Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Евровизија 2013

Дискусија во 'Музика' започната од Lozanoska, 28 декември 2012.

  1. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.664
    Допаѓања:
    6.425
    Пол:
    Женски
    Не е лоша победничкава ама мене фаборит ми беше Украина, целосно прекрасен склоп од песна, настап и пеачка. :)
    http://www.youtube.com/watch?v=jWj2w7CITqI
     
    На Elennaa и Snow-Queen им се допаѓа ова.
  2. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    ^потпис, и според мене истоа

    иако ќе речам, преку глава ми е од форсирање на некоја песна и истата да победи.
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  3. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.531
    Допаѓања:
    106.104
    Пол:
    Женски
  4. macedonia.timeless

    macedonia.timeless Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2012
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    137
    На радио рекоа дека швајцарија веќе 10 години нема влезено во финале ..
    Не знам дали е точно тоа.. Што мислите вие?? :worried:
    Ако е точно многу ми е жал... Имат убави песни ама ни соседите нивни не гласат за нив
     
    На x-MajaEsposito-x и MaggieTatum им се допаѓа ова.
  5. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.057
    Допаѓања:
    36.097
    Пол:
    Женски
    Како и секоја година, победникот е наместен. Заради тоа, Евровизијата веќе не ми е интересна. На почетокот најмногу м исе допаѓаше песната на Данска. Ама откако ги слушнав сите песни, подобар впечаток ми остави песната на Азербејџан. Знаев дека Азербејџан нема да победи, бидејќи победи пред 2 години. Македонија во полуфиналето била на претпоследно, односно на 16-то место со 28 поени. Добила поени од: Албанија 12, Бугарија 5, Малта 5, Швајцарија 4 и Сан Марино 2. Најлош пласман до сега во полуфинале.
     
  6. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    АХА! Сега го сфатив новиот начин на гласање од годинава (што не им се допаднал на турците). Значи за нас имале право да гласаат само тие што учествувале во втората полуфинална вечер..значи Хрватска, Србија, Црна Гора немале можност затоа што беа во прво полуфинале. Логично бидејќи соседите на балканот беа расцепкани, не можеа да си соберат доволно поени меѓу себе. Ние не може да очекуваме поени од Норвешка, Холандија, Финска, Грција..и да имаме најпрекрасна песна на свет, тоа е јасно.
    И се додека наместо за песна, се гласа за сосед и политичко милениче од интерес, ќе биде така се предвидливо кој за која држава гласа. Се некако делува договорено, па и незамарарењто на некои земји со пласман како Англија, Шпанија е веќе толку прозирно. И случајно да не некој си трошел телефон од кај нас за да гласа за Грција?? Тоа е лижење г'* и ништо друго. Глумиме добра наклонетост и пак не чиниме.

    И апсолутно се согласувам дека овој начин на гласање не чини затоа што се бира песна на Европа и треба да имаат право да гласаат сите земји и во полуфиналните вечери, освен самите за себе. Глупост е и тоа што има секоја година едни исти привилегирани држави кои директно влегуваат во финале со крш песни и со тоа им го зимаат местото на подобрите.
    Не само што претходно песните не треба да бидат форсирани, туку мислам дека кога настапуваат не треба ни да пишува која држава ја претставуваат и да се гласа за песна под реден број XX.
     
  7. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.281
    Допаѓања:
    17.727
    Пол:
    Женски
    Марија - Глупа! :o
     
  8. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.991
    Пол:
    Женски

    Хах, јас пак едвај чекав да заврши, тоа гласот што го има.. аууф. ОК е пасната ама со друг глас. :?: :lol:

    Инаку фала ти за линкчето од преводот. сега ќе си ја пеам: Јас сум жиив, јас сум жив.. :D хаха
     
  9. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.105
    Допаѓања:
    163.625
    Пол:
    Женски
    E значи стварно не се живи ако не измислат некоја контроверзија за победничката. :^)
    Сум приметила, скоро секоја година нешто ќе измислат после изборот. |(
     
  10. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    иако беше мој фаворит Азербејџан ова не е фер што го правеле ако е вистина,а и убо си пишува дека и други држави го правеле истото,
    http://www.kurir.mk/magazin/scena/11645 ... Evrovizija
     
