Албанија.
    12 поени за Малта.

    Ние 6 на Грците, они нас шипки. :D Они биле 2ри.
     
  7. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    Мило ми е што победи Данска бе.Ама се знаеше одмана дека таа ќе биде победник сеа само официјално што објавија.
    Инаку ќе дават Македончињава гласој за Грција дур не не' примат под уставно име м?
     
  8. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    а бе ние секогас сами утки си правиме,ние на грците грците нас компир и се знае тие си идат напред оти секогас добрите сме ние :x а бре си реков јас до мене на грците никогас поен :!: простете ама иЧ не ги сакам :^) знаете засто :^)

    инаЧе азербеџан сакав да победи ама и ова бесе убава :clap: Честитки :clap:
     
  9. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    За следната Евровизија, Боки тринајска угол гол, на крај ќе се избаци Зоки фаци и ќе се пољубат во задните образи, и белким ќе ги задоволиме критериумите кои богами забегале скрос :drunk:

    Јас пошто првпат ги слушнав песниве сношти, Исланд, Азербејџан и Норвешка навистина ми влегоа во уво, се друго ми беше :Down: Префорсирана бе таа босата, аман веќе, Скандинавиан сонг контест |( И баш криво ми е за Швајцарија шо имаа солидна песна, ама немаа боси нозе и така тоа не влегоа ни во полуфинале :envy:
     
  10. cat250

    cat250 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2012
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    398
    Пол:
    Женски
    И јас :inlove: :inlove: :inlove:
    imelda don't kill me :wasntme:
     
  11. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Песнава на Азербејџан ми остана во глава :D се разбудив и песнава ми се врткаше низ мисли :D
    И предобар лирикс има бе, заслужуваше да победи...
    Ама факт е дека на евровизија победува најфорсираната. Некоја феминка напишала погоре дека треба да се забрани песните да се вртат по радиава пред евровизија и јас сум за. Дефинитивно не е исто кога една песна ќе ја слушнеш за прв пат и за сто и прв пат. И да не ти се свиѓала песната од прва, после толку вртења на радио сакал-нејќел некако ќе ти се увртка у глава |(

    И да, ајде сега за следните 10 години евровизија нека се преименува во скандиновизија, и така цело време таму ќе се врти евровизијата, меѓу себе ќе си даваат поени, за таму во комшии да им биде. :clap:
     
    На kate21 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.630
    Допаѓања:
    106.631
    Пол:
    Женски
    девојки може ли да стави некоја од вас видео од гласањето, бидејки јас повекето го пропуштив :(
     
  13. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.750
    Допаѓања:
    3.596
    Пол:
    Женски
    На јутуб:
    4 points from Macedonia to Greece?
    That means we are humans?

    :D :D :D Најверојатно сме.
    Моите импресии за вчерашниот избор за најдобра песна во Европа:
    Имаше некои убави песни кои заслужуваа да се пласираат на повисоко место на пример Исланд, Грузија и В.Британија. Не викам дека требаше да бидат мегу првите 5 ама требаше да имаат повисок пласман во однос на тоа колку добра им беше песната.Се изненадив за Германија, мислев дека ќе е на повисоко место. Романија, Молдавија, Унгарија и Холандија имаа не баш заслужено место али соседите си гласаа за нив така да.. :?: Се израдував за Украина дека имаа баш убава песна, нежна и Злата е прекрасна пеачка!За Азербеџан очекував дека ке земе убаво место, убава песна. Данска се знаеше дека ке победи уште од 1 полуфинална вечер.
    Се разочарав за Исланд :( Требаше да биде барем меѓу првите 10
    Се разочарав од костимите на Пиетра
    И најмногу од се...
    Се разочарав за 4те поени од нас за Грција.. Свести се Македонијоо!! :@ |( Вие гласајте си за нив, давајте им 4 поени а они уште ќе не викаат ФИРОМ и 1 поен не даваат. Ја па цела вечер се туткам да не победат Грциве а ние 4 поени.. До каде брее? :fubar:
     
    На imelda, fatamorgana123 и ane.bella им се допаѓа ова.
  14. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Aзербеџан добил награда за најдобар настап.
    И мајка ми одма- да бе он, на тој мајмунот во стаклото да му се заблагодари, без него немаше ни да ги приметиме дека постојат.
    Дечково како прво нема глас, песната е просечна.
    Италија имаат убава песна, во нивен стил, дефинитивно нивен стил, убава навистина.
    Реално оваа е каде каде поубава него од Азербеџан, а била пониско котирана.
    Дечково бил победник на Сан Ремо, тоа според мене е сто пати поголемо достигнување од политиковизија.

