Дефинитивно има голема конкуренција годинава. За мене победник е Србија дефинитивно врв,а како ке изгласаат земјите ке видиме... Имаше и многу здодевни песни Полска посебно. Италија е убава ама онака.
Тројцава мускетари...браво...не е чудно ако изненадат... Добро да ми објасни некој,Кончита е едно и друго или помеѓу едно и друго
Не ми фаќа уво песнава на Италија. Дури и глава ме заболе Албанката има добар глас, подобро испеја од полуфинале, ама не е за победник
Ааааиии се наежив, колку се само прекрасни Италијанциве леле... за ова вредеше да се чека цела вечер Перфекција од песна, текст, настап... а плус и они перфекција Рим 2016 и точка, и извичник! Одох ја да гласам
Aaa најубави беа.Кои гласови ги извадија бре ,па и италијанскиот јазик, абе душата ме сецна Шведска јака е и креативна и секси ,ама Италија во срцето,сакам тие да победат дефинитивно.
Не знам како сака да ја/го викаат? Литванците мене баш ме изненадија и многу ми се допаднаа, Италија исто башка што пеат на италијански..
Значи прекрасно, отпејаа предобро! Се гледа одма школуван глас, а не ко секој втор денеска што реши песна да прави. Од бљувотиниве и трарлалајкиве што ни се сервираат секојдневно заборавивме музика што е. Се наежив, уште мислам ми трае. За мене се победници, па како сака нека биде. Швеѓанецот стварно е добар и харизматичен, а победил или не песната ќе му стане летен хит обавезно. Албанкава многу подобро испеа за разлика од полуфиналната...и нејзината ќе си биде хит.
моите фаворити се сепак: Србија, Шведска, Русија па и Црна Гора. Што да правам, јас сум комунистичко (руско) дете Шведска ради типов и тој настап еуфоричен евровизијска права
Русинката беше прекрасна, ама Италија... ми идеше да станам да аплаудирам јас навивам за нив и искрено се надевам дека ќе победат. Шведска е одлична лесна песна и пејачот е шармантен, ама италијанскава...
И ова сакам да кажам,ако за некого е напишана песна тоа е дечкото од Белгија.Не би можела да го замислам да пее некоја друга.Италија ја престигна Русија на кладилниците.