За Австрија се знаеше дека ќе оди понатаму, нема да ме зачуди и повисок пласман, иако песната е просечна, бидејќи Евровизија е многу популарна кај LGBT популацијата, они се 90% од гласачите. Политика на страна, Евровизија е под големо влијание на оваа популација... Затоа и Грција секогаш влегува во финале.
Не очекував да влеземе во финале, иако песната и настапот беа доста добри за разлика од Полска, Грција, Романија, братучетката на Фифи итн. Битно се пресмеав кога почна песната на Грција, татко ми свртен, не гледа и вика: „Оо, Бог да го прости, кој умрел сега?“- мислеше дека сме свртеле каналот, и јас патос. Забегав од темата. Вторава вечер ми се допаднаа Словенија, Белорусија и помалку интересна ми беше на Швајцарија. И ми се допадна идејата како го направиле тоа со знамето на Македонија (тие на почеток пред песната што ги даваат), доста креативно.
Грција дефинитивно ми беше најдобрa.. а за Македонија не ни очекував да влезе со ваков сценски настап. Песната не беше лоша.. може и најдобра што сме ја имале али настапот дефинитивно беше меѓу најлошите.
http://www.telegraf.mk/zabava/estrada/1 ... -vo-finale Не разбирам зошто се лути женава и сестра и, кој им е крив сега што не влегле во финале? Нема кој, па ајде австриецот е крив оти бил жена со брада. Македонче си е македонче, се некој друг му е крив оти не го бивало, оти не успеало. Поидиотски изговор зашто не влегла во финале не можеше да смисли, и уопште не знам што им смета човеков, си има добра песна, си го гласаа, си влезе во финале. Многу ме неривраат некои вакви испади, брада да пуштела, ова да пуштела. И што беше со стајлингов на Тијана, као у тренерка нешто, шо и да беше тоа..
Не гледав, само во видео од 10 минути ги ислушав сите рефрени, песните која од која попоросечна..... па кога видов уште кои влегле вчера, значи травестити и полски ороспии владеат со овој фестивал, леле, дај да се повлечеме веќе еднаш, срамота е да учествуваме на вакви манифестации, ќе се согласам со Тијана и со Тамарчето овој пат... и онака никој не го гледа во Европа овој циркус, само ЛГБТ и иселениците.....
Значи толку да се нема идеја за добар сценски настап. Имаа предобра бина на располагање, позадина, избор на еден куп ефекти, холограми, а избрале оној по дуксер да трча како брлив и да мавта со раце, што комплетно го одзема вниманието насочено кон песната која беше просечна и барем заслужи финале. Освен песната, ни Тијана, ни Тамара, ни двајцата вокали, ни танчерот не личеа на ништо и не заслужија финале. Имаш бе жива песна, дај и енергија, шаренило, движење. Вака ништо. Плус испаѓањето дојде како мелем на повеќето Македонци од глупирањето и малограѓанските изјави од препотентните сестри, па не верувам дека некој посериозно жали за овој неуспех. Сергеј Ќетковиќ си испеа баш класична евровизиска песна со солидна сценографија и мислам дека голем дел од конзервативните Европејци ќе го поддржат и нема да е фер ако не се најде меѓу првите пет. Настапот на ТОА од Австрија треба да ни биде показател дека некогаш треба да се обидеме со таков лик кога веќе не можеме со просечни пејачи. Се гледа дека такви проаѓаат полесно, а такви ги имаме еден куп (Бојан, Фифи, Коста Бургов, Драганче Митрески, Гулабица, хармоникашот од пред ГТЦ... па ако треба и Ена Веко нека се реактивира). Можеше дури и Б. Павловска, која максимално ќе ги засенеше Пољакињите.
И официјално Хитлер не е повеќе најстрашниот Австриец... Сепак за Евровизија 2015,ќе ни треба ова и така тетки со бради,норвежани со приспивна песна,женски персони од јавни куќи важно се во финале...да да,далеку тера овој евровизиски циркус
јас мислам нареден пат да ги пратиме Нокаут- на сите им беа придружни вокали за Евровизија но никогаш не ги испративме како група. Замислете да одат Нокаут и да пеат некоја ваква песна и во позадина 3докторки https://www.youtube.com/watch?v=g6_OH7dCk3M Мислам дека е добра идеа к-15 да направат песна за Евровизија , барем ке ни биде забавно
Со Цацко,Миле Паника и Тошо Малеро 100% одиме во финале можи и со обработена верзија на нивната песна со текст: Шо мислеше шо мислеше кад се она беше... и само тие да си денцаат.... а како придружен вокал-секако Жаре е лекот
Зошто Раде го викате Жаре?? А да.... к-15 останаа неискористен материјал за Евровизија, ама па и не знаеме колку тие ќе беа спремни да си го ризикуваат јавниот имиџ и углед.... човек кога ќе се врати од Евровизија не е истиот во нашава држава, се и сешто ќе се изнаслуша и за Нокаут истото важи....
Од вторава вечер најмногу ми се допадна Швајцарија,Финска,Словенија и Австрија.Имаше многу убави песни :geek: Оваа евровизија некако посебна ми е.Немаше песна шо можев да кажам дека не е убава.Сега од овие две вечери фаворити баѓии имам.Први ми се Русија и Швајцарија и другите се редат натаму А од овие шо влеват дирекно Германија,Италија,Шпанија и Франција
Јас мислам наредната веќе ако праќаме некој нека биди или Ламбе или уба идеа е Нокаут, Ламбе 2-3 пати се обидваше чоеко да оди 2-3 пати не Евровизија, па нека го пуштат сега редно е.. Нокаут се интересни за таму, ќе згрми Пере на сцена со некоја позабавна песна
Не сакам Ламбе да оди -ќе се уплаши на Нокаут им е испробан теренот.... И ајде оваа година ние да си избереме кој ќе не претставува, нема потреба да враќаме иселеници... Еве јас мојот потпис го ставам за Нокаут Кој Е ЗА, Предлогот го ставам на гласање
Ма каков Жаре, каква Гулабица, Кајмакоски, Благица Павловска, Андријана Кеш, К-15... Нас Мајкл Џексон да стане од гроб, не ни помага. Едино некако цела Македонија да се реинкарнира во некоја друга држава, таму погоре, па некако ќе има смисла...
Аделина Тахири ќе ни биде одличен избор. Ќе се растресе и разигра на сцена, згодна е, ќе писне некој звук, добри пратечки да и одберат само, и најважно брза и лесна за слух песна на англиски. Минимум ќе ја достигне Елена и 11то најдобро наше место досега. Цела Европа ќе се растурат од гласање, дијаспора, 10ки и 12ки од Швајцарија, Албанија, Шведска, Германија, Австрија А оваа 2014 Грција ќе победат мислам.