Што е ова од мадр Раша? Не се сеќавам кога последен пат имам гледано ваков баш Евровизиски настап. Си најдов фаворит.
Ајде, ок беше Даниел, малце фалш ама нема врска, ќе простиме. Некако ниедна песна не ми остави впечаток до сега. Мене камерава ми е некако многу лоша. Посебно кај првите неколку песни, зумирањата им сецкаа цело време, агливе и кадриве ми се лошо поставени. Што знам, очекував нешто подобро
Даниел беше добар но македонската верзија подобро ќе му лежеше и ќе дадеше малку освежување све на англиски е
Добро испеа Даниел, има моќен глас тоа ми е неоспорно мене, амааа...многу дарк целава сцена и плус овие црнциве у позадина зададени, ептен на темно удри кореографијава. И таа црната лента напред, демек машна ли што ли, не ми се допадна, а ни мустаќот негов. Се на се, ок настап, не е лош дечкото...уште у финале да не внесе па да удриме некој ќеиф, а и он по некој занес Искучив телевизорот, ќе уклучам за резултатите... Се одвикнав од гледање на Евровизија, веќе неколку години наназад...
Мене песниве се некако познато ми звучат. Ништо не ми се издвојува до сега. Уште си го чекам фаворитот. Албанија кога е? Гледам сте ја фалеле песната погоре. На Даниел само гласот ми се допаѓа, како и секогаш.
Ви текнува на песнава? Епа дечкиве се од тој бенд. За Даниел батките прашувавте па да се вмешам. Јако а, мене ич не ми текна сеа прочитав на твитер. Инаку добар ми беше бе, кул облечен, убаво испеа, баш ми беше кјут. Немаше театри околку него, немаше пренамагање. Топ беше, наједноставено до сега што се имале, а едноставото е некогаш најдобро. И овие данциве се супер, баш се слатки сите цакум пакум, и песничето им е нешто ретро кул звук.
Јооој, Русија најдобри до сега. Ако политиката не вмеша прсти и овде, мора да влезат во финале. А, Даниел и дружина, типичен американски бој бенд во однос на кореографија. "Ѕуцкање" во место.
Аутфитот на Албанкава беше СОН! Тоа е тоа што го зборам, пресекси а сепак затворена доста и не вулгарна. И убава девојка. Едноставна убавина. Ама гласот и пукна на пола песна, која не беше лоша ама голем залак според мене беше за неа.
Јас секоја година следам Евровизија на tumblr и се газам од смеење Многу се ненормални Нашиов го викаат Castelo & his gang Не гледам Supernatural, ама стварно си личат со палтенцето