Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Евровизија 2013

Дискусија во 'Музика' започната од Lozanoska, 28 декември 2012.

  1. nonenceee

    nonenceee Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    1.016
    Ај шо не ви е убав ни текстот ни музиката .. ама не знам зошто се буните за тоа каде е снимен спотот . Каде да одат да го снимат? Во гробишта ? Ааајјјјјјј господ да чува ... :fubar:
     
    На nati44, koritsaki, Lella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Искрено да ви кажам не можев да ја дослушам песнава. Есма, каков уметник е ејјј. :D Како прво таа е неписмена, се превртев од смеење кога почна да му пее на директорот на делегација Хепи брЗдеј :rofl: Колку и да ја величите јас она нејзино пеење, т.е. завивање (ejjjj ромале, ејјјј чавававававале :D ) не можам да го поднесам.
     
    На Someonespecial, Mishela, anabel-a и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Lozanoska

    Lozanoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2012
    Пораки:
    361
    Допаѓања:
    133
    Песната е супер...Одиме на победа...!!!
     
  4. Camellie

    Camellie Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    107
    Многу ми е стерилна песнава, бледа некако... Убаво почнува, ама понатака како роботи да пеат, ништо свое немаат во песнава, никаков печат. А текстот - бог да чува, ќе покажуваме македонштина кај што не треба.
    Спотот понекреативен и по никаков не можа да го направат. Нека ги покажат новитетите во Скопје, ама ова не е начинот. Барем според мене. Ништо уметничко, автентично, да ми фати око. Како од пред 15 години спотовине. Многу се труделе за џабе - според мене.
     
  5. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    ^^ Ова .... ти сериозно? Као демек на партија шах идеме.
    :rofl:

    Јас умрев, готово :D.

    [​IMG]

    Остајте песната што е очајна - очајна си е, ама спотот бе луѓе, СПОТОТТТ! :(
    Двете заедно даваат ефект на кич и евтиноќа невидена.
    Не е хумано ова веќе :D

    А тек кога прочитав кој е композитор на песната. :rofl:
    И редно е да се повлечеме од Евровизија, доста праќаме империи, мизерии и што ти знам јас веќе.
     
  6. anaantonia

    anaantonia Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    123
    Со песната не одиме никаде ,само се враќаме години наназад.Големо булшит,катастрофа невидена.Подобро да ја крстеле Скопје 2014 песната.Есма и никнаа рогови додека не отиде на евровизија, пошто на овие нашиве изведувачи им е битно само да се таму и да шетаат 5 дена отколку со каква песна ќе излезат.
    Ја сум за да ни се забрани пристап на Евровизија,само ја ругаме земјата и убавата музика која ја имаме.
     
  7. BI-44

    BI-44 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2011
    Пораки:
    1.051
    Допаѓања:
    667
    Пол:
    Женски
    Глупости е све и песната и спотот
     
  8. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    4.896
    Пол:
    Женски
    Незнам по кој пат сум во темава,и што коментирам за песанава.Засрамота од мене.
    Добро бре луѓе,дали јас сум со некои препреки во развојов на мозоков,што неможам да сватам која е логикава во текстов на песнава,или што е? :?: :?: :?: :^) :^) Баѓи без врска.
    Па дете од предшколска воздраз би напишало нешто многу поубаво од ова


    Империја мизерија, во млекото бактерија,
    иако сме дембелија државата не сери ја,
    имам слаба батерија на сони-ериксон експерија!
    Квиз за турска серија, фудбалери од Нигерија,
    главата испери ја кога ставаш ламперија!
    :puke: :puke: :puke:
     
    На Vikica.cuci, Name, Stoimenovska и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Mermaid90

    Mermaid90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    1.049
    Спотот да кажеме е ок,барем на убави места е снимен,и ке имаат странците што да видат.
    Читам коментари дека на странците им се допаѓала песната,најверојатно затоа што не го знаат преводот на песната.
    Ме потсеќа на Каролина со Мојот свет се вика музика :D
    Глупости живи.
    Упорно праќаме добри пејачи со лоши песни :x
    Не гледав вчера на Мтв што имаше и незнам дали песната е испеена во живо.Ако не е и тоа е грешка и пропуст,многу различно звучи испеено во живо и пуштање спот само.
    И не ,неможам да сватам зошто империја? :x
     
  10. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Многу ми се допаѓа како се вклопиле сите нови објекти од градов во спотот, но затоа песната не е воопшто впечатлива , певлива....
    Како за Есма мислам дека е промашај голем, со нејзините вокални способности можеле да направат страшна песна.
     
    На nati44 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. levely

    levely Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    902
    Не,уште не е супер......Гулабица треба да ја пуштат да игра во позадина :!:
     
  12. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.324
    Допаѓања:
    29.027
    Пол:
    Женски
    Мене на почеток кога пееше само Влатче многу ми се допадна :wasntme:

    И после кога дојде Есма почна она: Диги-диги-диги-диги-диги-диги дам-дам-дам-дам! :lol:

    Па во ред, со гласот на Есма, сигурно можевме многу да постигнеме (како стигнаа бабушките до второ место лани), ама во песната, всушност, не се ни слуша нејзиниот глас! :^)

    Не би сакала за песната да коментирам, ама ете...
    Како што реков погоре, кога пееше само Влатко, ми се допадна, ама двајцата ко дует се невозможни ..или само Есма или само Влатко, мислам... :x

    Што се однесува до содржината на песната, текстот поглуп не можеше да биде:

    И се едно те исто.. Цела песна само ова.. Ајде за текстов, нема да познаат овие каков е, ама музиката сепак, не е во ред :shake:
    Ритамче ко на детски фестивал..