  11. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
  12. atala

    atala Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    940
    Пол:
    Женски
    Јавна тајна е дека на Евровизија победува добрососедската политика,а не квалитетот на песните и изведувачите! |( Сепак и покрај тоа јас сум голем љубител на Евровизија и ќе продолжам да ја слушам и во иднина бидејќи мислам дека има стварно добри песни и дека се работи за едно навистина убаво шоу! ;) Мои фаворити за овогодинешното издание на Евровизија се:Унгарија,Романија и Ерменија бидејќи имаа стварно јаки,а и типски и песни и изведувачи! :geek: А,пак што се однесува до скандалите,нив секогаш ги имало и ќе ги има не само на Евровизија,туку буквално насекаде и јас воопшто не се замарам со тоа и не ми е ни гајле! 8) Посакувам само да имаме повеќе среќа идната година на нашето претставување на Евросонг! :*
     
  13. evelyn993

    evelyn993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2011
    Пораки:
    488
    Допаѓања:
    314
    Апсолутен фаворит ми е Норвешка. Преубава песна и пеачката беше добра. Криво ми е за Србите, се зачудив што не влегле во финале. Можеби е точно дека најслаба песна имаа до сега но мене многу ми се допадна, се радувам ка мало дете кога ја пуштаат на радио.
     
  14. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Искрено да ви кажам, по неколку дена убаво слушање, откако завршија сите церемонии, ме разочарува фактот што после Италијанската и Исландската, Унгарија(која богами ми влезе во уво баш оти е необична) па ете и Азербејџан(и покрај тоа што е проста емотивно-романтична песна која безброј пати сме ја слушнале) оваа на Данска ми е КАТАСТРОФА |( Досадна, безлична, одма ја отслушав, ич не ми е ќеиф ко да ја слушнам |( Она на Италијанецот( :wasntme: ) е уметност, она на БајАлекс е нетипично ама певливо бре, човекот од Исланд да не беше ќе требаше да се измисли :doh: Ама, нели, добрососедска политика, натигодајмиго, квалитетот...аш...го изела политиката |( Арно си беа искулирани Италијанците па не идеа на ова сра*е од натпревар, не знам шо ги боцка пак |(

    Ние па ние |( папапа *си плукам в пазува* Шо толку инает ова не знам, дајте нека се гласа на референдум барем, белким ќе му дојде умот дека џабе се бламираме :| Па сега Есме паднала во несвест, па купувале Азербејџан гласови(кои реално и онака ќе ги добијат за онаа песна :!: ), па вака па така, и туку ќе ги видиш ќе се поштракаат од септември за во Данска, за да си имаат време да ја сменат песната со уште полоша ако не не бендиса од првпат :?: Свашта! И то ептен!
     
  15. dulcela

    dulcela Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2013
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    134
    Значи толку се изнервирав кога ја слушнав победничкава песна за Евровизија, што морав овде и на вас да ви се пожалам. Прво песната е безвезе, ништо посебно нема за да поебди :| . Второ, копија на минатогодишната победничка - Лорен. Моментот кога седи на земја, потоа лепршавиот фустан... Целиот стил и настап ме потсеќа на Лорен. Катастрофа, сите почнаа да копираат. |(
     
  16. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.318
  17. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    На Mrs.Bass му/ѝ се допаѓа ова.
  18. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.057
    Допаѓања:
    36.097
    Пол:
    Женски
    Овој начин на гласање го има од 2009 година. А на Турците, освен ова, не им се допаѓа и статусот на Големата петторка. Во право се за тоа. Велика Британија, Германија, Франција, Шпанија и Италија ја основале Евровизија. Заради тоа се дел од Големата петторка. Според мене, тоа е безврска. Треба да биде како порано, Првите 14 држави да одат директно во финале, а другите во полуфинале. Вака, се гледа дека се е политика.
     
  19. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Претходно не гласаа сите во полуфиналињата?
     
  20. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.743
    Допаѓања:
    3.560
    Пол:
    Женски
    Да, се согласувам..
    Ама ете уште од тогаш направиле да биде политика со тоа што тие држави се во некаква предност пред останатите.. Не чини вака :shake: