Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Евровизија 2013

Дискусија во 'Музика' започната од Lozanoska, 28 декември 2012.

  1. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Море тоа циганите има да гласаат за Есма остајте вие таа работа.
     
  2. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.792
    Допаѓања:
    100.378
    Пол:
    Женски
    Искрено сакам,ма од петни жили сакам да кажам дека ми се допаѓа,ама...
    Зошто вака се бламираме?Зошто Влатко прифатил ваква песна,зошто Есма вака си го троши вокалот...каков превод ќе има песнава на англиски??
    Не ми се допаѓа,[​IMG]
     
  3. Flower27

    Flower27 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2012
    Пораки:
    1.531
    Допаѓања:
    4.180
    Пол:
    Женски
    хахахаха навистина
     
  4. HollyWoodGirl

    HollyWoodGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    665
    Допаѓања:
    316
    НЦНЦНЦНЦНЦНЦ УЖАС
    Империја па империја!
    Оваа песна ќе им доликува на помали дечиња а не на овие!
    Пазете го текстот па видете!
    УЖАС! :x :x
    http://www.youtube.com/watch?v=vX4_j5uMPTA
     
  5. MissDior

    MissDior Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    1.204
    Допаѓања:
    10.111
    Зошто го нема спотот на јутуб? Дај боже да е повлечен, зашто не го заслужуваме ова. Дај боже и песната да ја сменат веќе кога признаа дека ја утнале работата. А за тие што упорно не признаваат нека бидат слепи при очи и глуви при уши!
     
  6. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Aбе по можност и песната нека ја повлечат :D
    Aбе Aјде, од Bлатче не очекував вакви блувотини да пее.
    едно 7-8 пати ја преслушав, и пак ќе кажам ужас, ужас, мизерија, ова и XXL ги надмина
     
    На Vikica.cuci му/ѝ се допаѓа ова.
  7. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Вака..
    Вчера вечерта сосема зборавив дека ќе се промовира песната.Случајно видов на фб и пуштив да гледам,некоја минутка пред да го промовираат спотот.
    Почетокот на песната ми се допадна од старт,си реков "Еве ја вистинската и добитна песна за Македонија",арно ама како ја слушав понатаму не останав со истото мислење.

    Прво,пофалби за стајлингот и на двајцата,посебно за на Влатче.Прекрасни парчиња облека му склопиле.
    Имам замерки за следново:
    Делот на Влатче е многу тивок,посебно на YouTube неможам ни да го рзберам што пее..Ама кога ќе викне Есма се слуша и тоа како (многу нормално).
    Влатче се губи во песната искрено.Жал ми е з него искрено бидејќи пее прекрасно што не му дадоа шанса да се покаже,сигурна сум дека ни малку не му е сеедно за негативните коментари кои ги има во изобилство за жал.

    Спотот..Ве поддржувам сите што сте напишале дека треба да се истакнат убавите работи во Скопје.Ама ова е премногу бе луѓе.Од оние што работеле на локацијата за спотот дури и јас би смислила подобра локција.Ако требало да се промовира земјата,односно ако им била намерата тоа да го направат преку спот,низ земјава искрено има многу,многу поубави локции.Не е ни чудно што има коментари дека ова е проектот Скопје 2014,ама не навлегувам до толку.

    Се сложувам и со фактот дека низ Европа има многу Роми кои би гласале.Ама едно да си кажам.
    Луѓе на Евровизија се бара нешто ново,нешто модерно,брз ритам,нешто што ќе ви влезе во уво.Имаме такви луѓе во земјава кои верувам дека би напрвиле таков пакет.
    Кога веќе се одбрани тие за претставници,нека се направат 10песни од различни композитори нека си одбере народот.И после тоа пак би имало негативни коментари,дека имало местенки за песната ама барем едно ќе се знае "Ние сме ја обрале и толку".

    Спотот е тргнат.Свесни се и Влатко и Есма дека помеѓу граѓаните има револуција и критики.Можеби нешто ќе се смени,сигурно е така,инаку зошто би го тргале.

    Само помеѓу балканскиве народи,Евровизијата како настан се сфаќа толку лично и трагично.Во некои други земји не ни знаат дека ова се случува ни кој ги претставува ни ништо,на крај ќе си победат и никому ништо.

    И така,им посакувам убаво да си поминат и достојно да не претстават.Ќе стискам палци и годинава.
    Која сум па јас за на некого да му биде важно моево мислење.

