Не ја гледав целосно евровизија како пред неколку години што гледав,бидејќи не ми е тоа тоа..Но од тоа што видов швеѓанецот стварно имаше и сценски и песната супер. А кога сум кај него не е мој тип,не ми е ништо посебно,ама насмевката му е прекрасна,сепак има нешто Видов тука Jared Leto и морам да се уфрлам.Како бе како Кончита леле,два различни света
@Bridget ова ти го памтам, да знаеш! Me изнасмеа и си ликував малку дека мажите кои мене ми се допаѓаат, остануваат непривлечни за останатите. Три пати ура за мене. Еве не знам, мене никогаш синоним за мажиште не ми бил кремец како Mariano di незнамкакобеше или оној Wiliam Levy. Сакам такви, со коси, со не знам што. Нека биде и Џони Деп, сеедно, ама за мене тоа е тип на маж кој би ми уловил внимание, а не кремче или бејби фејс како победников на Јуровижн. Тоа ми беше муабетот.
Феминки, срам да ви е. Што не кажувате за Швеѓанецов, па и јас да гледам Евровизија? Шала на страна, гледав. Од почеток, но заспав на гласањето. Веќе напишав дека фаворити ми беа Италија, Русија, а потоа и Шведска. Сосема заслужена победа на Шведска, од пејачот па до сценскиот настап се беше совршено.
Браво за Шведска. Оваа година обложувалниците не згрешија. Криво ми е што Естонија не се пласираше на повисоко место. Сепак, и 7-мо место не е малку. А за настапот на Русија немам зборови. Беше феноменален. Во полуфиналето, Македонија се пласирала на претпоследно 15-то место, со освоени 28 поени. Добила поени од: Србија - 12, Албанија - 10, Австралија - 3, Естонија - 2 и Молдавија - 1.
Годинава фаворит ми беше Италија, па се ежам на песната и на пеењето на IL VOLO. Сакав да победи, иако трите први места годинава се секако заслужени. Среќна сум што нешто нормално и убаво победи годинава
па чудак е, нормално дека е чудак! И никогаш нема да прифатам нешто што е чудно и ненормално за нормално, за да бидам во "тренд". Ненормални работи и се за критикување. Напротив, моето мислење е дека од вакви мислења како твоево светот оди во пропаст, го загубивме и стандардот и вредностите. Се велича и слави се чудно и настрано. Ама тоа јас го мислам и секогаш ќе го мислам
Не гледав Евровизија ниту Даниел кога пееше а ниту пак синоќа финалната вечер.На крај фатив само гласањето али џабе кога незнаев ниту една песна. Минатата недела Швеѓанецов беше гостин на Х фактор и тогаш го видов и ја чув песната и толку. Единствената песна што ја знаев освен нашите Есенски лисја Гледам синоќа победува Па не сум испуштила многу што него го слушнав ,он победи и крај на програмата Неможам да праам споредби на невидено и нечуено нешто друго но песничката на победников океј е ,а и он не е лош
Мислам дека победи сосема заслужено. Кој го следеше гласањето, знае колку скандираа и навиваа за Шведска така да уште од почеток се знаеше дека ќе биде во првите 3. Преубав сценски настап имаа, и песната е супер до душа малку потсеќа на другиве популарни песни али немаше песна што не наликуваше на некоја друга. Иначе мене многу ме бендиса песната на Естонија и колку што забележав немаше држава што не им даде по некој ситен бод. Освен Шведска и Естонија ми се допаднаа и Белгија, Германија и Италија. Оваа година фалеше Украина со преубавите песни секоја година што праќаа. П.С Далеку сме биле од финалето http://www.eurovision.tv/page/vienna-2015/about/semi-final-1
Сосем заслужена победа.И настапот и песната се преубави,а и дечково што пее.И се` заедно оди како убав спакуван пакет. Иначе од претходно се зборуваше дека ќе победи Шведска,ама мене искрено нивниот настап,споредено со неколкуте што ги гледав,најмногу ми се допадна и ми остави најголем впечаток. Мене исто преубави ми беа песните на Естонија и Србија.
Од секогаш сум ги поддржувала луѓето што јавно си признаваат дека се геј. Дека сега е тоа тренд не би рекла, само луѓето во Македонија се запознаваат со се што е различно од обичното. Педери од секогаш имало па и ќе има, мислам дека ниту ти ниту бил кој друг не може да го смени тој факт. Јас па мислам дека од вакви мислења како твоето не може да се просперира. Позз, да не се замеруваме секој си има право да си каже што му лежи на душа. Мене ни ме смета некој што е различен, ни го мразам.
Вчера победи песна која ја исполнува географската дисперзија на земји победнички. Лугево изгубија осет за добра песна ...
Многу сте ми интересни вака кога ќе одвалите една реченица, демек нешто филозофии, интелигенција фрчи од сите страни, јас сум паметен, вие сте глупи... Работава: Дојдов, кажав и сега вие мислете му ја. Ова твитерот ви ги испра мозоците, полека малку... Туку да си кажам јас за темава. Не гледав Евровизија, денеска ја слушнав победничката песна и ми се допаѓа. Заслужено си победиле. Одличен, уникатен сценски настап, одличен вокал, енергична песна, влегува во уво, заразна е, се гледа искуството, харизматичен пејач... Што повеќе од тоа? Цел пакет за победа. Гледам дека Италија нешто сте ја пофалиле, мене лично не ми се допаѓа, ништо посебно. Русија добар настап, меѓутоа не нешто премногу добра песна. Албанија површно. На Грција ја слушнав, чисто од љубопитност и ми се допадна. Балада е ама убава мелодија има. Само тие ги слушнав. Ние бевме под просек. Даниел има добар вокал, меѓутоа кога ќе се споредиме со останатите ние се губиме. Недостигаше повеќе енергија и подобар сценски настап. Недостигаше некаде во песната нешто што ќе направи бум. Во една линија почнува, во иста линија завршува. Ништо што ќе те крене.
таму гол стварно е педерастичен, не ми се допаѓа, фризот не му чини изгледа... не личи на него дури. А лајк за втората слика што да правам, јас сум фан на Путин
Значи претпоследно место сме биле? Омг Албанија ни дала 10, Србија 12. Од рускиве "браќа" како што многу милуваат да ги нарекуваат деновиве, компир. Од Австралија 3че, гласале нашиве од таму