Јас пак никако не можам да се сетам на полоша песна од оваа во минатото, го спомнувате Мартин Вучиќ и што знам, мене таа песна не ми беше лоша за на Евровизија, лесна со брз ритам, енергична, не дека беше ремек-дело, ама како и да е... подобра од оваа и од Мојот свет, и Од нас зависи и слични филозофии. И, секоја година има поделени мислења нели, на некои им се допаѓа, на некои не, што укажува на различни вкусови, ама годинава едногласно сите се против. Па, прашањето ми е - Доцна ли е да ја сменат? Да се поништи овој избор, да се избере друга? Или тоа е тоа, отиде возот?
Ја мислав дека и да сакаш неможеш да направиш волку лоша песна со волку лош текст и со волку лош кичерајски спот. Ама ете, се можело Го гледаш спотот и во секој момент очекуваш во некој кадар Коце и Грујо да се појават. Со лопати, ко градители на империјата ова мизеријата де Очекував многу подобра песна, во која поголемиот дел ќе пее Влатко, а Есма само некој мал дел, а оно ко ќе видиш обратно Катастрофа, искрено дури срам ми е да ја слушам песнава. Спојлер На социјалните мрежи веднаш направија и пародија на песнава Одам, чекорам по небо, летам јас низ Скопје, и кога заспивам споменици јас сонувам Ејгиди море дејгиди, наши споменици убави Животот е музика, споменици, нашата империја Империја, империја, спомениците царуваат на земјата, империја, империја, најмоќен проект на планетата Кога спие цела влада, пеам во ноќите, ги допирам спомениците со крилја на нотите. И дали некад ќе дочекам да ги пратиме Суперхикс на Евровизија, со некоја песничка ко на пример Африка???
Есма кога беше со Боки боље и беше. Овде ту мач сериозно го имаат сфатено. Сега го изгледав и спотот,премногу е претенциозен и глуп... Сами си го бараме. Танцот на девојките у спотот, Макфест 95та, придружните вокали такоџе. Јас не знам кој музичар ова го проценил ко нешто добро. Ваљда му имаат рикнато ушните тапанчиња. Можеле да направат нешто комично и забавно,а не нешто глупо-сериозно.
Лудо бе, мене баш ми се свиѓа песнава, баш ми е ...дали ради ска моментот... али не им го сфаќам филмот со сукњите... Ај нас територија ни` зеле, име не ни` признаваат. Сеа и на Шкотите фолклор им присвојуваат?
^ И мене ми се свиѓа и не е ваљда,туку сто посто ради ска моментот! Ама ќути не кажувај вмро-вците,патриотите и нашите еуфовизија фанови ќе не хејтаат! Башка глеј бе колку се лајт,суќњи облекле бог знае за шо и песната им се вика алкохол ис фри! Па шо сакаш поише? Ако може спартански да се набилдаат и нагоре голи да пеат и ќе биде БОНБОНА!
http://grid.mk/read/news/504403575/1990 ... makedonija Незнам дали го гледавте Влатко на Телма,жал ми е сега за него,се гледаше дека е разочаран се,ги читал коментарите по социјалните мрежи. Водителката го праша дали е можно да има измени песната ако јавноста не е задоволна. Тој рече дека многу му е важно што ке кажат гледачите,македонската јавност,не одговори конкретно на прашањето бидејки и не е до него.Има други што кажуваат што и како ке биде. Од друга страна спомна дека досега не соработувал со луѓето што ја правеле песната,дека имале тешка задача.... Се гледаше дека не е задоволен. Ако го најдам интервјуто ке га ставам тука
Песната ми е мноогу глупа. Текстот и е глуп а музиката е интересна до некаде.Срам.Ќе се засрамиме и тоа како.Каква комбинација жити се.Есма и Влатко.А текстописецот....па ние поубаво ќе напишеме од овој
А што не направат нова песна? Имат време, ене кај е Евровизија, уште малку, имат време за нова песна Мож ќе ни се допадне песната Иако, со која песна и да се појавиме на Евровизија, ќе не вратат опет назад.А па и ако некогаш победиме, кај ќе го сместиме цел тој народ во државава, ќе немат место, пак ќе требат да ја прошириме државава
Aбе јас сега го видов тоа Cка, пошто до пола ја ислушав ја изгасив не ми се свиѓаше... A Bлатче разочаран,богами и треба да биде разочаран, нека седне нека си ги преслуша песните, па после нека ја слушне песната со која сака да не представува на Eвровизија, па нека си подразмисли бугарите пак ги праќаат http://www.youtube.com/watch?v=FU9tlDNfwiU
Македонска работа по се се плука.Не памтам до сега да сме рекла за една песна дека е убава.Секоја година истата приказна,не е само оваа.И лани со Калиопи,прехлани Некст тајм.Сепак до менталитетот си е не до песната.
Ма каков менталитет бре луѓе??? Реалност е ова, не менталитет. Песнава е катастрофа, текстот никаков, па ни ја вреѓаат интелегенцијата бре со ваков текст. Вокалот на Есма е пренагласен и добиваш впечеток дека си на ромска свадба. Спотот е кичерај невиден. За Влатко искрено ми е жал, има квалитет и добар вокал, а сега ни крив ни должен го реметат ама ко се фатил во орото...
Како бре при олку лоша песна пак го обвинувате македонскиот менталитет? Сериозно ви се допаѓа? Ај бидете искрени со себе, пуштете ја уште еднаш песнава па кажете...
Супер се Гциве и мене ми се свијаа многу песната, паш е онака евровизиска. Брза, забавна,интересна. Туку вие за суќните сте се фатиле, а ја за името на песнава, се тешат дека им се покачи данокот од 2012 па сеа алкохол ис фри, абре у таа криза ни алкохол не помаже Мене ретко коа не ми се допаднале јужниве, имаат осет за музика и за правење хитови и имаат предобра музика, се докажало до сеа. Мајка ми само чека грчка свадба,ако некој има нека каже да му ја шипам да му игра на свадба, ме пукна више Нема да јаде, ама има да се изнакрши чинии
Еј абе има некој линк да ми даде Есма со Бока песната да ја видам што беше пред неколку години, како низ магла се сеќавам, а барав сега нешто и не ја најдов. Ај да се насмеам онака пред да легнам