Се знаеше дека Данска ќе победи. Мене лично ми е драго, песничката е ептен певлива, има интересен звук и ми се допаѓа. Посебно ми се допаѓа етно призвукот кој е вметнат. И не знам што толку ја хејтате девојката, мене ми е многу мила, како птичка е. Песни како Азербејџан пак не ми се допаѓаат. Во глобала, многу досадни песни, со по некој исклучок.
Waaa.. Не ми се верува колку само прекрасна песна имаа Исланд... Ми се допадна Данска, зашто пак да не? Инаку Унгарија многу ми се допадна. Да, Унгарија, не Украина. Украина ми беше лигава. Многу. Ама Исланд ми беше фаворит. Прекрасна мелодија... На татко ми Франција му беше фаворит, а искрено глупа песна. За Литванија, немам комент, лириксот беше катастрофален. А и песната не беше до тој степен за да се пушти на евровизија. Молдавија, лани Албанија што беше, дури и косата иста. ЧАААААААААААААА...АААААЈ!! Финска беше тотална брука и купување гласови. Не знам какви коментари имаат оние од Финска за песната, ни сакам да знам. Шпанија не ми беше ништо посебно. Белгија ми е многу смешен овој. Фаците му се врв. Ама ми влезе во уво неговата песна. Естонија беше типична балада за на евровизија. Белорусија беше Wild Dance 2. Секоја година има по некоја таква песна. Убава музика, ама не е тоа тоа. Насмевнатиот... Хах. Не знам како го пееше тоа ооох оох. Така цело време оклештен. Русија ми се допадна многу. Прекрасна песничка, евровизиска, и си го заслужи пласманот кој го доби, просечна, ни вака ни така. Германија ич не ми се допадна. Ама ич. Лани беше убава, ама сега не. Доста и е тој пласман, ако земеше поголем, криво ќе ми беше. Ерменија - и така и така. Пејачот ми е одвратен, паа.. Холандија беа за никаде. Брдс брдс. Кокошкава од Романија. Ушите ми ги продупчи. На песната на Бони нешто и фалеше. Супер беше песната на Шведска. Многу ми се допадна. Биказ од ЈууууУУУУУУуууууууУУУУУ, ЈууууУУУУУУуууууууУУУУУ Унгарија. На почетокот не ми се допадна, после ми влезе в глава. Прекрасно! за Данска кажав. Певлива песна и убава. Јегалиф Јегалиф.. Многу ми е убавааа. Фацата на Азербејџанецот не можев да ја гледам, ама песната е добра. Ех да победеа Грците.. Пола евро немаше да им остане. Догодина 12 за нив од нас. За песната немам никаков коментар. Сељачка работа. Песната на Украина си кажав каква ми е. Според мене не го заслужи третото место. Ама да си ќутам оти можеа и второ да бидат. Италија ми беше супер песна. Ги обожавам италијанските песни. Норвешка, не сум кон нејзе нешто посебно како другите, ама добра песна. Годинава дуетот беше супер. Браво. Ирска, не ми се допадна... Толку. Фала на вниманието.
Како прво немаше добра песна во права смисла на зборот Фаворити ми беа Германија -добра песна со добар текст Белорусија - весела песна Азербејџан-добра песна Е сега сите знаевме дека Данска ќе победи.Искрено ни пенсва ни настапот не беше ништо посебно. Евровизијата со тек на годините станува со се полоши песни ее како од годините кога имало добри песни. Знаев дека Данска ќе победи,но некако на некој начин навивав да не победи.Девојчево многу сериозно си го сватило презимето. Ние и дадов 4 поена на Грција.Јас се молев да не победи,а нашиве глупаци и дадоа 4 бода а они на нас ни 1 не би ни дале.Они нас не не сметаат на луѓе а вие за нив гласате. Еден совет до оние што наредната година ке одат Одете боси и неисчешлани.
Белгија ми беше убава песната... Прво ја имав слушано на радио и убава ми беше дури подоцна дознав дека е на евровизија.
^Пиши со поголеми букви,вака не те сфатив. И така,заврши уште едно големо "шоу" како што е Евровизија. Не дека претходните години не знаевме дека се е политика,меѓутоа годинава апла се примети.Прво ќе почнам од тоа дека ниту една земја од поранешна Југославија ја немаше во финалето,а тоа не се случило незнам од кога.Немаше ниту една добра песна за да влезе,мхм ајде ви се молам Друга работа,поведникот веќе години наназад се знае неколку месеци пред да се одржи ова фамозно шоу,зошто толку исчекување,зошто толкава возбуда,кога се си се знае однапред.Не е воопшто фер спрема другите земји што учествуваат. Видовме се,од оперски пеачи,до стари дедовци,од убави балади,до веќе видени песни и текстови.Се ми беше веќе видено. Искрено,уште кога ја слушнав песната на Данска пред неколку месеци ми влезе во уво и си ја потпевнував,но како се одвиваа работите и дојде ред на финалето не сакав ама воопшто да победи поради тоа форсирање. Следната година,Норвешка ќе биде фаворитот и така Евровизија ќе си се задржи на нивните простори,па нека им биде. Незнам зошто ние упорно се држиме за некоја работа како слеп за стап.Доста е,време е да крнеме раце од ова случување. Турција,Босна се откажале поради еконоска криза,ние одиме секогаш,спремни позитивни,и се враќаме ем брз пари ем без финале. Уствари нас финалето ни е еднакво на победа,тоа е веќе одамна јасно. За Азербеџан веќе не се ни чудам,убава,лоша песна,ма не е важно,веќе неколку години си се во топ 3. Важно е да се учествува нели?Не,сега е поважно да си се откажеме. Поени на Грција? Свести се Македонијо што правиш!! До кога ќе дозволиш вака?