    п.с Есма вчера кажа ќе имало еден авион со деца од нејзината хуманитарна организација кои ќе одат во Шведска.
    Есме,земи ме и мене да веам знамња.Преку телефон да им ставам слика на дружината од Фемина од големото случување.
     
  8. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Ех не брукај момичките така сега. Кога можеа Спајсиците да продадат милиони рекорди без да знаат да писнат во живо, можеа и девојчињата да извадат 15 место во финале. Има други мети за пукање што ни во финале не стигнаа. Ѓоко да фиш, син му на Вучич, триото со Тамара(како им беа имињата на дечките во позадина?), па го имаш овој со русинката... бирај!
    Некст Тајм не ти ги давам за опција, нема смисла да ги ставам во јавност додека не ги исчешлам.
     
    На sweet-cherry, Trnche, tessie и 2 други им се допаѓа ова.
  9. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    782
    Песнава не ми се допаѓа воопшто. Музиката делува на моменти интересно но текстот е УЖАС... Ваква катастрофа не очекував...

    Крај на крај што се замарате кога секако нема да победиме? :?: :lol:
     
  10. zarah

    zarah Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2012
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    1.557
    Пол:
    Женски
    Пази што збориш, да не биде “Империјата го возвраќа ударот“. :D
     
  11. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Гарант ќе биде тоа преку "Преродба во 100 чекори" :rofl:
     
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.193
    Допаѓања:
    156.770
    Па добро...у едно нешто да го послушаат гласот на народот...
    Се уште не сме среќни,но добро. Барем нема да се срамотиме.
    Сто посто вчера и создавателите на песната кога ја чуле више кога отишла у етер се фатиле за глава, леле што сме направиле,јака беше дрогата таа вечер...
     
  13. Tambolina

    Tambolina Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2013
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    12
    Јас може ке бидам црна овца меѓу сите мислења овде :) Мене искрено ми се допаѓа песната,певлива е ,влага лесно во уво и тоа баш поради тоа што рефренот се повторува ( исто како на ланската победничка песна,каде 100 пати се пее ,, еуфорија ,, )
    Сигурно доколку се доработи аранжмански,ќе биде уште подобра. Сме имале далеку полоши песни кои не претставиле тоа дефинитивно треба да се признае. Баш поразговарав денес и со неколку музичари и сите имаат позитивни критики,се разбира доколку малку се доработи,а тоа сигурно ке се направи. Стварно незнам зашто толку негативни критики,ама секој си има свое мислење нели.

    Во однос на спотот,немам некој посебен коментар..тоа е тоа,тоа е Македонија денес,сакало на некој му се свиѓало,сакало не.Не се согласувам потполно дека е Скопје 2014 ,бидејќи има делови во спотот и од другите градови колку што можам да приметам :) Како и да е за страниците е примамлив и колку што можев да прочитам коментари на нет,на доста од нив им се допаѓа.

    Среќно нека им е на Влатко и Есма. Напред Македонијо !
     
    На Lella, marta.99 и nati44 им се допаѓа ова.
  14. lana8

    lana8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    180
    Средно жалосна е благ збор. Мислам , имаме текстописци имаме се и сешто, но кога ке дојди време за песна на евровизија се обидуваат да го извлечат најмизерното од нив, и од пејачите со што ја срамат целата земја со се народ и спомениците.
    Секоја година е се помизерно.. До кога? Песната би била подобра без Есма.
    Влатко е добар избор, има совршен глас, дајте нешто како за него, нека се покаже.
    Подобар текст јас ќе напишев.. Бог да чува. Увек истото е, иди евровизија и се е мизерно.
    Рум дум рум, Вучич, Каљопа, ХХЛ, Каролина..... Не се сеќавам на една добра песна. Можеби Елена добро не претстави, покажа ноџе, певлива песна и ок пројде.
    Не сфаќам. Ако не можат да направат нешто добро , зошто воопшто одат?
    Влатко можи и повеќе од ова.Многу повеќе.
     
  15. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.422
    Допаѓања:
    22.808
    Пол:
    Женски
    https://www.youtube.com/watch?v=3RRiQwSmn6U

    Еве го спотот, и пак фрчат негативни коментари под него.
    Мене воопшто не ми се допадна песната. Случајно сабајле ја слушнав додека се возев во автобус, на радио ја најавија како нешто кој знае колку големо и спектакуларно. Малку е да кажам дека се разочарав, и од текстот и од спојот кој го направиле. Сега пак, и спотот го гледам, нема врска! Катастрофа невидена. Да сум на местото на Есма и Влатко, ќе се откажам од настапот после толку негативни коментари на нивна сметка. Не е дека хејтаме се што ќе пратиме на Евровизија, ама во текот на годината излегуваат многу подобри и поубави песни,а кога ќе дојде време да се направи песна специјално за оваа пригода - ги нема никаде ниту пејачите, ниту композиторите или текстописците.
     