    И дај за вас што велите, спотот ваков бил, спотот онаков бил, па Индија сме ја претставувале, па не знам што, па македонската империја ли сме ја претставувале..

    Спотот си е спот - и тука нема што да се каже.. Битна е песната.

    Индија не ја претставуваме,Есма е посебна и се одделува од другите, нешто по што се познава Македонија (ко Тоше Проески), а не Елена Ристеска, Ноне... дрн, дрн, дрн ... дали некој всушност ги слуша нив? ОК забегав од темава... Ама Есма според мене е прав избор, и немаше да има никаков проблел и сама ако ја пуштевме, ама со добра песна, да се разбереме :!: немаше потреба вака да ги истрошиме и Есма и Влатче, 2 квалитетни пеачи..

    И другите кажаа пред тоа, со песната немаме ни политика, ни македоништа, туку се работи за музика
    :!:

    Како и да е... не знам што да кажам. Со среќа, од кај да знаеш што ќе бидне.. Сме имале подобри преставувања, подобри песни... ама што е - тука е! Јас сум со нив! До крај! :inlove:

    П.С. добро ќе беше само Влатко да го испратеа со Нема ден нема ноќ! :)
     
    На TheGirlNextDoor му/ѝ се допаѓа ова.
  13. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.588
    Допаѓања:
    106.407
    Пол:
    Женски
    А добро песната што не чини за евровизија , не чини , ама на спотот што му фали? :^)
     
  14. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Ради политиката, оти е во очи на избори, ради кавгите за трошење пари, коњи, врби, музеи, лавови и споменици, знамиња и невработеност, а они го собраа Скопје 2014 во спотот, во исто време кога партиските реклами(претпоставувам) се даваат веќе на ТВ. Ама па да ги ставеа во чамче со весла на охридско езеро и тоа немаше да одговара оти Есма може на батето баба да му биде :D
     
  15. zarah

    zarah Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2012
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    1.557
    Пол:
    Женски
    :!: Оставете ја Гулабица до наредна година да се поткова музички, после ќе праиме муабет. И за Коста Бургов има време, не се секирајте. Лани беше Еуфорија, сега ни е Империја.. а да ја смениме во Мизерија? Барем да е олицетворение на тоа што го живееме тука, подалеку од спомениците во Центар. Па и спотчево како се погоди, подобро и во штабот на ВМРО да снимаа. Мераци!
     
  16. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    зошто ние уште одиме на евровизија?
    Песната е како некој микс на цд со мешана музика :D на почетокот само влатко кога е до некаде одговара, ама после есма и другата музика ама баш ич не ми одговараат... Спотот не е лош, да замислиме еве спотот дека е сниман некаде надвор од МК и дека тоа што го има на спотот не е наше ке ни биде најубав спот, ама оти е наше и е направено од владата со државни пари така плиснати на споменици музеи итн итн и нормално е спотот да не ни е убав, изгледа како пред изборна кампања, као демек еве ние што направивме :^)
    Песната не е за на евровизија, подобро џагл шадоу од кирил џајковски да ја пратевме
    http://www.youtube.com/watch?v=BFSlaarSzSU
     
  17. nati44

    nati44 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    545
    Тоа е тоа што цело време сакам да го кажам во врска со спотот и политиката!! Секој што не знае што се случува во државата во врска со политика би му се допаднал спотот бидејќи тие не знаат дали спомениците ги изградила владата и колку пари се потрошени на нив!! Сите ќе ја гледаат Есма како пее на едно широко место со шарен покрив!! Тие не знаат дека тоа е музејот што толку не ви допаѓа зошто бил дел од Скопје 2014. И не им е гајле ама ич!! Нив ги интересира песната и изведбата!! А јас верувам дека Влатче и Есма ќе испеат најдобро што можат и ако убаво размислите на Евровизија оделе многу полоши песни (особено нашите од пред 3-4 години)

    Видов некој коментираше зошто немало избор бла бла.. |( Па луѓе дали ви се допаднаа песните кога ИМАШЕ избор? Се сеќавате ли дека пак имаше плукање.. Секогаш има плукање по своето. Што и да се направи не чини. И навистина ако се откажат од Евровизија ќе биде добро не поради слабите песни туку само за да се престане со плукањето по Македонија. Неможав да верувам што читав. прочитав вакви коментари од феминки што сум го почитувала нивното мислење, а навистина не очекував!! Премногу сте нападни сите!! Не верував дека ќе одите толку далеку!!! :x :x
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Луѓе песнава е тргната од интернет или мене така ми се чини? :?:
    Никаде, ама апсолутно никаде не можам веќе да ја најдам.
    Можда се освестија каква глупост направиja па ќе ја повлечат?

    Империјата сепак не издржа :rofl:
     
  19. Mermaid90

    Mermaid90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    1.049
    го нема спотот
    http://www.youtube.com/watch?v=4ORe_oeuaWM
     
  20. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Ни еден позитивен коментар не прочитав на интернет. Многу ми е жал за Влатко, ни крив ни должен, од пусти мерак да се оди на Евровизија по секоја цена, си се заеба поштено.
     
    На TheGirlNextDoor и Name им се допаѓа ова.