1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Евровизија 2014

Дискусија во 'Музика' започната од Madam-A, 4 мај 2014.

  1. missfortuna

    missfortuna Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    171
    Песната од Шведска реално беше најдобра, ако се гледаше на квалитет на песната, а пеачката со најчист и најмоќен глас, можи требаше да појди со брада за да си го добие првото место како што го заслужува.

    http://www.youtube.com/watch?v=CZiLWCNakPc
     
    На Adi888, mileystar и Aschenputtel им се допаѓа ова.
  2. missfortuna

    missfortuna Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    171
    И јас се зачудив од тоа ууу за Русија кога се вклучија и мислам сето организирано беше.
    Од почеток се знаеше и веќе кој ќе победи :!:
    Чиста провокација за Русите е ова, таму не се признаени никакви права на хомосексуалци, а и воопшто пропагирање на права преку медиуми, активисти и организации за форсирање на права следат казни од по 120 долари заради непочитување на законот по човек, ако доколку фатат организатори и организации казната е милион рубљи.
    Со ууу мислат дека ќе ја срушат моќната Русија и Путин :D
     
  3. xexo

    xexo Активен член

    Се зачлени на:
    2 март 2013
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    22
    Тотално сум изреволтирана од тоа колку судиме некого за неговите одлуки. Како прво Кончита преубаво испеа, едноставно без зборови останав. Како второ, Кончита не му е вистинско име, тоа му е drag име. Вистинско име му е Том. И не, незначи дека е геј ако се облекува како жена. Тоа му е дел од drag clothing-машко кога се облекува како жена и нема никаква врска со сексуалната ориентираност. Тотално заслужена победа.

    А тоа што Евровизија секоја година ни е шанса да се избрукаме пред светот, не сме ние криви. :tmi:
     
    На Kaylie му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Stefani999

    Stefani999 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2012
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    601
    Јас мислам дека не беше за маските,туку Lordi е доста познат метал бенд низ цела Европа,па и можам да кажам и подалеку.Таму тие земји слушаат доста метал(од една анкета го видов тоа).Добро може некои гласале и поради маските не е тоа главната причина
     
    На Dvolicen му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485

    :geek:


     
  6. xexo

    xexo Активен член

    Се зачлени на:
    2 март 2013
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    22
    Пишав мое мислење за тоа како пее. Останатото за тоа како се облекува си читнав на нет. Фала што ме исправи. :D Сепак, никогаш не судам според изглед и сеуште се држам на тоа дека ја заслужи победата. Но секој со свое мислење, нели. Затоа сме тука :)
     
    На Dvolicen му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Angelceto

    Angelceto Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    236
    Каде може да видам како го направија знамето нашиве? Го пропуштив почетокот.
     
  8. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека Кончита или како и да се вика Томас си има право на свој живот. Многу машки го критикуваат бидејќи тој е машко нели...
    Е сега што се однесува до песната и гласот му се феноменални. А за изгледот неможам да коментирам. Незнам што ве чуди тоа како да не сте виделе такво нешто. Се има по светов.
    Више напнавте со него и по фб и се. Победил и тоа е готово више нема назад.
     
    На xexo му/ѝ се допаѓа ова.
  9. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Нема врска тоа. Чисто за споредба - t.A.T.u. беа светски познати кога настапуваа на Евровизија, па завршија на трето место. А Kate Ryan сирота, ни во финале не влезе.
     
  10. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    3.498
    Пол:
    Женски
    Колку повеќе се глупираш, толку повеќе гласови збираш! :fubar:
    Некои години има квалитетна музика и победничката песна е одлична.
     
  11. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    На simonna.a, cresa-jagoda, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  12. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.592
    Допаѓања:
    9.360
    Пол:
    Женски
    оваа година не гледав евровизија ја пропуштив, но подобро што не сум ја гледала!!
    Катастрофа, мизерија фујј...За Кончита незнам што да кажам.Песната како балада ми се допадна но нејзиниот изглед НЕ!И мислам на евровизија треба да се настапува со весели песни, певливи а не балади.
    Кончита облекла фустан и неможе да се движи за да си го скрие к**** барем панталони да облечеше и да ја избричеше брадата!За нашава песната ми се свиѓаше го гледав настапот ама многу во место стои, требало повеќе да се движи и да е биде во црно облечена ко за на погреб :^)
     
  13. Stefani999

    Stefani999 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2012
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    601
    Еве јас на пример за глупирање го сметав бакнежот лезбејски лани(само пример давам),а не победија.Оваа година милсам дека тоа на Кончита не беше глупирање,туку само нејзин стил.Исто и со Lordi,тие секогаш си ги носат маските,фала богу по тоа и се познати.За мене тоа не е глупирање туку стил,или пак нешто ново,шо очигледно и се допаѓа на публиката.
     