  16. MotherMonsterI

    MotherMonsterI Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2012
    Пораки:
    797
    Допаѓања:
    837
    Немам многу да искоментирам.... токму Сашко Коцев со Субрата Рој поубаво ќе не претстави...ова е срамота за такви музичари да си дозволат да излезат со таква песна која не е достојна ни за на Златно славејче ! :puke: :puke:
     
  17. Mermaid90

    Mermaid90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    1.049
    го има Влатко сега на Телма,гостин во емисија
     
  18. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Приметив дека официјалниот спот што беше поставен е отстранет од youtube, изгледа и они сами се засрамија од тоа што го направија.

    Која желба за тролање ми се јавува кога има Евровизија, па и сами знаете од ланската кои смешки паѓаа .. во пеколот ќе горам што си правам мајтап со пеачиве :sweat:

    Изведувачите кои ги одбравме до душа имаат солидно гласови, да речам одлични ама како спој двајцата воопшто не ми идат заедно. Башка за песната да не коментирам, ср*ње на годината, текстот да го пишувал некој од забавиште покреативен и побогат ќе го направел. Спотот е врвот на мизеријата, тоа не е спот бре тоа е рекламна кампања за споменици мајке ми |(

    Не знам што се зацрнија така Влатче и Есма, ќе ги тролаат сега додека се живи а добри имиња тука си беа. Па ова да те молат да не сакаш да го пееш бре.

    Се изначитав коментари на нивна сметка, и кој може и кој не може мајтап си прави со нив. До толку ли ви се идеше на Евровизија и да се прошетате до Шведска па што и да ви дадат прифативте да пеете. Ај будаливе од МТВ, не ни очекувам од нив нешто повеќе. Ама овие двајца да не знаат да кажат чекајте малце, ова ли да го пееме..

    Смешно, жално, мизерно.. Калиопи и Ѓоко вратете се, се ви е простено !!

    Ајде нека дојде главниот момент во Шведска, да троламе :devil: Да гориме во пеколот :wasntme:
     
  19. marta.99

    marta.99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2012
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    133
    Пол:
    Женски
    не е нешто посебно песната ама не е ни до толку катастрофа, сме имале и помизерни песни. искрено вакви песни и треба за на евровизија глупави со зборче што по 1000 пати се повторува пошто само такви можат да победат таму нели. мислам во живо кога ќе ја пеат влатче ќе се истакне многу повеќе.есма ми е мизерија самата по себе ама ај нека блека женчето што да му праиме :D во врска со локацијата го претерале малце повеќе со прикажување на владините проекти од километри се гледа ама ајде нека им биде. се на се од наредна година е најдобро да се откажеме пошто и каква и да е песната џабе ни е на нас све си е таму политика, само за џабе ќе се фрлаат пари и ред други работи. како и да е со среќа нека им е што биде нека биде , нека си се промовираат малце и така :D
     
  20. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    И официјално песната ќе претрпи корекции, нема да се брукаме до толку барем.. Фала му на Господ еднаш и мислењето на народот во Македонија да се слушне и прифати.

    Јавноста успеа да ја сруши „Империјата“
    Масовно - Јавноста покажа незадоволство

    Голема негативност во целава ситуација се коментарите на јавноста кои што не би требало да ги игнорираме. Имено, настанот вчера беше најкоментиран на социјалните мрежи и тоа не само во Македонија. Голем процент од публиката сметаат дека на песната сериозно и е потребна некаква корекција. Никој не ги оспорува квалитетите на Есма и Влатко, но и никој не е сосема задоволен од крајниот резултат на музичкото парче. „Немало динамика во рефренот, не им се дала можност на пејачите да ги истакнат своите богати вокални способности“, велат повеќето на социјалните мрежи. За жал на истите тие интернет страници денеска голем хит беа и фотомонтажите со ликовите на Есма и Влатко - качени на лавови. Се појавија стотина различни фотомонтажи, па можеби и затоа менаџерите одлучија спотот привремено да се оневозможи за јавноста.

    извор : http://www.tvpaket.com.mk