Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Евровизија 2014

Дискусија во 'Музика' започната од Madam-A, 4 мај 2014.

  1. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.091
    Допаѓања:
    36.230
    Пол:
    Женски
    На мене не ми се допаѓаше песната на Ерменија. Ама откако го гледав настапот на пејачот, го сменив мислењето. Одличен настап. Навивам за Ерменија и Унгарија.
     
  2. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006
    Мои фаворити од вечерашниве песни: У2 ( Унгарија & Украина ;) )
     
  3. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Ѕирнав малку, ама оваа година мнооогу слабо.
    Некако многу слични сите меѓу себе, не ми оставија посебен впечаток.Ми се допадна Сергеј Четковиќ, и таа од Португалија (таа па не помина |( )Четврток се надевам подобро, иако не ми се верува да поминеме.
     
  4. Stefani999

    Stefani999 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2012
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    601
    Јас сум фан на евровизијата и секогаш си гледам :D .Првата вечер најмногу ми се допадна Русија :inlove: На второ место ми се Холандија и Украина.На трето би ја ставила Шведска.Имаше убави песнички,а од оние шо дирекно флеват омилена ми е Германија :) Иначе нашава ни ми е ни убава а ни лоша.
     
  5. ilenaki

    ilenaki Популарен член

    Се зачлени на:
    20 мај 2012
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    1.299
    Пол:
    Женски
    Песната на Латвија леле :tmi: Јас што сум најголем антиталент за музика и текст ќе напишев поубава песна :D
    Па воглавно влегоа скоро сите што ми се допадна иако никоја не ми остави не знам каков впечаток.
    Црна Гора, Шведска, Естонија, Унгарија и Русија ми беа ок па дури и на Португалија ми се допадна песната и тоа што пееја на мајчин јазик . Секогаш ми се допаѓа кога пејат на својот јазик, некако поубаво се слуша и затоа е Евровизија да слушнеме поразлични песни вака секогаш како да е истиот стил, како да ископирале некоја Англо-американска песна, ист стил , иста музика, ист текст но добро.

    Добро што оваа година пореално беше кој ќе иде понатака лани беше ужас според мене како да одбираа најгрда песна што ќе иде понатака. Оваа година можам и да гласам, ќе си гласам во четврток за Тијана :) Среќа се погоди да можеме да гласаме во втората полуфинална вечер , ќе ми беше криво ако можевме вчера да гласаме.
     
  6. Schmetterling4

    Schmetterling4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    51
    Пол:
    Женски
    Од првава полуфинална вечер Шведска, Црна Гора, Естонија и Унгарија ми се фаворити.Другите песни ги немам слушнато, ќе ги видиме утре.Ама изненадувачки убави песни оваа година, има доста конкуренција не очекував толку многу добри песни.Исто и на Италија е многу убава песната, ама и ја гледав пробата на youtube, и настапот не ми се допаѓа.Премногу за мој вкус. :)
     
  7. WaffleGirl

    WaffleGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2014
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    1.046
    Утре вечер сме ние :)
    Ќе влеземе во финале што мислите? :?:
     
  8. Moonstone.17

    Moonstone.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2013
    Пораки:
    592
    Допаѓања:
    1.862
    Пол:
    Женски
    Јас повеќе би рекла Англовизија. Зошто да се пее на Англиски јазик ? Не ја разбирам поентата, пеј си на својот јазик и готово. :D
    Инаку дефинитивно фаворит ми е Црна Гора (барем од оваа вечер, во четврток ќе си „одберам“ уште еден :rofl: ). А, да и оваа од Латвија ми беше интересна ма да повеќе личи ко за реклама за пекара или слаткарница. :D I've got a cake to bake.. I've got no clue at all, cep, cep.. :rofl:
    Холандези нек си се вратат во Нешвил, не ми се допадна песната. (се работи за вкус)
    Повеќето песни значи не ми се допаднаа, барем оваа прва вечер. Ќе видиме во четврток за другите. :D
    И да, не знам зошто уште предвреме фаворизираат изведувачи ? Така однапред веќе се знае побединкот, како лани што беше со Данска. Плус секоја година се меша политика и сл. Данска на Финска, Финска на Норвешка, Норвешка на Шведска, и така меѓу себе си гласаат. Може ова некој би го рекол сложност, ама јас не. Ај, туку нема врска, не одлучувам јас, тоа е само мое мислење. :D
     