Оваа година за прв пат да победи мој фаворит Освен Данската многу ми се допадна Исландската и жал ми е што не беше во првите 5 ама тоа е Да не знае некој превод на песнава http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... 208y41n9CQ
ете на Англиски - http://www.eurovision.tv/event/lyrics?e ... pe=English а мене едно не ми е јасно, во сите земји луѓето одбираа кој ќе ги претставува, а кај нас кој ги одбра Есма и Влатко заедно да настапуваат?? многу глупаво е вака, не дека има некој голем избор ама сепак имаме колку-толку добри пејачи и пејачки, Влатко супер е (иако не го слушам, морам да признаам дека многу добро пее), а и пејачки имаме добри, на пример Каролина, Викторија Лоба, а и најдобрата замена на Есма - Калиопи (велам замена затоа што има исти, а можеби и подобри гласовни можности од Есма, а и ја разбираме), е сега таа беше и лани ама подобро некој да пуштаме по 2-3 пати со подобра песна, отколку секоја година различен и ништо да не постигнуваме со тоа.. и искрено, Влатко да беше сам и да пееше на Англиски, мислам дека ќе влезеше во финале, повеќето песни што влегоа беа такви, а ако не влезеше тогаш ќе беше поради политика.. Lella - како тоа, машката верзија на Лејди Гага ја нарекуваш кокошка ?? мене воопшто не ми пречеше неговиот настап, всушност и си пеев со него ама искрено, не беше за во финале, всушност не беше ни за евровизија ама ај..
Не го ни гледав чудово, порано доживљај беше Евровизија за мене. Последните три години заборавам и дека има. Не сум ја слушнала победничката песна, ниту пак другите. Нашата беше добра се додека не се појави Есма. Навистина моментот е пронајди ја поврзаноста меѓу делот на Есма и Влатко.
Aбе мажи мажи...... http://www.netpress.com.mk/mk/vest.asp? ... tegorija=7 дали порното на победничката ќе види бел ден? Евровизија ја потресе секс скандал, каде главната улога ја има претставничката на Данска Емели де Форест. Поранешното момче на шармантната пејачка Емели ја нуди снимката од нив двајца како водат љубов за 200 илјади евра. Емели на денот на финалето на 58. Евровизија, стана мета на многу насловни страни на европските весници, поради откривањето на веста за нивното секс видео со нејзиното поранешно момче. Токму тој ја откри оваа информација и за нивното порно им понуди на медиумите 200 илјади евра. Се зборува дека во видеото се гледа како Емели орално го задоволува момчето. Претставничката на Данска, се уште не се огласила во медиумите во врска со овој случај
што нема сега да измислат а можеби и вистина е сепак таа си победе на евровизија другото не е важно и не верувам дека некој ке дај 200 000 евра за видеово
Епа вака... Сите што викат на Есма таков и бил имиџот - да, таков и е. Ама, од дека до дека некој си таму од Азербејџан ќе знае оти Есма си има таков имиџ? Да беше некој друг таков ние ќе го исплукавме и ќе си хејтавме. Епа сега крај краева, се што е поразлично и уникатно не е најубаво јбг. Дури прочитав еден твит оти личела на искористен тампон. Жално, знам. Иначе, кога сум кај победнициве - изгледа тие што се боси само победуват, лани Лорин беше боса, сега девојчево од Данска. Ама мене ми е баш океј песната на Данска. Емели ми има онака мила фаца. Немаше некој убав настап, ама добра беше. Реков дека ќе победи уште кога ја слушнав на антена 5 за прв пат, абе како пророк сум. Само не разбрав работата со тоа видеото, ја сметав јас за помирна цурица. И дракулата од Романија беше малку исфорсиран, демек го имал најдобриот вокал на евровизијата, ау нем да не. Добро сега, јас немам појма у музика и распон на гласови, ама добро фалсето у секој случај. Ама, сепак имам поголеми оперски способности lol. За мене искрено, најдобар вокал имаше Бони. Само ме чуди што она си имаше онака ептен рапав глас бе, шо бидна? Аа и детето од Шведска беше океј, само тоа У-то малце требаше да го смири, ама океј. Не го гледав ’шоуто’ баш цело, ама од тоа што го видов сум разочарана. И признавам јас пред Олга и пред себе - најубавото нешто на евровизијата беше Ерик. Ај чао.
