Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Евровизија 2014

Дискусија во 'Музика' започната од Madam-A, 4 мај 2014.

  1. missfortuna

    missfortuna Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    171
    Ако гледаме дека песната на победничката беше стварно добра и дека изгледот не влијае, тогаш зошто ние не влеговме во финалето, имавме многу јака песна, многу енергична, но заради изгледот на Тијана и нејзината здрвена појава не влеговме :?:
    Песната на победникот беше ок, но не беше една од најдобрите!!
    Мене лично Ерменија ми беше фаворит оти дечкото има потенцијал, па следеше пеачката од Шведска, Унгарија, да не го заборавам Сергеј кој има извонреден глас и е многу познат како пеач тука на Балканот.
    Ова беше повеќе како подршка за ваквите луѓе, местенка или како договорени, на почетокот имаше разлика во поените, но од 20 натаму сите дадоја 10 или 12 поени за Австрија :?:
     
    На beliver му/ѝ се допаѓа ова.
  2. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.057
    Допаѓања:
    36.097
    Пол:
    Женски
    На мене фаворит ми беше Унгарија и многу ми е криво што не победи. Ми се допаѓаат и песните на Ерменија, Шведска, Швајцарија, Холандија, Украина, Шпанија и Црна Гора.

    Еве како изгледа Кончита Вурст во оригинал - без брада и без долга коса.

    [​IMG]
     
  3. missfortuna

    missfortuna Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    171
    Дали вака ако излезеше ќе освоеше прво место?
    Не,, верувајте не :!:
    Е во овај случај ќе се ценеја другите пеачи повеќе
     
    На LittlePinky, sweet-star и sajonaramucaca им се допаѓа ова.
  4. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.057
    Допаѓања:
    36.097
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со тебе. Јас мислам дека победи заради контроверзниот изглед, а не заради песната.
     
    На sweet-star и missfortuna им се допаѓа ова.
  5. PaLaVa

    PaLaVa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    3.705
    Пол:
    Женски
    https://www.youtube.com/watch?v=fZ5B6w-Baxs

    Па порано се знаеше, или си машко или си женско (па макар и вештачко) а сеа... ова нешто дал е лабораториска грешка... дал е некој лош микс хормонска терапија ... шознам. :?:
     
    На sajonaramucaca му/ѝ се допаѓа ова.
  6. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    461
    Срамота што ги исвиркуваа Русинките и кога и да се спомнеше Русија.... избор на песна е ова или што?? Ништо чудно и ако се повлечат и Русите до година.... Она со австриско државјанство и победата не го коментирам, јасно ни е се.... на повеќето барем |( песната не е ништо посебно, не се правете паметни некои.
    Полска не успеа да се протне во првите 10 :D Ние во полуфинале сме добиле поени од Белорусија, Финска, Израел, Малта, Швајцарија, Италија, Словенија, од Словенија единствена 12ка а ние ништо не им дадовме, не дека треба на ти го дај ми го ама фина песничка имаа..... и се надевам дека до година и ние нема да учествуваме |(
     
    На rainlover, Bescheiden, babyblond и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.314
    Пол:
    Женски
    Од како победи овој/оваа почна страв да ме фаќа дали ќе си најдам маж да се омажам у иднина. :o
    Песната не беше ич убава, а победата му беше зошто 70-80% од гласачите се LGBT популација. :^)
    Да и тие се луѓе и се тоа, ама имаше многу подобри песни.
    Ете зошто Унгарија или Холандија не победија? :^)
    Следната година планирам да не гледам Евровизија, а и така 60% од песните беа никакви.
     
    На Bescheiden и missfortuna им се допаѓа ова.
  8. missfortuna

    missfortuna Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    171
    Евровизија се преценува!!
    Само непотребен трошок, кога никој ништо не добива освен што ќе си набие лош рејтинг!
    Од толку познати и добри странски пеачи зошто никој не оди да претставува држава, па не се гупави, тоа тие како сам да си копаш дупка за да си падниш во неа.
    А и не му е потребна евровизија за да си ги покажат квалитетите.
    Ако порано политиката и односите на една држава со друга, соседите и давањето еден на друг поени,
    натиго па дај ми го беше тренд, сега е напрај се почудак од што си, пушти си брада стави си перика, облечи тесно фустанче и носи си петлак под него или извај ги цицките за некој поен плус.

    Респект за оние кои ја освоија публиката чесно :!:
    Уживајте
    http://www.youtube.com/watch?v=Pfo-8z86x80
     
    На Bescheiden и Someonespecial им се допаѓа ова.
  9. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.783
    Допаѓања:
    100.177
    Пол:
    Женски
    Јас добив чоколада од маж ми за Кончита. :D Добро де сеуште не е купена ама важно е загарантирана.
    Требаше да се обложувам на големо. :^)
    Не знам зошто се потресувате.Австрија свесно си одеше на победа со ваков шокантен изглед и силен вокал.Кога не би ја гледале дури и е пријатен/а за слушање.Ова е шоу кое мора да понуди нешто ново за да опстане.Можете да плукате и фрлате камења по неа но факт е дека тој/таа си ја однесе победата во својата земја.Секое чудо за 3 дена.Ги читам коментарите по фб за тоа како мајките ќе ги воспитале децата после ова.Е да кажам тешко на тие деца кои се воспитуваат со примери од телевизијата.
    Значи си победи Кончита со 290 и нешто гласови и тоа не може никој да и/го одземе.
     