  9. WaffleGirl

    WaffleGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2014
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    1.046
    Хахахах да :D
    Мислам дека секој треба на свој јазик да пее :^) И што ако нас Македонија не не сакаат ако пееме на македонски сигурно нема да не гласаат ако пееме на англиски..
     
  10. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Вие за другите викате си гласале меѓу себе, овие енглезите исто викаат за балканот така :D
    Тешко дека Македонија ќе влезе во финале со таа изведба. Не тешко, нема да влезе. Песната не е арна, ама ај тоа, оти поретко која е, туку што мислеле кој ја правил кореографијата, оној штурецот со капулјачата што скока околу неа, зошто? Мене ми личи на теткава излегла на шопинг, или од работа на пауза со оглед на костимот што го носи, и овој ја демне наоколу новчаникот да и украде додека си го крие лицето со тоа худи од CCTV камерите :^)
     
    На sweet-star, MandyLane, De-lovely и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Глобализација е во прашање.Секаде се зборува англиски јазик и скоро секој го знае.Мислам дека така ги прават за полесно да се разберат текстовите на песните,ама не оти некој се замара :D


    А инаку оти ја ругате нашана толку,прилично солидна е за споредба со други години :D
    А кореографијата мора да и биде полоша,да не биде совршена изведба, да победиме,па после да нема кај да се одржи :D :D
     
    На Butterfly-Girl, LittlePinky и Moonstone.17 им се допаѓа ова.
  12. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    932
    Јас само од првата полуфинална вечер ги имам видено песните и сега засега Холандија ми е фаворит. Сите песни некако ми се тешки, балади, натпевувања и кога стигна Холандија, ми се смири главата, ми се чини. :D

    http://www.youtube.com/watch?v=bWe8PRsW4T0

    А инаку имево на песнава, не е слично или исто како некоја друга? Од претходниве страници што имате постирано ми се чини забележав. :?:

    П.С Имелда рулз :rock: . Коментаров за штурецов што сака да ја ограби... :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На Stefani999 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Seashell31

    Seashell31 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2013
    Пораки:
    736
    Допаѓања:
    728
    Пол:
    Женски
    Според мене песната ни е солидна и певлива,за разлика од она лани што го имавме... иии се надевам на влез во финале и повисок пласман :)
     
    На Adi888 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Stefani999

    Stefani999 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2012
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    601
    Еве да речеме дека влеваме.Кај нас кога Калиопи не претставување лани,сите деца на школото па и возрасните викаа дека не чини песната.Викаа кај ваа ја најдоа да ја пратат |( .После она влезе у финале сите КАЛИОПИ СО ТЕБЕ СМЕ :fubar: Се надевам дека оваа година ако влеземе нема да биде така :)
     
  15. cansuuuu

    cansuuuu Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2012
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    111
    Тамара на Англиски или на Македонски ке пее ?? :)
     
  16. Stefani999

    Stefani999 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2012
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    601
    Aнглиски
     
  17. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
  18. Monroe

    Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    431
    Допаѓања:
    416
    Се знае која по ред настапува Тијана ?
     
  19. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    ^
    Зошто да не ги сакала македонците? :?:

    Песната веќе ми легнува на ушите инаку после неколку слушања, тук там надвор од чун, ама па проба е, туку овој бе позади неа, овој, ама стварно, со која цел се мава? Дајте да се молиме да го фати грч пред настап и да не се појави час. Нели ви изгледа на вас како избеган од публиката и уште во џеповите да и бркне? Ако викнат некој нов за обезбедување час има да му се затрча да го фати и да го избаци од сцена :?:
     
  20. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.106
    Допаѓања:
    163.637
    Пол:
    Женски
    11-та ќе биде, еве тука ги има сите по ред :)