    Победата на џангл грил не ме изненади, има убав глас пред се, песната не е лоша, ама дефакто можела да личи на човек а не како избеглица.

    Доста ни беше од циркузовизија, џабе пари фрламе на ова, не знам ни зашто одиме која ни е целта ни поентата, никогаш нема да победиме, никогаш.
    Мене ми е лузерски реченицата не е битно да се победи, туку да се учествува, скроз утешително.
     
    На imelda и drugarka им се допаѓа ова.
  15. macedonia.timeless

    macedonia.timeless Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2012
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    137
    А кој гласаше од Македонија ??
    И за кого дадовме 8, 10 и 12 поени не сакав да гледам бидејки немаше добри песни па си излегов поранко..
     
  16. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Како мислиш кој гласаше од Македонија? Кој ги презентираше гласовите?
    Ако мислиш на тоа... Димитар Атанасовски. :)

    Иначе, вака гласавме:
    1 - Франција.
    2 - Холандија.
    3 - Малта.
    4 - Грција.
    5 - Белорусија.
    6 - Русија.
    7 - Молдавија.
    8 - Норвешка.
    10 - Италија.
    12 - Данска.
     
    На macedonia.timeless му/ѝ се допаѓа ова.
  17. MaggieTatum

    MaggieTatum Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    509
    Пол:
    Женски
    Кога гласаа Данска, Шведска, Норвешка, Финска и Исланд (и некои други држави) во баба Ванѓа се претворав :lol: и сигурно не бев само јас, сигурна сум дека сите што гледаа вчера знаеле кој за кого ќе даде најмногу поени.. навистина е глупаво вака, сите за соседите си гласаат, без разлика на песната.. пред да почне гласањето мислев дека за прво место ќе се борат Данска, Русија (предобар настап имаа, а и песната беше интересна) и можеби и Норвешка, ама изгледа само за Данска погодив.. интересна беше песната ама додека го гледав настапот како дежа ву од лани да имав.. Со бушава коса, лелеав фустан, како од шума да излегла, а прилично сум сигурна дека и лани истото го мислев за Лорин.. Малта ми беше наајголем фаворит, ама нели, остров е и нема соседи па затоа одвај некои поенчиња доби од Италија и другите средоземноморски земји, иако и од нив малку добиваше :(
    BTW -

    кога го видов Ерик вчера, збеснав, буквално :tmi: почнуваат со најавата за него, ги ококорвам очите, станвам од кревет, ја отворам устата и чекам да го покажат, а кога го видов колку поубав станал, и со кратка коса, останав во таа положба 5-6 минути и се радував како дебело дете што се радува кога ќе му дадат чоколатце :rofl: тој е моето чоколатце (не ни знаев дека толку го сакам :lol: ) :inlove: :inlove: :hug:
     

    Прикачени фајлови:

  18. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Ima repriza momentalno,samo ne znam dali ke go davaat glasanjeto.....
     
  19. macedonia.timeless

    macedonia.timeless Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2012
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    137

    да така мислев .. Ти благодарам многу :*
     
  20. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Бев убедена дека Данска ќе победи, а вчеравечер навивав само да не победи, чувствував страшна одбивност. За мене Италија е морален победник, многу добра балада, уште подобар настап, а дечкото зрачеше со харизма, многу убав. Убаво си рече Каролинка наша, ако песната е добра, еден човек на сцена е доволен, и стварно е така. Криво ми е што се пласираа пониско од многу полоши песни, ама тоа е.
    http://www.youtube.com/watch?v=unRjK82bDLw