  10. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    За догодина само Фифи ни е спасот!!! + малце брада и загарантиран успех!
     
  11. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Секое негодување околу песната на Кончита се сфаќа како напад бидејќи тој/таа е геј, транс..
    Навистина не е убаво да се вреѓаат вкусовите како што читам во некои претходни постови, нормално е на некој да му се допаѓа, а на некој да не му е убава песната (не Кончитата).
    Изгледот на Кончитата е друга работа, еве мене и покрај тоа што не ми пречат геј/транс луѓе, не значи дека сите такви треба да ми бидат симпатични како појава.
    Овој не ми е, бидејќи се однесува вештачки, глуми, се пренемага и со покретите и во зборувањето..

    Го поддржувам ставот дека евровизиска победничка песна треба да биде некоја што лесно влегува во уво, певлива, разиграна, "тралала" што лесно ќе се запамти..ама ете и оваа година, а и наназад многу пати сум се разочарувала од победниците.
    Од годинешниве песни имав фаворити од кои дел не се пласираа во финале, а во ист 'кош на досадни' со австриската песна ги ставам и холандската, норвешката, црногорската.. Песните можеби се со моќни текстови, музика, вокалите се исклучителни и не е спорно тоа ама ете не поддржувам такви песни на Евровизија. На Сергеј на пример му беше многу убава песната, ама не ми е за на еуросонг.
    Исто така било и претходните години. Никогаш не ги сакам баладите на контестов, но скоро секогаш се пласираат во финале и претежно добро котираат и некогаш победуваат.
     
    На MandyLane, Golden и Madonna им се допаѓа ова.
  12. LusySkyDiamonds

    LusySkyDiamonds Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2013
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    823
    Мене ми се допадна победничката песна без да ја гледам, значи доколку би ја слушала на радио заедно со Шведска убави балади се. Исто така Швајцарија и Холандија ми се допаѓаа, но ако се прашувам кој требаше да победи Унгарија фаворит и песна и изглед и настап повеќе за на MTV отколку на Евровизија.
     
    На Srckata28 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. nikiiii

    nikiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2013
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    942
    Најдобри песни ми беа од Шведска, UK, Сан Марино и Романиа...една од нив сакав да победи ама ништо.. :D Победничкава песна не ми се допаѓа не дека победникот изгледа така каков што е туку песната не ми се допадна :)
     
  14. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.895
    Допаѓања:
    89.438
    Пол:
    Женски
    Треба да се исрати нешто невидено а не да се прави копија :D
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  15. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    предлог:Фифи избричен гола глава,нели пошто оваа веќе имаше коса,во невестински фустан,и згодни мажи околу неа во костими што денсаат и демек се тепаат кој да биде со неа :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На Golden и sweet-star им се допаѓа ова.
  16. WaffleGirl

    WaffleGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2014
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    1.046
    Се согласувам Viktorijaaa5 ,ова на евровизија беше досега не видено и затоа се проби и победи..Цела Европа ја привлече :^)
    Да,песната беше убава,јас мислам и без тие глупирања ќе победеа и гласот се совпаѓаше со песната..Изгледот воопшто не ми се допаѓаше :puke:
    Сликава :x
     

    Прикачени фајлови:

    • omg.jpg
      omg.jpg
      Големина на фајлот:
      49,7 KB
      Прегледи:
      72
  17. MaggieTatum

    MaggieTatum Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    509
    Пол:
    Женски
    Не го гледав ни првото, ни второто полуфинале, а и пола од финалето го пропуштив ама се на се повеќе ми се допадна годинешнава евровизија од претходните години... Интересни песни имаше, ама на постојан repeat ми е таа од Исланд -
    http://www.youtube.com/watch?v=TwfGKEIn5xw :lol:
    Воедно е и забавна а и со добра порака, како back-up на Кончита и беа :D Кончита беше прекрасна, ама за жал пораката од песната на Исланд кај нас уште не е прифатена, па затоа се смета за freak/ненормална итн.. Заслужено си победи, само штета што Исланд не се пласираа повисоко..

    едит: само да додадам -
    WaffleGirl, од желбата да докажеш што е "нормално" а што не, погрешна слика си копирала, тоа е Кallay Saunders, претставникот на Унгарија ;) Ова е Том -
    [​IMG]
     
  18. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Идете бегајте,каков Фифи..до година Јанкуловска ја праќаме.
     
    На Moonstone.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. WaffleGirl

    WaffleGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2014
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    1.046
    Аxахахха :) Фала ти многу што ме исправи :D :D
     
  20. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Додека не сватиме дека Евровизија е едно големо шоу ништо нема да бидне од нас..
    Инаку знаев дека Кончита ке тепа, без да ја судиме за тоа како изгледала, типкава има многу вокалвни способности и песната е победничка..
     
    На MaggieTatum му/ѝ се допаѓа ова.