До сега првпат ги слушам песниве. На првото полуфинале не ги гледав. До сега оваа сега што е (Белоруската) ми е најдобра.
Оваа година Евровизија можам да кажам слободно дека е една голема КАТАСТРОФА. Порано ја чекав цело време, како ќе биде што ќе биде, али разочарана сум веќе, песните ужасни 2-3 дали ми се допаднаа. Ајде сега ние сме.
Ужас песни!!!!! само некни ми се допаднаа мноогу песната од Португалија и не влегоја во финале...сето останато е ужас и некни и еве денес овие што поминаа се ужас, нашава ми се допаѓа се надевам во финале
Нашата изведба ја замислував поинаку... Воопшто не ми се допадна сценскиот настап и костимографијата. Можело подобро. Не знам дали приметивте, гласот на Тијана се слушаше на делот при крајот кога два стиха испеа сама, онака јас само Тамара ја слушав
Друг пат не можеме песна да погодиме, кога ќе ја погодиме песната па кореографијата нема да биде како што треба... Ахх оваа моја чудесна земја.. Иначе песната ми е многу убава
Добро бре каков стил е ова плави менѓуши, а во црно облечена? Не ми се допадна, но од минатата песна т.е од лани со Есма и Лозано ова е за пофалба.
E ајде да ја пофалиме малку и нашава,добра беше. Инаку многу ми се допадна она како го направи македонското знаменце.Зошто сите песни се на англиски?
Не ми се допадна настапот воопшто. Разочарана сум оти песната е енергична, паечката здрвена. Сите другиве гледајте колку се разиграни, расположени. Па ни костумот што го носи не ми се допадна.
Убава песната македонска само настапот некако без ништо тијана тешко облечена изгледаше. Најавата преубава па и каналот ми се изгуби во моментот на нашата песна битно нет имаше
Песната уште од почетокот ми се допаѓа ептен,и е доста впевлива и убава за слушање.Сепак и ја мислам дека требаше сценскиот настап да биде некако повпечатлив,песната е брза и го дозволува тоа. Е иако не сум баш стручна,ама некако ми се чинеше Тијана како да губи воздух додека пееше,или сепак не? Како и да е песната ми е многу убава,а башка и што нема многу добри песни оваа година,верувам дека ќе се пласираме во финале. А и во финалето,ако не е многу застапена политиката,како секоја год,имаме шанса за добар пласман,ако не и најдобар оваа година!
Се согласувам за Тијана,песна енергична а на пејачкава глас не и се слушна.Ако приметивте на другиве песни после нејзе (Швајцарија,Грција) како се развесели публиката.Многу пасивен настап,малце бар да се потрудеа да бидат по енергични...
Чита ли некој tumblr? Секоја година следам пренос на #eurovision и се превртувам од смеење Најмногу коментари имаше за танчеров, creepy бил и изгледало дека има епилепсија. Ноктите и косата на Тијана најмногу се фалени Најкоментар: Where do we go now? Well, not to the finals, that's for sure!