  14. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.890
    Пол:
    Женски
    Да се надополнам со тебе ;) . И гркинкава беше добра
    http://www.youtube.com/watch?v=wKlv07CMPjc
    И оваа
    http://www.youtube.com/watch?v=2x9a6t1DzYg

    8)
     
    На simonna.a му/ѝ се допаѓа ова.
  15. WaffleGirl

    WaffleGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2014
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    1.046
  16. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Мислам дека воопшто и не ни треба да има Евровизија, после оваа, со појавувањето на австриецот. Предалеку отидоа, човек уште кога ќе слушне за Евровизија, знае за што станува збор, место каде се цени се друго, освен квалитет.Според мене, арно направиле нашиве соседи, што откажале присуство на Евровизија, барем колку што наслушнав.Гледам луѓето таму кои одат, па дури и учесниците во истата, припаѓат во несвест, како да станува збор за некаква серозна манифестација, кога веќе нема ни с од сериозност во организацијата.Разбирам, можеби на повеќемина кои се појавуваат таму, повеќе им е за реклама, промоција на својата земја, музиката, културата, обичаите итн., но и воопшто не ни личи на тоа.Мислам дека човек и не ни може да биде изненаден повеќе од ова, како да го достигнале врвот на нивниот циркус, театар, како ли и да се нарече...
     
  17. RockNroLLGirL

    RockNroLLGirL Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2014
    Пораки:
    1.577
    Допаѓања:
    5.706
    Пол:
    Женски
    победничката песна беше катастрофа во мој опинион .. гласот беше катастрофа.. победи дека беше машко во фустан со брада ете затоа .. во денешно време е модерно да бидеш геј .. no offense
    европа прифаќа од америка малку помалку се ... светот кај замина |( |(
    ајде македонијо пратете го боки 13 можит че победиме
    имаше 10000 поубави песни и пеачи со 100 пати поубав глас
     
    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.
  18. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Ги напнав со песнава, ама буквално се заразив и се дрогирам со нејзе по цел ден, а и дечкото колку е сладок, многу мил, и како си свирка, и мелодииче за мерак, тооолку позитивно песниче ми е, МНОГУ ПОВЕЌЕ ОД 13 место заслужуваше!!!!
    Криво ми е !!! http://www.youtube.com/watch?v=kjWG0oNpWog
     
    На Golden, Adi888, Marossa и 4 други им се допаѓа ова.
  19. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.477
    Тие што на Евровизија промовираат традиција, култура, фолклор, вообичаено се истите кои што не влегуваат ни во финале. А не пак да победат.

    Се знае на Евровизија кои се победници. Башка и што се вмешува политика.

    Друго што ми пречи се тие комерцијални песни со кои настапуваат. Значи се памтат истата вечер, а од утре како да не се испеани.
     
  20. Kacjushka

    Kacjushka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    170
    Откако ми се средија звуците во глава малку сум повеќе позитивно настроена кон песните и дефинитивно Швајцарија е морален победник, претставник со солидни вокални способности, сценски настап на место, алтернатива Шведска - најквалитетна балада на изборот и квалитетен вокал, ама со оглед на тоа дека Шведска победи преклани, а и типката беше малку антипатична, Швајцарија ќе беше вистинскиот избор; Полска како што кажав, песната беше добра, ама штета што гласовите што ги добија не ги добија заради тоа, а од исти причини повеќе гласови изгубија, девојките беа преубави и сето тоа, ама лош избор на перформанс, очигледно се ориентирале кон попростото гласачко тело; Украина имаше заразна песна, само од едно слушање ти се лепи рефренот, ама мене ми е благо иритирачки, не ми се јавува желба да ја ислушам пак; за унгарската имав претстава на Бекстрит бојс шит, тинејџерско кубење коси, сечење вени, ама признавам дека на сцена звучеше добро;
    В. Британија, Финска, Франција :D , Словенија, Романија не знам како завршија и ме мрзи да проверувам, но онака, заслужија да се најдат во топ 10. Другото се беше чист потпросек.
    Црна Гора само од Македонија може да добива 12 поени.

    Кончита ваква-онаков, како и да изгледа, кажавме се што требаше и што не требаше, добро, ама што со песната? Поминаа три дена и никако не успеа да ми влезе во главата. Не велам дека е некоја којзнае колку лоша песна, ама не беше за победа. Но, секако решија дека мора да го одбележат јубилејот 20 години од легализација на истополови бракови со евровизиска победа. Се беше толку провидно уште со тој маркетинг на Кончита денови однапред и тука не се може.
    Од другата година на ТВ преносот нека оди назнака 16+, не знам кој оценил дека е во ред деца да гледаат жени со бради/мажи во проѕирни фустани и полско софт порно.
     
    На Stefani999 му/ѝ се допаѓа ова.