Од оваа поише ми се сере и од Миланка. Не ја можам водителкава еј. Туку ептен ептен досадни песни. Молдавците ме размрдаа само, супер кореографија и кул песна.
Лелелелеле кога испадна нашава ваква верзија. Непрепознатлива е песнава. Првичната верзија најмногу ми се допаѓаше, а ова...
А што е со црнциве, како се вклопуваат? Зашто немаше некои девојки со круни од лисја, или само интимните делови со ливчиња покриени? Така сигурно ќе имавме шанса.
Го искритикував детето ама ете добро се претстави. И добро го облекле, првпат без драми многу, ама фино, ми се допадна.
Ма не е ниту барок ова, некоја шунд верзија на евтин неокласицизам. За да стане барок, треба уште многу фурни леб да изеде позадинава. Не беше лош, ама претходната верзија мене повеќе ми се допаѓаше.
A пратечките вокали од Даниел од каде се ? Иначе Даниел добар беше, ама македонската верзија повеќе ми се допаѓаше.
Мишела прости, ама не побудалеа со ова столбовиве и капииве се ми е барок више(знам дека неписмена искочив )
Да ја пееше првата верзија ќе беше подобро, што знам.... Но добро, сепак супер испеа, и тие одпозади не се мешаа многу у пеењето. Лајк.
Море јас мислев воа црнциве ќе удрат на некој рап па ќе ја упропастат песната, ама не беше лошо.. Се разликуваат двете верзии, јас малку ја имав слушнато кога го избраа да не претставува, ама оваа повеќе ми се свиѓа. Некако многу балади има, барем малку се издвоивме.
Не беше лош Даниел, ама само јас ли не ги слушнав црнциве? Некако ми фалеше шармот на првата верзија, повесела беше, му лежеше на Даниел. Сега се гледаше дека сака да заигра човекот, ама не можеше
Во споредба со другиве, супер е Даниел. Ништо посебно и помалку досадно, ама за мој вкус добро. За жал, не се бара сега тоа на евровизијава, мислам глоријан путенце да го пратевме прво место ќе освоевме ама ајде.
Ма не, не е до тебе, туку и овие кои го прокламираат т.н. барок, всушност не знаат дека барокот не е воопшто ова кое го гледаме, туку ни сервираат неокласицизам, а ни самите не знаат што е што и кој е кој. Да не навлегувам во оф-топик без потреба, со душа чекам да видам дали ќе влеземе во финале, мислам дека имаме материјал, ама се сомневам дека ќе бидеме еден од десетте (или колку и да се) финалисти.
Добар беше Даниел, повеќе би сакала да беше без пратечки вокали и на моменти осеќав како премногу да го напнува гласот, можеби од трема, си прави варијации имам приметено, не дека сум аналитичар лол, ама мене песната ме бендисува, се надевам ќе му донесе среќа и на нас де xD