значи песната како песна ми се свиѓаше ама кога ја слушнав есма како пее во живо на настапот,се стаписав, гледам на јутуб и се чудам и си викам па не беше таква песната, ама од влатче сум воодушевена - ЦАР! предобро си го испеа својот дел, http://www.youtube.com/watch?v=6W07INGPK5Y есма ме разочара кога есма ќе испадне на сцена.
Евровизија заврши, победи претставничката на Данска која беше фаворит неколку дена пред почетокот на официјалната церемонија. Генерално ми се допадна севкупната организација, настапите на пеачите, сценографијата, осветлувањето, ефектите, една од најспектакуларните евровизии одржани досега во тој поглед. Сега да прокоментирам околу песните и моите фаворити, оние кои ми оставија впечаток и го привлекоа моето внимание. Иако не ги гледав целосно двете полуфинални вечери, настапот на македонските преставници Влатко и Есма ми се допадна генерално, Влатко сосема солидно си ја заврши својата работа околу настапот, интерпретацијата од негова страна беше прекрасно изведена, во тој дел немам никакви забелешки, делот на Есма некако не ми се вклопуваше во целиот концепт на настап како што беше замислен, спојот на двајцата мене не ми беше нешто совршено, нешто што би го привлекло вниманието на публиката и би создало симпатии што е и најважно за победа за било кој претставник на евровизија, тоа е главната интенција. Секој кој настапува осмислува стратегија кој пеач е најсоодветен да ја претставува, да ја репрезентира својата држава во најдобро светло, ги согледува неговите позитивни страни и секако мани, кореографијата да биде впечатлива - компатибилна со музиката, стајлингот да биде соодветен на песната возраста на интерпретаторот, не премногу нападен, на сите работи треба да се внимава за целокупната слика да биде ефективно позитивна. Оваа евровизија беше една од ретките каде не успеа ниту една земја од поранешна Југославија да се пласира во финалето. Финалната вечер ја гледав со задоволство, ја сакам евровизија, скоро секогаш од кога знам ме интересирала и со задоволство и внимание сум ја гледал, и покрај неправилностите во врска со гласањето кое од секогаш било присутно, посебно тргувањето со гласовите, меѓусоседското гласање, но неможеме ние постојано да ги обвинуваме скандинавските држави и било кои други соседи, бидејќи и кај нас од поранешните ју простори скоро секоја држава и ги доделува највисоките поени на една од своите соседи. Сепак и покрај се има доста добри песни отпеани на евросонгот кои стануваат за брзо време хитови и ги освојуваат срцата на љубителите на добрата песна, звук и ритам, има секако и песни и пеачи кои нема да ни се допаднат, сите имаме различни вкусови, различни погледи, стилови тоа е сосема нормално очекувано и разбирливо. Мене најповеќе ми се допадна преставничката на Русија Дина Гарипова ме освои од прва, со својот глас, песна, текст, интерпретација, севкупниот нејзин настап беше одличен http://www.youtube.com/watch?feature=player_detailpage&v=1VwzdeRNjtA Исто така ми се допадна песната на Исланд, дечкото одлично ја испеа, имаше доста моќен глас и доста добро звучеше на неговиот исландски јазик. Од Шпанија ми се допадна песната и настапот на групата, Италијанецот имаше добар настап и песна, Претставникот на Малта ми остави исто така впечаток, песната му беше пријатна и добро звучеше, Бони Тајлер одлично ја престави Британија добро ја донесе и изведе песната, секоја чест за оваа феноменална пејачка која докажува дека и покрај годините добро ја држи гласот, а богами и добро изгледа. Преставникот на Азербејџан во глобала имаше симпатичен, впечатлив настап тоа е она за што претходно говорев во врска со стратегијата на настапот - изведбата, песната, кореографијата, во неговиот случај се беше вклопено совршено и имаше очигледно позитивен фидбек, тоа треба ние да го земеме за пример и да го искористиме во иднина при изборот на наш претставник кој во најдобро светло досега ќе ја престави Македонија пред евровизиската јавност. Преставничката на Данска имаше одличен настап, перформансот и беше на место, вистински погодок, песната прифатлива, певлива, таа беше симпатична, секси, слатка, остава првичен позитивен впечаток, доста самоуверено делуваше при изведбата. Романецот ми беше исто така интересен, начинот на изведба на песната, бидејќи се работеше за вистински професионалец - тенор кој моќно и совршено ја донесе песната на сцена, со интересна кореографија препознатлива за неговата Романија, но сепак песната не беше таква која би ја освоила евровизиската публика, на евровизија поминуваат друг тип на песни и кон такви треба да се ориентираат сите кои сакаат да остварат некаков посериозен, позабележителен успех. Се на се евровизија помина добро и сум задоволен погледнато од сите аспекти Очекувам догодина Данска да се престави во најдобро светло досега, тоа е и интенција и цел на секој иден домаќин, да биде подобар и повпечатлив од претходниот, Македонија догодина очекувам да ја престави пеач, пеачка, група која ќе ја оствари најголемата победа од нашето учество како самостојна држава на евросонгот, зошто и ние да не бидеме домаќини и да ја покажеме нашата гостољубивост, срдечност по која и сме препознатливи, и да ја промовираме најдостојно, во најдобро можно светло нашата мила татковина Македонија