Многу оскуден избор оваа година и на песни и на настапи, ги прегледувам на јутуб и ретко ретко кој да ми остави впечаток. Мене 3 песни ми влегоа ептен во уво- Унгарија, Ерменија и Црна Гора. Тоа се моите топ 3 годинава, иаку нит глеадав нит ќе гледам финале. За коментарите на сестричките наши на социјалниве мрежи, не трошам ни збор, они се тие што на крајот е мизерни, ама не сакаат да сфатат. Досадна песна имавме, нит настап нит промоција нит ништо. Веќе видено и чуено. Ми се допаднаа исто и Финска, Норвешка, Белосусинот со чизкекјот ми беше посимпатичен него оној што сака да прави торта И Швајцарците имаа забавна мелодија, нешто што може да биде инстант хит. Грчката мене не ми се допадна, за разлика од лани што беа порогинални, оваа година иделе на сигурен миск на модерен диско хит. Ќе биде хит ама не ми е ништо посебно. Полската ми беше досадна, исто како и руската, па и Шанија и Португарија, како и се остало што ми беше испод просек. Сергеј ме распака дури, спотот му е прекрасен, и ете пример дека со прав изведувач и добра песна не мора да се има циркуз позади себе за да се има добра песна и пласман. Што ќе направи сега во финале не знам, ама достоен си е до стилот и тоа многу го почитувам. Мислам дека Унгарија треба да победи, нај заразна песна од сите ми е, доста време ја слушав на радио без да знам која е и баш ми влезе во уво. А има некоја приказна, не е баш тралалајска песна од типот на чизкејт или печеме торта
Знаев дека нема да влеземе во финале. Фаворит за победа ми е Унгарија. http://www.youtube.com/watch?v=71oOTdHfULY
Јас сум за Холандија...кантри музичево ама за мене предобро http://www.youtube.com/watch?v=hkrF8uC92O4 прв пат нешто од Холандија супер да излези и овие соседиве наши јако песниче да си денцаш..почетокот ми изгледаше како погребна церемонија,ама нека се тера.. а оти Раде Жаре го викам,епа Жаре од Еден на еден правеше мајтап со него и така само на Жаре асоцијацијата.... Јас знам кој е нашиот спас за финале и секако ПОБЕДА! 1.Ќе најдам коза 2.Со црна брада 3.Ќе му ја сечам брадата 4.Ќе си ја залепам на мене 5.Ќе си нацртам мустачиња 6.Ќе ги направам Гоце Делчев стајл 7.И тие ќе ги залепам на суратот 8.Ќе си ја направам косата со фигаро 9.Ќе направам песна со наслов Уште ти ми требаш 10.Брз ритам така да можи да се танцува 11.Ќе победиме
Еве го и моето мислење на темава. Монотоно, монотоно многу монотоно. Песна имавме, јак вокал имавме, ритмика имаше, визуелизација имаше ама стајлинг и кореографија-УЖАС, многу лошо. Па дајте бе луѓе, енергична брза песна со гробарски одела и тупкање во место и мавтање со прст не иде. Доста со имитацијата, секоја година ние во црно-бела комбинација ваљда ради судбината македонска на евровизија однапред. Земете некои фустанчиња нешто шарено, тие згодните типци од спотот, некои манекенки нека тресат гз на сцена ала Мартин Вучич од 2005. Дојде човекот со весела песна, згоден убав, манекенки во шарени миничи, една шпага на сцена, фустан горе, гз надвор и оп 12ка ете. Елена, згодна преубава, корсетче опна, затресе гз во шорц со весела, убава песна, намигна 2-3 пати и оп 11 место највисоко за анс Инаку од целата вечер, Белорусите ми се свиѓаа ала ЗАМЕШАЈ КУКОВИМА, ЗАИГРАЈ БОКОВИМА во машка верзија, Полска дефинтивно (знаат како се добииваат гласови женските, видете го само спотот нивни), Словенија една од најдобрите со песна баш Евровизиска од порано ко што беше, Грците весел хит- ќе грми на риплеј летово на Закинтос После Швајцарија имаа интересна певлива песничка. Ми се свиѓа Франција, Данска а во Унгарецот сум дефинитивно заљубена. Со него до крај за победа
^Ме потсети на периодот кога одев во градинка и кога песнава на Мартин Вучич и после на Елена Ристеска ги пеевме во градинка. Се согласувам се бара нешто весело, а не здрвеност на сцена, а + и во црно беше облечена на Тијана божем на погреб е. За следна година Кајмакот да не претставува и сигурно ќе влеземе во финале, а може и ќе победиме.
