Јас само ќе кажам дека Евровизијата многу земји сериозно си ја сфаќаат и сакаат да имаат победничка песна што ќе остане запаметена, истото важи и за сценскиот настап. Австрија тоа го направи контраверзно, пееше маж облечен како жена. Песната мене многу ми се допадна. Настапот ќе биде уште повеќе озборуван, ама тоа е целта, целото внимание да биде насочено на победникот. На секоја нова Евровизија, победува нешто ново. Ете пример не се сеќавам која година беше точно победи Шпанија зошто девојката на сцена од пантолони ја соблекоа во мини фустанче, па потоа и го спуштија и беше долг. За победата на Финска, настапот и маските беа одлучувачки. Само лани не ми се допадна песната што победи. Се на се, Австрија паметно си направи. Прикажа нешто невообичаено, не знам јас што толку паники кренаа сите, кога тоа беше само сценски настап и за целото внимание да се сврти на Австрија. Исто така не дискриминирам.
Победата на Кончита беше мислам за инает на Путин, на Русија, бидејќи тие се нетолерантни кон ЛГБТ популацијата.
Тоа беше во 2002 година и тогаш победи Летонија. Убава беше песната, а и настапот беше интересен. http://www.youtube.com/watch?v=_B68kYxcea8
На мене ми беше многу чуден начинот на поените на Македонија. На Словенија и дадовме 1 поен? Требаше да и дадеме минимум 7 поени. Не дека е Екс-Ју држава, туку песната беше убава. Ме зачуди и тоа што на Шведска и на Швајцарија не им дадовме поени, кои што имаа убави песни, а им дадовме поени на Италија и на Русија, на кои што песните им беа катастрофа. Со победата на Австрија, се докажа дека во Европа трансвеститите се посилни од предрасудите и дека никој ништо не им може.
Далеку отиде хумотор после овогодинешната.... Преставник за Евровизија 2015-та .. Сигурен влез во финале !
Победата на Кончита мислам дека воопшто не беше заслужена. Се е наместено. По политички пат им се трефнало да победи и тоа е.
Мислам дека нема тема евровизија 2015 ама според песниве мислам дека нема потреба за нова, па ќе пишам овде. ....до сега без коментар...еден израз 1000 зборови...
Само што прочитав коментар на Трендо,во врска со Евросонгов. Гласи вака :``Песниве Макфест 1982,балетаните Пулсирања 1987.`` Не можам повеќе да се сложам.