Бев прилично сигурна дека ќе влеземе,ептен се изненадив. Мислам сериозно,Полска влезе? Онаа што переше алишта можеше и на шипка да заврти,градите цели надвор Инаку ова беше многу послабо полуфинале,монотоно и досадно. Грците имаа добро песниче,и Швајцарија ептен ме расположија со целото свое свиркање. Словенија,Малта и Романија дефинитивно беа полоши од нашата,ама тоа е,шта чеш.
Мене Евровизијава престана да ми биди интересна од ко почна да се меша полититка и од кога скоро сите земји почнаа да си пеат на Англиски. Па зарем не е Евровизија настан на кој земјите треба да си ја покажат својата култура? Јас сум обавезно, ама обавезно да се воведе секоја земја да си пее на својот јазик! Ова најсериозно. Можеби не ги разбиравме ко мали шо пеат, ама навистина беше поинтересна и позабавна Евровизијава, дефинитивно. И секако, да не заборавам, сум за наредната година да се направи некоја песна со фолклорни елементи, нешто од нашата култура, традиција и слично. Нешто како песниве на Каролина од Македонско девојче 1&2. Инаку за овогодинешнава Евровизија, искрено не пратев, онака само по рефрените ги слушнав и то. Нашава песна не беше нешто нај нај, мене ич не ми се свиѓаше, а не ми се свиѓаше ни кореографијата ни па костимографијата. Можеле барем во тој сегмент повеќе да се потрудат. Ајде, се надевам наредната година можеби ќе сме попаметни и ќе се откажиме од циркусов, а ако веќе се оди, си стојам на горекажаното.
Ја очекуваме Тамарче со статус до мизерните македончиња '"sega zadovolni ste a mizerni makedoncinja ? " Сепак штета што не влеговме
Па јас цело време кога викав ко демнач или ајдук што ти го краде новчаникот е Ме изненади Полска што влезе. Ама кога размислам, оној мек порн што идеше од двете страни на сцената им го заслужил гласот
Како бе Полска да влезе а Македонија не? Иначе вечерва и не беа нешто песните,фаворити ми се сеуште Унгарија(не можам да престанам да ја слушам,а и текстот е... ) , Велика Британија,а и Украина не е лоша..
Не сме во финале а? Јас не гледам евровизија, еве веќе неколку години избегнувам да гледам. Тамара не знам што толку ја преценија сите, мене ми е страшно многу антипатична и самобендисана личност. Ме нервира од самата појава. Кучка, па мизерни сме биле, срам да и е.
Tамара ја оправдувам донекаде со статусот од пред некоја ден . Таа е вистината ,се врѓате вие кои толку многу ве повредило тоа што таа го анпишала ,тоа што била искрена ? До пред некој момент се најдобро сите паѓаа у несвест од убавината на песната стајлинг и нз шо и ооооп наеднаш хејтерски коментари Абе ајде ... Спојлер Океј се работи за разни вкусови и мислења,секој има право на свое мислење ,како почитувам така и нека ме почитуваат но морам да си кажам ... Песната навистина беше добра немаа којзнае каков стајлинг и сценски настап ама па на ваква песна нз и каков сценски настап очекуваме ние дури па и стајлинг ,што фустанот на Каролина пред нз колку години поубав беше ? Или па на Есма м ? Искрено очекував дека ќе се пласираме во финале па дури и последно место да бевме но да бевме во финале ... мислам дека многу прсти се замешани околу евровизија,свесни сме и самите дека не е тоа што беше се е ДЕМОДЕ или веќе видено и слушнато Според мене Сеа наредниве денови очекувам коментари од Тамара да се брани и да зборува што како а Тијана да се прави како ништо да не било ... а што оваа беше ли којзнае што ? Абе многу им е галје си се прошетаа си кулиркаа се сликаа, многу галје дали флегле во финале или не ... Мислам дека и воопшто не треба да се учествува на Евровизија ,маа што јас знам нека се шетаат луѓето оти па да не
Епа, Полска цицки на мегдан нааа. Оваа нашата како була од глава до пета. Како уште не е јасно дека во поп ворлд секс продава? Како кога Елена истури и нога и газ и цицки на мегдан се пласира добро? Тоа се бара. Не теткица на која и поминал рокот на рафт
Meне баш ми се допадна песната и настапот, меѓу најдобрите бевме според мене оваа вечер. Се изнервирав, колку безвезални песни поминаа, Полска на пример, сериознооо? Иначе и мене ми се допадна Дримке, прејака ми беше исто и романската
Се повторуваат тие бабини деветини кои ни се чинат клише, КОЈ ВИСОКО ЛЕТА-НИСКО ПАЃА!! Многу се исфорсираа предвреме двете сестрици. Јас мислам дека Тамара е баксузот, толку е одвратна што уште стопати да ја пратиме таму, разочарани ќе се вратиме. Тијана без неа можеби и повеќе среќа ќе имаше. Како и да е беа много дрски, особено бек-вокалот „поп дивата„ Тамара, што ни глуми нешто што не е и се поистоветува со американските недопирливи певачици. Се согласувам дека немаше јака конкуренција и имаа реални шанси да влезат во финале, ама не може да има среќа некој што го критикува својот народ и го нарекува мизерен, а отишол таму истиот да го претстави. Ги бранеле боите на Македонија а? Значи боите на мизерните? Епа не оди тоа така, повеќе среќа наредниот пат, иако им препорачувам да се откажат и да не се обидуваат залудно. Сепак се прошетаа, сликнаа, јадење, пиење.. Мизерниот народ има вишок во буџетот, нема проблем, КУЧА ЧАСТИ што би рекла Тијана из Србије
Уште една разочарувачка епизода на Евровизија. Реално оваа вечер, немаше некоја впечатлива изведба, и очекував да се пласираме понатаму. И Малта, Полска, Норвешка, Австрија влегоа во финале, а Израел не?! А баш ми се допадна песната. Најмизерни ми беа Грузија. Може го претставуваа својот фолклор и култура, ама што знам, досадни ми беа за око. И дефинитивно треба задолжително секој претставник да пее на својот мајчин јазик!
Ајде Тамарче те чекаме да ја поздравиш мизерната, македонска нација :geek: Јас утре идам да ја чекам Тамарка на аеродром Мислам дека Грција ќе бидат меѓу први 3, ако не и 1. Хит имаат, ќе се врти цело лето низ Грекос И да додадам мое мислење на долгоочекуваниот топик во четврток вечер... Најдобар настап, претставник, впечаток, песна, постигна Елена, пример од кој треба да се учи. А доказ е и најдобриот пласман- 11 место. И сега откако некој се прошета 3 пати на Еуровизија, мисли дека треба да се откажеме.... Ма дај! Следна надеж за нас Македонците е Кајмакоски, според мене. Само да не го унаказат со песна и стајлинг како Тоше.
^^ Зошто некој би и' го заматил името? Мислам дека не е нејзин профилот... Ова го пишува на нејзиниот профил... Леле, колку ми се досадни со ова ВЕ САКАМЕ, АЈ ЛАВ ЈУ! (општо) Не е битно дали сме мизерни, битно не' сакате.
За мене очекувано беше да не влеземе во финале, затоа и не се ни потресував толку и воопшто не гледав.