http://grid.mk/read/article/7280863/rus ... a-avstrija http://grid.mk/read/article/7281273/por ... evrosongot
Слабо Евровизијава ова година, многу слабо. Не ги гледав полуфиналиљава, не ни планирам финале да гледам. Ретко да се најди песна уба, да ти влези во главата, ретко. Мене од Шпанија ми е уба исто и од Италија и Франција од големата 4ка(5ка). Друга песна шо ми влезе во главата е онаа на Швајцарија, најпевлива ми е, кога и да ја слушнам ме тера одма да станам и да заиграм. Мене таа ми е фаворит. Сергеј исто има одлична песна. Гледам ја фалите песнава од Унгарија. Мене па ептен ми е просечна и веќе видена/слушната. Не ме привлече многу. Полска, само цицки гледав, иако песната е онака певлива и забавна. Така да мене фаворит ми е Швајцарецо.
Или дека РогоЖАРов и ви се измешало нешто ....инаку сега поприбран е некако, порано место не го фаќаше во емисии.... Ја ислушав полската песна цела, не е лоша мелодијата ама нејќам да победат ради начинот на кој се пласираа, исто и хермафродитот желен за внимание не сакам ни во топ 10 да заврши а да не зборуваме за победа..... ама не знам колку ќе ми се исполнат желбите, тоа од Австрија ќе го гласа геј заедницата и такви слични некои, тие најмногу го пратат фестивалот, за Полска ќе гласаат попалени сељанчиња и ќе бидат таму некаде, погоре на листата за жал
Баш ми се допаѓа како Кончита ја испеа песната, од Селин Дион. http://www.youtube.com/watch?v=WmL7m0by4UQ Ама, сепак ми е неприфатлив лик.
Само ова не ми е јасно, Каролина ли е единствена водителка па што неа ја пратиле да коментира? Ми ги распара ушиве.
Црна Гора, Швајцарија и Унгарија се најдобри според мене, ете и Арменија тука негде е.. Ама ако победи Австрија е тоа ќе биде врвот!
Ај да видиме што ќе биде...Мои топ 5 се: 1.Унгарија 2.Велика Битанија 3.Австрија(не ме тепајте ) 4.Украина/Грција 5.Грција/Украина
Ајмоо Ги немам чуено сите песни, али од тоа што имам слушнато Исланд (телетабисите) ми се фаворит. Најсериозно, топ ми е песничето и сценски и се ми се допаѓа. И Шведска ми се допаѓа песната, али малку е веч виџено. Едит: Не ми се допаѓа Исланд.... ги обожавам!!!
Мене освен Швајцарија како фаворит,песнава на Норвешка ми е пре прекрасна,како саундтрак од филм ми звучи,преубава! Настапот на Исланд,одличен,весел,позитивен.Иако песната не е да паднеш во несвест,сепак многу позитивна и интересна,убаво. Едит:Ја испофалија сите Црна Гора си викам којзнае што песна е оно,Жељко стил досадни се веќе со песниве.Ништо што не е веќе чуено во 1000000000 албуми едни та исти на Жељко Ј. Полска не ми е јасна
Не можев да си го редактирам мислењето.Иначе од Романија многу е убава песната,јас изгледа ја немав слушнато.А многу ми е криво што Литванија не влезе.